На прво место

Комунизмот е мртов, а вие?

 Страшо Ангеловски

КОЛУМНА НА АНГЕЛОВСКИ:Комунизмот е мртов, а вие?

Патувајќи кон еден од најубавите македонски предели, пиринскиот, прочитав графит кој беше директно прашање за оние кои уште ни ги поткопуваат државите, графит краток и јасен – “Комунизмот е мртов, а вие?“

Ова ме потсети на оние кои деновиве се јавуваат со изјави во врска со државно-криминалната операција “Рекет“, во обид да ја извитоперат вистината и да ни ја продадат лагата како реалност. Тоа се луѓе кои ги замрзнале сопствените умови во времето од далечната 1945-та, свесни дека на тогашните удбашки злосторства им должат се што постигнале во животот. На злосторствата што ги извршиле нивните татковци и дедовци. Свесни дека злосторството со кое беше ликвидиран Ченто, злосторството со кое беа ладнокрвно убиени петмината струмички студенти, грозоморното злосторство кога со токмак во глава беа ликвидирани пеесетмината велешани, злосторството од скопското Кале, се нивната влезница во живот со власт, богатство и привилегии. Влезница во повеќе од седумдесетгодишното битисување на цели семејства, од генерација во генерација, во светот на предавствата, измамите, злосторствата, омразата кон Македонија и се македонско.

Па така, еден од нив ќе се обиде да ве убеди дека целта на објавувањето на овој државно криминален чин била, замислете, да се поткопа угледот на актуелната власт; друг ќе рече дека целта била да се уништи СЈО; третиот го крева на повисоко рамниште, па ве убедува дека крајната цел била да се спречи добивањето датум за преговори; за некој, конечно, посочувајќи го порталот во кој бил објавен исказот за “Рекет“, срамежливо да ја најави и руската вмешаност.

И, навистина би било смешно, доколку не е удбашки монструозно. Истите конструкции, лаги и измами како во 45-та. Ами, зарем треба некој да го поткопува угледот на актуелната власт, доколку таа самата не го прави тоа со учество во операцијата “Рекет“? Зарем треба некој да го уништува СЈО доколку тоа не го прави токму првиот човек на тоа СЈО рекетирајќи бизнисмени и политичари? Зарем треба некој да го спречува добивањето на датумот за преговори доколку тоа не го прави актуелната власт и правосудниот систем со криминалната спрега во операцијата “Рекет“? И, на крајот, зарем навистина мислите дека е потребна “руска врска“ за да се откријат криминали тешки милиони и милиони евра?

Но, од умови заробени во сопственото удбашко минато и не можете да очекувате нешто повеќе. Затоа и го поставив прашањето во насловот на текстов – „Комунизмот е мртов, а вие?“

Е, сега, следејќи ги сите овие случувања, неминовно се поставува прашањето зошто ќе мора да се бара поништување на договорот од Преспа?

Во моментов, во државава имаме три категории на граѓани во однос на овој договор. Првата категорија се големото мнозинство на граѓани кои ниту го прифатија, ниту го прифаќаат, ниту ќе го прифатат овој договор, со право сметајќи го за антицивилизациски и уништувачки за Република Македонија и македонскиот народ.

Втората категорија се оние партиски послушници на СДСМ кои или навистина се убедени во исправноста на овој договор, со што си ја навредуваат сопствената интелигенција, или ја гледаат неговата суштина, но го поддржуваат заради свои лични интереси, со што ги навредуваат сопствените предци и се она што постоело пред нив.

Третата категорија се оние граѓани кои надевајќи се дека евентуалниот влез во НАТО и во Европската Унија би го подобрил животот за нив и за нивните деца, што е сосема човечки и оправдано, поверуваа во лагите дека промената на името и бришењето на македонското постоење, се единствениот услов за тоа. Токму таа категорија граѓани е онаа која мора да сфати дека измамничка била реториката на актуелната власт и дека токму таа и таква власт учествувала во промената на името заради свои лични интереси (можеби изразени во милиони евра), а не заради интересите на граѓаните и државата. Ќе мора да сфати дека потпишувањето на договорот не се случило заради НАТО и ЕУ перспективите, колку и да се и самите тие сомнителни, туку за да се ограбат државата и нејзините граѓани. Како поинаку да се протолкува ситуацијата кога таа власт, преку политичко-правосудно-криминалната операција “Рекет“ бесрамно ги поткопува сите можности за државава и за нејзините граѓани и ги затвора сите подотворени вратички за нејзин брз напредок. Таа категорија граѓани, осознаена за она што како измама им го продаде актуелната власт, ќе мора да ни се придружи во барањата за поништување на антицивилизацискиот преспански договор. Таа категорија граѓани ќе мора да ни се придружи и во уривањето на оваа антимакедонска власт, како прв чекор кон повторно отворање на вратите за брз напредок на Република Македонија и нејзините граѓани.

Кога кон сето ова ќе се додаде и докажаното нелегитимно и незаконски формирано парламентарно мнозинство, со што и Владата формирана од тоа мнозинство ја добива својата нелегитимност, барањето за поништување на Преспанскиот договор ќе ја добие својата целовитост бидејќи договорот е потпишан од нелегитимни претставници на државата Република Македонија.

Затоа, кога правото, она домашното, но и меѓународното, ќе го заземе своето место наместо злосторничките двојни стандарди кои, за жал, го владеат светот, македонскиот народ ќе си дојде по своето. По правото и правдата за себе и, по одговорноста и казната за сите домашни и меѓународни учесници во антицивилизациското злосторство против Република Македонија и македонскиот народ.

И тогаш, ќе ги запрашаме – “двојните стандарди се мртви, а вие“?

(авторот е претседател на МААК)

https://denesen.mk/kolumna-na-angelovski-komunizmot-e-mrtov-a-vie/

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top