На прво место

Пандов: Убедливо најпознат ,,свиркач” во Република Македонија е Зоран Верушевски

Александар Пандов: Корнење од корен на криминалци и мафијаши од секое дупче на Македонското општество е патриотска должност и национален интерес

Убедливо најпознат „свиркач“ во Република Македонија е Зоран Верушевски и неговите многу помалку познати асистенти, Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски. Свиркачката слава ја стекнаа прв пат во 2001 година со аферата „Големото уво“ со која му овозможија на тогашниот лидер на СДС и прв помеѓу опозиционерите, Бранко Црвенковски да излезе на прес конференција и да чита стенограмски разговори помеѓу новинари.

Самиот скандал предизвика огромна политичка криза, а за кратко време започнаа и терористичките операции на УЧК/ОНА во кумановскиот, а нешто подоцна и тетовскиот регион. Тогашниот премиер Љубчо Георгиевски беше принуден во мај 2001 да прифати формирање на техничка влада што подразбираше давање на четри министерски места на СДС (одбрана Владо Бучковски и надворешни Илинка Митрева). На крај фактурата на целата афера Македонија ја чинеше седумдесетина загинати Македонци од безбедносните сили, претпоставувам неколку пати поголем е бројот на загинати борци од другата страна. За жал загинати и со трајни последици имаше и меѓу цивилното население од двете страни. Разрушени беа огромен број на домови, а колку знам и ден денес има раселено население. Околу 700 милиони евра колку што го продадовме Македонскиот Телеком ги спичкавме по хеликоптери, авиони, хермелини, куршуми и „жабици“. Капак на на сето тоа, четрите најголеми партии претставени од политичките лидери го потпишаа Охридскиот рамковен договор, со сите негови подоцнежни штетни последици по политичкото живеење на Македонија. За свиркачиве немаше никаква истрага иако јавна тајна беше дека се они, а со доаѓање на власт на Бранко на 15 септември 2002 година, беа унапредени и тоа Верушевски беше испратен во амбасадата во Рим, а двајцава во МВР.

Втор пат за тројкава слушнавме 2015 година со аферата „Пуч“. По писмено сведочење на Sвонко дознавме дека тој и Ѓорѓи „свиркале“ од МВР телефонски разговори, од броеви кои претходно Верушевски им ги давал како нарачки. За сето тоа добивале и паричен надоместок. „Професорот“ како го нарекува Заев во нивната писмена кореспонденција, му ги дава разговорите на Заев, а истите тој ги објавува на пресови како „бомби“. Како нивна последица го добивме договорот од Пржино, Катица и СЈО, со чија пак помош беше соборен од власт ВМРО, а инсталирана марионетската квинслишка власт на Зоран Заев и СДС. Заради комоција во спроведување на неговата предавничка агенда, СЈО и Катица сега помогнати и од обвинителството на Јовевски и Рускоска, го држеше и држи ВМРО, но и секој опозиционер, новинар, слободномислечки човек, под постојан „артилериски оган“, од различен калибар, почнувајќи од срамни обвинувања за искажан или напишан збор и секојденевно малтретирање по судови, до притвори кои траат над година дена, а врвот беше за случувањата од 27 април.

Под диригентска палка на Заев, а во изведба на Рускоска/Кацарска, патриотите добија над два века политичка робија! Политичката цена која ја плаќа Македонија се губење на уставното име, својата историја и идентитет. Економската е заминување на граѓаните и празнење на Македонија како во неа да има не дај боже најкрвава граѓанска војна или некоја заразна болест. Тројцава свиркачи, факт на почеток беа во блага немилост, но со доаѓање на власт на Заев, Верушевски веднаш беше назначен за негов личен советник за безбедност, а Ѓорѓи и Sвонко повторно се унапредени во МВР.

Да не излезе имам нешо против па не сум го спомнал, ама уште на сите ваљда ни свири во уши од свиркањето на САД амбасадорот за дневниците во ДИК.

Заев, СДС и нивните медиумски тарабанти направија се граѓаните во Македонија да ги уверат дека свиркањето се „исплати“. Од тука со негов речник кажано, педерски е да го гледаме самиот Заев, како проблем му било од каде имале информации Героски, Мицкоски и Инфомакс, за неговата рекетарската мрежа, во која се вмешани како по мафијашки учебник: извршната, законодавната и судската власт и изнудени се од бизнисмени милиони и милиони евра. Слушам во најава имало и сведочења на пратеници со кои се докажува дека заевава мафијашко-рекетарска мрежа не била користена само за изнуда на пари, туку и за политички цели преку гласања во парламентот, да се фалсикува вољата на народот. Ако од корен корнење на овие криминалци и мафијаши од секое дупче на Македонското општество со помош на свиркачи не е патриотска должност и национален интерес, тогаш јас не знам што е.

#СвиркајтеСиСвиркачи“

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top