На прво место

Среќен роденден почесен Претседателе на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски!

69505486 742492726220683 5343278824798814208 n

69505486 742492726220683 5343278824798814208 n

Денес на неговиот роденден, македонските граѓани со гордост се сеќаваат на најуспешниот премиер во историјата на самостојна Република Македонија и неговите дела, и заради тоа се неизмерно благодарни. Уверени сме дека тој, Никола Груевски секогаш работи и ќе работи за интересите на Македонија и македонскиот народ каде и да е.

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ПРЕТСЕДАТЕЛЕ, ДА СИ ЖИВ И ЗДРАВ И ДОЛГОВЕЧЕН. НАСКОРО СЕ ГЛЕДАМЕ ВО ТАТКОВИНАТА!

Никола Груевски 11 години беше премиер на Р.Македонија и ги постигна најдобрите резултати.

Под негово раководство како премиер на Владата на Македонија, успешно ги надминуваше предизвиците и земјата чекореше напред, додека економската криза го тресеше светот. Македонија стана огромно градилиште, беа донесени странски инвестиции, се отворија 170.000 нови работни места и невработеноста се смали на рекордно ниско ниво.

Никола Груевски беше премиер на РМ со најголем рејтинг меѓу народот, стана непремостива пречка за центрите на моќ.

Тие, за да ја разнишаат поддршката и за да ја скршат вољата на македонскиот народ, започнаа специјална војна за дискредитација на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Со помош на петтата колона и Соросовите невладини организации, преку Пржинските договори го натераа најуспешниот премиер од осамостојувањето на земјата да се повлече од премиерската функција и го спречија да формира влада, иако ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите во 2016.

Свесни за популарноста на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, продолжувајќи со интриги и дискредитации на центрите на моќ од разни страни испраќаа пораки во кои се бараше од Никола Груевски да си даде оставка од лидерското место на партијата.

На поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, секојдневно му се закажуваа судски процеси за политички монтирани случаи, со цел негово оцрнување, а со тоа оцрнување и на ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски исто како Драган Богдановски требаше да се отстрани од политичката сцена во Македонија.

Она што инсталираната марионетска власт му го правеше на Груевски е антимакедонски чин.

Многу скоро на предвремени или редовни парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот ќе победи, а после победата ќе дојде ден кога истите тие кои што го осудија Никола Груевски и работеа за разнебитување на ВМРО-ДПМНЕ, ќе одговараат пред Македонско независно судство и пред судот на ВМРО.

Жестоките и ниски удари кои ни се случуваат и денес, се само уште еден силен мотив за ВМРО-ДПМНЕ уште поодлучно да ги збие своите редови.

ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е народот.

ВМРО-ДПМНЕ на чело со Претседателот Христијан Мицкоски е партија со огромен потенцијал, која ќе го најде излезот од соостојбата во која е втурната и ќе ги одбрани интересите на македонскиот народ.

Христијан Мицкоски да продолжи со истото темпо за да на следните предвремени или редовни парламентарни избори, биде исчистена и излечена земјата од оваа Заевистичка болест. За таа цел потребно е на луѓето што се заблудени поради простотилок или незнаење, како и на оние кои поради лошотија и расипаност ја подржуваат сегашната власт да им се објасни кон каде злото на Заевистите ја туркаат земјата.

Секојдневно сме сведоци како неспособноста на оваа власт промовира лаги, манипулации и неколку месечни скандали за криминал и корупција.

Штетата која ја нанесе оваа владина гарнитура е ненадоместлива. Затоа ова лудило ќе запре со победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори.

Македонскиот народ кој го издражал римското владеење, византискиот притисок, османлиското ропство, балканската тиранија, никогаш нема да се помири со оние кои му го одземаат името, јазикот, идентитетот и природниот стремеж да биде стопан во својата куќа.

Продолжуваме уште пообединети, посплотени, поединствени!

Никогаш Северна, само Македонија!

АМИН!

Манојил Мане Јаковлески

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top