На прво место

Одговорност мора да има, веднаш или потоа, но ќе ја има…

Колумна на Христијан Мицкоски, Претседателна ВМРО-ДПМНЕ за порталот МКД.МК

Го трчаме последниот круг од маратонот, целта е јасно видлива, да не ги повториме грешките од подалечното, но и од поблиското минато.

Нацијата е среќна…, блескаме…, го добивме новиот кандидат за министер за финансии, успешна личност, во зрели свои околу триесетина години и многу успешни потфати во минатото, со одлично лично портфолио, добро де тук-таму по некоја украдена идеја и сосема случајно се води во регистарот на МВР како сторител на кривично дело… Но, нацијата треба да биде спокојна, тука се поискусните, сега веќе двоецот Заев-Анѓушев ќе помогнат, секогаш кога треба да се потпише нешто, тие се тука да ја охрабрат новата ни министерка, да не се плаши, та нели блескаме, па да заблескаме со некој кредит и криминална одлука уште повеќе. 102,5% исти, ќе каже тогаш кандидатот за претседател пред првиот круг, па тогаш Зоран Заев свесен за дебаклот ќе најави онака одлучно, полн со лажна самодоверба пресврт, откако неговите политики доживуваат дебакл, а државата ја водат во бездна, операција „Метла”. Метлата го замете професорот (кој според многумина беше најслаб министер за финансии од независноста до денес), но затоа пак добивме кандидат за министер кој можеби е за некој процент повеќе од оние 102,5% сличен со двоецот Заев-Анѓушев. А ако има и минимална дилема, многу скоро ќе му стане јасно кога ќе треба да ги потпише оние 125 милиони евра заем, ребалансот на буџетот, потоа неколку нови задолжувања како што е проектот на принцот на политичкиот криминал во вредност од 500 милиони евра, па новата eврообврзница што се најавува кон крајот на оваа или почетокот на следната, новиот буџет… полека туркајќи ја Македонија кон грчко сценарио.

Разум нема кога стравот стапува на сцена. Страв од правдината. Свесни за криминалот, предавствата, корупцијата, срамот и распродажбата што ја прават веќе трета година по ред, обидувајќи да се спасат, исплашени, под притисок ќе тргуваат со сѐ што не е нивно, што е наше, на народот, на татковината… А вториот канал со кој ќе дејствуваат се поранешните удбашки инсталации и нивните слуги во десницата (но за ова ќе пишувам во некоја следна колумна).

Но, со правдината нема компромис. И добро е да знаат оние курири кои бараат прошка за нивните стопани. Нема прошка за криминалот без разлика од каде доаѓа сторителот и тоа за месеци од сега. Во првите 100 дена од новата влада ќе покажеме и докажеме пред нацијата пред граѓаните на Македонија дека нема компромис со криминалот, дека можеме и мораме подобро, а овој народ тоа го заслужува. А слугите и квислинзите на оние удбашки инсталации треба да знаат дека нема трговија со криминалот за политички цели како што напиша Димитров неодамна, туку одговорност пред законите и Уставот.

Но, одговорност мора да има, веднаш или потоа, но ќе ја има. А кога одговорноста доаѓа по своето, е тогаш исто како што хорски повикуваат на одговорност, така хорски негираат и веднаш се закануваат со тужби, демек тоа биле лажни вести. Но стравот од правдата е силен и во паника се прават грешки, па така Зоран Заев се заканува кон новинарите со тужба и ја повикува Русковска да ја потврди автентичноста на документот, а таа пак некоординирана со стопанот неколку часа претходно ја потврдува автентичноста. И сега дечки quo vadis? Дали сега или за неколку месеци од сега, одговорност мора да има. Од целата оваа крими трилер сапуница ќе произлезат неколку легитимни прашања на кои јавноста очекува да слушне одговор, бидејќи се работи за јавен интерес.

Имено, доколку е автентичен записникот од сведочењето, а Русковска потврди дека е точен, зошто овие политички моќници од СДСМ не беа повикани да дадат исказ? Зошто Јовевски на прес конференција кажа дека нема политичари кои се споменуваат во овој случај? Како и на кој начин се финансирани правните лица сопственост на обвинетите и доколку се констатира дека биле финансирани со средства обезбедени на криминален начин ќе се констатира ли нематеријална добивка на водството на СДСМ кое деноноќно беседеше во едно од правните лица, убедувајќи нѐ дека блескаме? Дали од сето наведено во записниците од сведочењата, единствен криминал е троседот или софата? Одговор на овие прашања нема да добие јавноста, но затоа помалку мистично ќе почне да се шири една приказна за еден г(к)радоначалник од Полошкиот упс пардон, Пелагонискиот регион, од редовите на СДСМ. Тој бил мераклија од сопартијците да побара паричка за вработување, потоа приказната оди за состанокот што го имал со еден сопартиец кој одлучил да плати за работно место, па како пликото полно со пари било потпишано од Заев и конечно како Заев му се јавил на тој г(к)радоначалник и онака помалку шеретски го поздравил градоначалникот, демек знаел што прави. На прашањето, и што понатаму? Одговорот е само што не го уапсиле, ама не е само тој. Ги има неколку такви. Јасно ми е кој ја води државата и како, но и да е точна оваа мистична приказна за тој или тие г(к)радоначалници, уште колку дена граѓаните на тие општини ќе бидат жртви на мистиката, наместо закон и правдина веднаш.

Да се потсетиме на 30 септември 2018 година, кога се уриваа гинисови рекорди, но и закони на физиката, а со цел да се легитимира најголемата неправда врз македонскиот народ, македонските граѓани и Република Македонија во поновата историја. Горно Свиларе излезеност 91% – изборно место 2.455, Ласкарци излезеност 91% – изборно место 2.447/1, Арнакија 93% – изборно место 2.450, Радуша 96% – изборно место 2.458/1 и уште многу други кои пред, но и на изборите по референдумот не поминувале праг поголем од 45-50% излезеност. Се поставува прашањето дали јавното обвинителство се позанимава со овие случувања и дали тука гледа основа во пријавата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за нерегуларности во процесот на референдумското изјаснување или можеби се заинтересираа од јавното обвинителство како е можно во општина Центар Жупа на изборното место 0563 помеѓу 18:30 и 19 часот, брзината на гласање да биде за неверојатни, спротивни на физиката 5,4 секунди за еден гласач? Дали можеби интегрираното гранично управување може да даде одговор на оваа дилема? Дали тие гласачи навистина биле присутни во своите општини тој ден и дали навистина гласале или нешто друго се случувало? Доколку одговорот е негативен, тогаш можете да разберете зошто Македонците се чувствуваат како граѓани од втор ред во Македонија, затоа што нема правда и затоа што правдата, законите и Уставот се злоупотребени од актуелната политичка елита за политички цели. Но добрата вест е што не забораваме, а месеци нѐ делат од правдината и неселективното спроведување на законите и Уставот.

Да се потсетиме и на 30 ноември 2018 година, кога Јовески лично призна на прес конференција дека почнувајќи од 30 септември 2016 година до тој ден, денот на прес конференцијата, 30 ноември 2018 година, сите дојдовни и појдовни разговори, водени на фиксен телефон биле снимани и чувани на два хард диска. Основното јавно обвинителство, вишото и републичкото обвинителство биле снимани, а тогаш Јовески помалку срамежливо ќе обзнани дека ќе отворат предистрага за случајот и дека јавноста ќе била информирана. Осми месец од тој ден изминува ниту трага, ниту глас слушнавме од Јовески за овој случај, но ако се земе предвид при анализата дека на 30 септември таа 2016 година и на 30 ноември 2018 година министер во МВР е истиот човек, Оливер Спасовски, тогаш може лесно да се даде одговор како предвидливо ќе се затвори предистрагата.

Заклучокот е јасен – ниту правда ќе има, ниту правдина ќе завладее, кожата можеби ја преоблекоа времено, но карактерот не. Го трчаме последниот круг од маратонот, целта е јасно видлива, да не ги повториме грешките од подалечното, но и од поблиското минато. Целосно го разбирам вашиот револт и желбата за крај на оваа политичка каста. Но, истовремено мора секогаш покрај емоцијата, навигацијата да ни биде и рациото кое се темели на реалноста. Да се обидеме да ги игнорираме удбашките крикови кои имаат единствена цел да го продолжат политичкиот век на оваа политичка каста. Да бидеме мудри и да чекориме сигурно, заедно сите, обединети кон новото утро за Македонија, за нас, за нашите соседи кои заминаа, но и за нашите деца кои тоа го очекуваат од нас…, тоа оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ го должи.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Најнови вести

To top