На прво место

Димитриевски: Доста беше, јас за ова ниту се борев ниту пак режим рушев, вие да грабате на сите страни

maksim-dimitrovski

maksim-dimitrovski

Димитриевски: Доста беше, јас за ова ниту се борев ниту пак режим рушев, вие да грабате на сите страни

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски се огласи преку „Фејсбук“:

Уморен сум веќе од нарачани текстови и интригашења од луѓе кои ај што абер си немаат од работата, не растурија и девалвираа по сите основи, освен за сликање и сплеткарање за друго не ги бива, и по некое евро на портали да тутнат и порачки да си прават.

– Сега прочитав текст за наводна моја вмешаност во експлоатација на песок во сепарацијата на Шупљи Камен.
Инспекторката Лидија нити сум ја видел ниту пак ја знам, ако мислите на Бобан да генерација ми беше и ако погрешил нека одговара, но дефинитивно општината нема никаква врска ниту пак надлежност во делот на експлоатација на песок.
Освен што знам и со мои очи сум видел дека реката Пчиња на таа локација поради енормен ископ е претворена во Дунав а на други места во моментов личи на поток, знам и дека концесијата експресно се даде од страна на Водостопанство и управниот одбор на фирма која секојдневно експлоатира песок во огромни количини.

До мене пристигнале голем број на поплаки од граѓани и правни лица но за жал без надлежност секогаш беа препратени во МВР и Водостопанство.

– Мене бизнисот не ме интересира, тоа е надлежност на државата, но дефинитивно БАРАМ ОДГОВОРНОСТ за несреќниот случај во кој минатата недела едно момче го изгуби својот живот токму на таа локација каде што се врши неконтролиран ископ на песок или како што поединци велат уредување на речното корито.

За Телма дадов објективна изјава зад која што стојам до последен збор, тоа што надлежните молчат е дополнителен простор за шпекулации.

Дно дна сте поединци, јас за оваа ниту се борев ниту пак режим рушев, вие да грабате на сите страни и воедно да се правите Орлеанки а преку платени текстови да жигосувате други, направивте конгломерат на безрбетници кој многу брзо заедно со истомислениците ќе го скршам и демонтирам во корен.

Нема сегмент од живеењето во кој што не пуштивте корен, епа ДОСТА БЕШЕ!

Искрено немам време за вашите интриги и сценарија, имам и премногу работа во Куманово со битни работи кои не засегаат сите.

– Да не заборавам да прашам, оваа е локацијата каде што се вади песокот, чив е багеров? Дали е на Водостопанство и ако е, што бара тука?

https://balkan.mk/2019/08/27/dimitrievski-dosta-beshe-jas-za-ovaa-nitu-se-borev-nitu-pak-rezhim-rushev-vie-da-grabate-na-site-strani/

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top