На прво место

Кога си го бришете минатото си ја бришете иднината

miko

jason-miko2пишува: Џејсон Мико

Кога си го бришете минатото си ја бришете иднината

Првиот чекор за да уништите еден народ е да му го избришете сеќавањето. Уништете му ги книгите, културата, историјата… Набргу народот ќе заборави што е и што бил – Милан Кундера.

Најефикасниот начин да унишите народ е да го негирате и избришете неговото разбирање за неговата историја – Џорџ Орвел.

За да уништите еден народ првин мора да му ги исечете корените – Александар Солжењицин.

Минатото е избришано, бришењето се заборави, лагата стана вистина – Џорџ Орвел.

Владата на Зоран Заев, потоната во скандал од епски размери кој ќе ја собори, истовремено се обидува да ги избрише македонскиот идентитет, македонската историја, македонската традиција, македонската култура а, со тоа, и македонската иднина. Погоре наведените цитати од повеќе умни глави не потсетуваат дека не можете да имате иднина ако го бришете, заборавате, негирате и уништувате своето минато.

Кога Заев, неговиот министер за надворешни работи Никола Димитров и другите членови на владата го потпишаа таканаречениот „Преспански договор“ и го игнорираа гласот на граѓаните (со тоа што го игнорираа исходот од референдумот на 30 септември 2018 година) и потоа насила го протуркаа договорот низ Собранието (користејќи ги „балканските методи“ кои ги препорача еврокомесарот Јоханес Хан) тие се обврзаа да учествуваат во уништувањето на македонскиот идентитет.

Кус осврт на разните начини преку кои Заев го брише идентитетот:

– Како прво, еден опасен пристап кој добива на размери и интензитет, е во тоа што се повеќе медиуми, поединци од регионот и од светот, ги нарекуваат Македонците и сите нешта кои би требало да ги викаат просто „македонски“ со изразот „северномакедонски“. Веќе објавив список на овие примери, кој е неисцрпен, туку само дел од овие примери.

– Второ, на почетокот на август повеќе Македонци соопштија дека им биле дадени изводи од матичната книга на родените во кои придавката „македонски“ е заменета со знакот /////. Македонците беа природно разгневени од ова, а Владата на Заев набргу даде објаснување, инсистирајќи дека се работело за техничка грешка, и соопшти дека државјанството ќе биде означено како „Македонски/граѓанин на Република Северна Македонија“, израз кој е прецизиран во Преспанскиот договор како дефиниција на македонската националност. Но, настрана целата глупост на таканаречениот „Преспански договор“, да погледнеме што точно пишува во него – во членот 1(3)(б) се вели дека националноста на втората страна ќе биде „Македонски/граѓанин на Република Северна Македонија“ и така ќе биде наведена на сите патни документи. Јас колку што знам, изводот од матичната книга не е патен документ. Ваквата формулација се користи и на изводите за државјанство, кои исто така не се патни документи.

– Трето, нешто што се случува додека ги пишувам овие редови – Владата на Зоран Заев насила ги отстранува сите претставувања на Ѕвездата од Кутлеш од секое јавно место. Се работи за симбол кој е пронајден на древни културни артефакти и на предмети од секојдневието кои се користеле во минатото, и кој е откриван многупати, насекаде низ Македонија. Поради својата сеприсутност, овој симбол е прифатен од страна на Македонците како дел од македонската култура и наследство. А сепак, Владата на Зоран Заев го брише каде и да го најде низ Македонија, го уништува буквално со брусалки и друг алат, меѓу другото и од покривките на шахтите. Интересно е што на фотографиите до овие шахти може да се види и годината на производство, честопати 2004 или 2005 – години кога токму СДСМ беше на власт.

Ѕвездата од Кутлеш ќе биде вратена на плоштадите и јавните простори бидејќи таа им припаѓа на Македонците. Грците можат да се повикуваат на неа исто така (тие ја користат со поинаква шема на бои и стилови) бидејќи таа може да се пронајде и кај нив. Но засега, јавноста треба да биде охрабрувана да го користи овој симбол што е можно почесто, јавно и слободно. Всушност веќе се случуваат примери на отпор против оваа наредба и се повеќе Македонци, во Македонија и низ светот, го прифаќаат овој симбол.

– Четврто, да не заборавиме на македонските деца и и на младите кои одат во македонските училишта и кои одсега ќе треба да учат верзија на историјата која соодветствува на барањата на Грците и на Бугарите. Таканаречените историски комитети меѓу Македонија и Бугарија и меѓу Македонија и Грција работат на измени на македонските учебници, мапи, атласи, наставните планови… Повеќе пати пишував што може да се стори во врска со овој проблем.

– Петто, не заборавајте што е следниот дел од планот: имињата на компаниите, брендовите на производите, и многу други нешта кои се исклучиво сопственост на приватниот сектор – на компаниите, организациите, институциите, фондациите, невладините здруженија, и така натаму – сите тие ќе бидат изложени на притисок од страна на Владата на Зоран Заев да ги отстранат ознаките „произведено во Македонија“, „македонски производ“ па дури и адресите на кои стои, „Скопје, Македонија“. Освен, се разбира, ако падне Владата на Зоран Заев.

– Шесто, ми снемува простор да ги набројат сите отстапки кои ги бараа и ги добија Али Ахмети, ДУИ, Алијансата на Албанците, БЕСА и другите партии на Албанците од Македонија. Прочитајте ја таканаречената Тиранска платформа која со сета арогантност, намерно беше објавен на православниот Божиќ, 7 јануари 2017 година.

Од сето ова произлегува дека Заев се согласува со сите разни барања на Бугарите, Грците и Албанците и дека Заев навистина верува дека Македонија е измислица на Тито.

Последна мисла за неделава: Во 2018 година, кога се уште течеа „преговорите за името“, Никола Димитров му порача на грчкиот весник Катимерини дека „ние сме и ќе останеме Македонци“.

Но, да се биде Македонец не означува само некое апстрактно име без никаква содржина зад него. Тоа означува богата историја, култура, наследство, традиција, јазик, вера и многу многу други нешта. Не можете да го отстраните сето тоа што значи да се биде Македонец – целата таа историја, култура, наследство, традиција, јазик и вера, и да кажете дека сепак се уште се Македонец. Што значи да се биде „Македонец“ без сето тоа? А сепак Заев, Димитров и другите членови на нивната Влада се обидуваат да го редефинираат значењето на поимот Македонец и да му дадат некое друго значење – празна, издлабена форма без нејзините уникатни содржини.

Основниот план на Грците е да го спречат секое спомнување на македонскиот идентитет и да го избришат секој траг од овој идентитет. Основниот план на Бугарите е да ги натераат Македонците да признаат дека се „Бугари“. Генијалноста на двата овие плана е што најдоа волен и исполнителен квислинг – премиерот на Македонија Зоран Заев.

https://www.svest.mk/koga-si-go-brishete-minatoto-si-ja-brishete-idninata/

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top