На прво место

Со опструирање, со забошотување и развлекување на истрагите, Заев само добива на време

43 ден откако е притворен Бојан Јовановски и сеуште нема дадено исказ пред Јавното обвинителство како првоосомничен за случајот „Рекет“.

Заев и власта се очајни во обидите да го заташкаат целиот случај и да прикриваат вмешаност на останати функционери и обвинители.

Поголем доказ за паниката на власта од притисокот кој што го вршат секојдневно врз медиумите нема. До скоро за Заев демократијата на едно општество зависеше од слободата на говор и медиумите. Tој велеше дека медиумите треба да работат ослободени од какви било притисоци, и да ги информираат граѓаните без цензура, a сега истото одеднаш не важи кога се обелоденува нешто што на власта не и одговара.

Русковска и Јовевски да сакаа да ја забрзаат истрагата до сега ќе беа повикани сите вмешани во случајот чии имиња се спомнуваа цели четири месеци откако е обелоденет овој скандалозен случај. Напротив, Јовевски ја негираше вмешаноста на политичари во рекетот, но гледаме дека Заев ги предупредил обвинетите.

Со опструирање, со забошотување и развлекување на истрагите, Заев само добива на време.

До пред три години власта ветуваше владеење на правото и нулта толеранција за корупцијата. Судството не само што не се исчисти туку се затрупа во криминалите на октоподот.

Јавното обвинителство во овој состав не може да понуди професионалност и објективност затоа што оддалеку се гледа нивниот обид да ја амнестираат на секој начин вмешаноста на функционерите на власта во криминалните шеми на октоподот. Картите се на маса и се отворени. до каде се Коки, Кики, Фрики и Шеки да бидат прашани од Русковска за што им служеше меѓународниот сојуз и нивната вмешаност во криминалните шеми?

Зошто Вилма Русковска ги заштитува функционерите на власта, и од што се плаши Љубомир Јовевски?

На граѓаните, но и на евроамбасадорите од меѓународната заедница им е јасно дека целиот случај се претвори во телевизиско шоу, каде оние кои што треба да го гонат криминалот на власта, се ставиле во негова заштита или пак се дел од криминалната банда.

На рекетарската банда ќе и дојде крајот, а тогаш одговорноста ќе биде нужна и рекетарите и сите помагачи ќе одговараат и никој нема да застане на патот на правдата, затоа што само преку обелоденување на вистината и одговорност може да се надеваме на обнова на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top