На прво место

Заев се наоѓа на врвот од октоподот

1 6

1 6

Заев се наоѓа на врвот од октоподот

Рекетот на власта е формално пријавен пред четири месеци, а изнудата на милиони евра, заканите и злоупотребата на институциите се јавна тајна многу подолго.

Од април Русковска располага со сите докази за инволвираноста на власта во рекетот, а досега се приведени само двајца извршители и никој друг.

Бојан Јовановски е повеќе од 30 дена во притвор и сеуште нема дадено исказ пред обвинител. Се чекаше са помине месец ипол по објавување на снимките од рекетирањето за Катица Јанева да биде повикана за да даде исказ. Очигледна е намерата да се сокриваат докази и одолговлекува истрагата.

Се сеќаваме на изјавите на Заев дека тој прв го имаше пријавено случајот „Рекет“ на Русковска, но дали има записник и зошто доколку не е тоа новинарите ги упатуваше сами да пријават, не се знае.

Заев се наоѓа на врвот од октоподот. Очите не заболеа од блескање во криминално-рекетарскиот октопод кој што го штити Зоран Заев.

Јанева е обвинителката која заедно со Боки 13 и Зоки Кичеец изнудувала пари од бизнисменот Орце Камчев, за потоа да каже дека и бил изгубен мобилниот телефон, кој подоцна форматиран беше пронајден кај девојката на нејзиниот син, која денеска во улога на сведок ќе ја замајува македонската јавност дека немала никаква врска со овој случај.

Знаеме дека рекетирани биле десетици бизнисмени од страна на криминалната мрежа, и биле земени десетици милиони евра, власта не запрела само кај Орце Камчев и за сето тоа бил информиран Зоран Заев.

Манипулацијата и вмешаноста на власта во работењето на судовите и постапките кои ги водат одредени обвинители е повеќе од јасна. Не се доволни правдавањата на Заев. Никој повеќе не верува во оваа власт. Тој има одговорност да си поднесе оставка, но нема храброст да се соочи со револтот на граѓаните кои ќе го казнат на следните парламентарни избори, затоа што никој не сака да живее во држава во која власта е на врвот од криминалната мрежа, во која организирано се рекетира и во која правдата е концепт кој  ги штити криминалците.

Предвремените парламентарни избори се нужност која што треба да се случи, порано или подоцна на Заев и на власта ќе им биде испорачана казната од граѓаните, обновата на Македонија ќе се случи кога Зоран Заев ќе си замине од власта.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top