На прво место

Општина Центар ја укина целодневната настава во петтите одделенија

opstina-centar

opstina-centar

Ние родителите на учениците во ООУ Димитар Миладинов во општина Центар сакаме да ве информираме, а со тоа и да го изразиме нашиот револт кој го предизвика општина Центар со укинување на целодневната настава во петтите одделенија под изговор дека немало средства за плата на една наставничка.

Без никаква дебата и соочување на аргументите за и против, општината одлучи да ја укине целодневната настава за петтите одделенија.

Имено станува збор за следното, на почетокот на оваа година почнаа да се шират гласини дека ќе се укинува оваа учебна година (2019-2020) целодневната настава во петтите одделенија во општина Центар.

На сите наши инсистирања за одговор по ова прашање бевме разубедувани дека такво нешто не е множно и да си молчиме бидејќи да не им текнело од општина Центар да направат такво нешто. До сега секоја година се обидуваат да ја укинат, а ние родителите секоја година сме наоѓале врски кои можеле да влијаат врз општината за да ја продолжиме целодневната настава во интерес на образованието и воспитанието на нашите деца.

Но, оваа година не ни успеа, немаме “фаци” во училиштето кои ќе најдат начин да побараат од општината да си најде пари за плата на една наставничка од каде знае и умее. На пример, може да скрати од непродуктивните трошоци.   

Па пред самиот почеток на учебната година учениците од ОOУ Димитар Миладинов од општина Центар се информирани дека целодневната настава во петто одделение се укинува од причина што училиштето нема доволно наставен кадар кој би ја изведувал наставата, бидејќи дел од наставниците се префрлени во новото училиште во Капиштец.

Ставот на родителите на Совет на родители е дека сите деца во петто одделение треба да останат во целодневна настава (за ова имавме 3 анкети досега и неколку состаноци со училиштето и општината). И покрај тоа, информирани сме дека целодневната настава во петто одделение се укинува. 

Родителите го оценуваат за неприфатливо ваквото непочитување на условите под кои се запишале децата во прво одделение и непочитување на потребите на децата за образование и воспитание, што ќе влијае и на квалитетот на образовниот процес во целост. 

Во услови на низок наталитет во општината и се помалку првачиња во училиштата во општина Центар, слаби оцени за квалитетот на образованието во Македонија од страна на меѓународните организации и се послабите резултати учениците на ПИСА тестовите, секое загрозување на квалитетот на образованието е неприфатливо и неосновано. Плус на тоа би додале и за лошите оценки за нашето образование, посебно фактот дека нашите деца имаат значително помалку часови настава од други (понормални) земји (Извештај на UNICEF “By the age of 14, students in primary education receive nearly 900 hours less instruction than the OECD average. Short learning time in schools limits the breadth and depth of study and the scope to pursue additional support classes”). На таков извештај “некој” решава дополнително да намали од времето кое е исполнето со наставни содржини („згрижување“ не е настава), наместо да зголеми во сите други училишта по нашиот пример (не само во општина Центар). Уште повеќе што како причина е наведена неможноста на општината да финансира 1 наставник (6.000 – 7.000 евра на годишно ниво).

Родителите на учениците во ООУ Димитар Миладинов изразија и спремност за организирање на донаторски активности за обезбедување на потребните средства за ангажирање на наставник.  

Апелираме општина Центар да се грижи за потребите на своите граѓани, а пред се за најмладите, подеднакво во сите училишта.

Го поздравуваме отварањето на новото училиште во општина Центар, но тоа не треба да биде на сметка на одлевање на искусен и квалитетен кадар од постојните училишта, туку со вработување и развој на нови кадри.

ООУ Димитар Миладинов има долга и успешна традиција во спроведување на целодневна настава во континуитет од повеќе од 40 години и важи за едно од најдобрите основни училишта во Македонија и тоа треба така да остане.

Се надеваме на разбирање, соработка и успешен старт на новата учебна година.

Родители при ООУ Димитар Миладинов, општина Центар

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top