На прво место

Cogito, ergo sum

„Мислам, затоа и постојам“ е познатата Декартова парадигма која говори за коренот на кој што почива западната современа филозофија.

На нејзините постулати, е изградена целата космологија која ја стави индивидуата на пиедесталот на планетарните случувања и достигнувања. Целата научна и световна цивилизациска мисла, со векови, од темниот среден век до денеска, се стреми кон издигнување на универзалноста на неотуѓивите права на индивидуата, која по своја волја, управувањето со својата судбина го испреплете со судбините на другите индивидуи, кои своеволно или самоопределни ја организираа својата посебност во создавањето на нациите и националните држави.

Многупати сум пишувала, дека една од најголемите придобивки на Француската револуција од 1789 година е секако вековниот стремеж со кој се уриваше апсолутизмот и конечно оваа победа, натопена со човечка крв и многу страдања, по Првата светска војна стана реалност, благодарение на визионерството и идеализмот на американскиот претседател Томас Вудроу Вилсон во 1919 година. Иако е јасно дека целата човекова цивилизација, својот развој не го должи на колективниот раст, ами на брилијантноста и саможртвата на генијални поединци кои со својата работа ги воделе низ историските циклуси побавните, понеталентираните и поакомодираните, сепак финално, општо прифатените правила на игра, се привилегија на сите и секое едно човечко битие, денес ги ужива нејзините придобивки.

Затоа е сосема извесно зошто Македонското прашање, кое по којзнае кој пат во историјата е ставено во состојба на комплетно затворање, или поточно кажано, бришење, предизвикува толкав револт и толкава огорченост кај Македонскиот народ, но и кај сите оние кои не ги контаминирала оваа глобалистичка завера.

Доколку се држиме до основите, кои јасно ја покажуваат основата да бидеме загрижени, дотолку повеќе сите оние кои пробуваат на сила или со негирање да го изместат фокусот на размислување, претставуваат сериозен општествен канцер, кој во состојба на комплетна апатија, ги контаминира сите здрави спони на македонското општество. Токму затоа, комодитетот со кој ненародната власт така слободно преминува покрај бесконечната пранк глупавост на инсталираниот премиер, на криминалот и корупцијата со која се служат неговите најблиски соработници, на јавниот криминал во судството, каде цените за притвор достигнуваат милионски суми, на јавната корумпирана проституција со јавните добра и услуги се неоспорен доказ дека сме ја поминале критичната точка на вриење и дека доколку не се извојуваат предвремени парламентарни избори, мошне е извесно дека следната етапа ќе доведе до јавен канибализам, нешто што Зоран Заев го најавуваше уште во времето кога ни неговите сопартијци не сонуваа дека е возможно на крајот да успее да ја запоседне власта.

Затоа не е лошо да се потсетиме, со каква изборна програма излезе актуелнава власт на последните парламентарни избори?

– Кои беа нивните програмски определби и со каква реторика настапија за да ги убедат тие што ги поддржаа дека е потребна промената на власта. Во време на инстант решенија, инстант политичари и инстант декласирање на сѐ што не е според вкусот на теророт и корупцијата, отворањето на оваа дилема ќе значи многу за сите оние кои искрено веруваат дека една од најважните задачи на една свесна индивидуа е токму зачувувањето на темелните вредности врз кои е изградена современата македонска национална држава во 1944 година.

И уште едно клучно прашање, кое говори многу за подготвеноста и за зрелоста на македонското општество, а се однесува на внатрешното чувство кај секој еден од нас. Прашањето дали навистина некој до сега почувстува подобрување во било која смисла, по „големата победа“ на овие неранимајковци? – Дали се чувстувате посигурни, послободни, побогати и најважно, дали сте среќни со ова решение?

– Дали сите постапки и сето неправо кое го применија, сиот овој чемер и јад, беа вредни да им се даде можност да бидат удостоени со толкаво трпение?

– Дали се запрашувате како пред очи ни ги изместија сите приказни и со кои средства ги принудија сите соучесници во велепредавството на нацијата, да бидат статистика во нелегитимните дејствија кои ги сторија?

– Дали верувате, дека со неправо се доаѓа до правда и дека доколку ја наведнеме сите толку ниско главата, нема да ни се распрска челото од македонската земја која ечи и јачи од овој ненароден, одроден и бескичмен сој?

Дузина на други прашања, се редат и не само што не држат ноќе без сон, туку и предизвикуваат толкава мачнина, што е навистина дегутантно да се дрзне некој и да ги одрече или пак да се потруди да најде оправдание за сите овие зла. Токму затоа, силно верувам дека победата над овој мрак ќе биде извесна само преку индивидуалното освестување на македонските граѓани.

Следниот народен бунт, ќе биде моќниот и неоспорен отпор кој ќе ја изрази народната волја против велепредавството на националните и на државните интереси. Во оваа битка нема седење на две столчиња, нема простор за суета и за лична корист, ова е битка за највисоките национални и државни интереси и истата мора да биде беспрекорна и во интерес на државотворниот македонски народ и на сите македонски граѓани кои сакаат нормален и достоинствен живот.

Секој друг аргумент, не е вреден за дискусија и нема простор во овие услови да биде прифатен како корисен. Парадигмата на македонското проклетство, искажана во филмската реплика на великанот Шишков: Чија песна ќе ја пееме, нашата или вашата? – Денес е повторно главната тема околу која секој од нас ќе треба длабоко да се замисли…

Иванка Василевска, Универзитетски професор (11 септември 2019) 

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top