На прво место

Политичка номенклатура

Goce Markov
Goce MarkovГоце Марков-колумнист, Македонец и Човек
Политичка номенклатура
Несовршенството на природните елементи по распоред и големина во нашите животи е само почеток на денот!
Нашите позиции во споредба со хармоничната врска на хемиските елементи е само одбивање на една реалност која секојдневно се преклопува со нашите доблести и маани!
Кој курбан ќе даде на село, кој ќе ибрише две – три плунки спроти ветер, и свршил работа, купил стан во центар а го користи како хотел?!
Ама сетики се брои во МВР како жител, а бре ајде!
Секоја вечер , навечер џогинг, и по пижами!?
И додека тракторот ќе го бучи таткото, синот ќе се занимава со манекенство, а повремено ќе има и хоби за професија!Да не ве лаже перото на авторот, треба да знаете дека новинарството стана само цена за материјална егзистенција а не материјализација на некои нови и скриени вистини. Се околу нас е костимографија, се е резултат на осмислен профит и провизии а со Каузата тркачите си избришаа мрсул…до толку!
За корупцијата и да не говорам, таа стана прирок!
Тој Западот ви ја е… Мајката!И родената и Државата!
Видела жабата потковица и помислила дека е Пепелашка!?
Видела козата ѕвонец и помислила дека се наоѓа во Швајцарија!?
Се заменивме со сопружниците, си купивме брзи и бесни коли наместо време со жените.Си купија сопругите држава и не заменија со работно време…прва, втора, трета смена?
Ручекот на работа, доручек на работа, вечера ако се видат, и се така…
Историјата е тука, ја пишуваме ние и е наука емпириска, а географијата се браздите на челото, партијата наместо жена и илјадниците непроспиени ноќи, прочешлани списоци и храброст во одлуките и одлуките на храброст!
Станавме робови на третата страна, жена ми вели имаш швалерка а јас само Дизелот го точам на три дена!
Западот ве изеде а ќе ве јаде и понатаму…капиталистички робови на туѓото азно.Вие само плаќајте кредити!
Комшијата ми вели, го исплатил кредитот а неговиот шеф на држава завчера зел 68 милиони кредит…и никако да разбере!?
Бегањето од одлуки, бегањето од новата реалност е бегање од Новото и е одлика на оние луѓе кои остареле и кои се на работ од политичко опстојување! Желбата на Народот е чесност а во денешни рамки само претовар! Не може радиоактивно озрачени еднинки со профит и делба на кеш да симулираат симултанка со професионалци!
За Вас драги мои имам Порака: Има само една Вистина, а тоа е информацијата!
Џабе ви силни милиони кога хемисферите ви останале во втората половина од минатиот век!
Знаењето е моќ која е индивидуална а кој како ќе ја искористи е прашање на избор, волја и моментум.Повеќе насоки на паралелни случувања создаваат нов Млечен пат на политичка субституција.Тоа нема да го разберат странците а ниту богатите старци од спонзорската ложа.Тоа новиот лик на општеството и новиот чекор.. кој ќе се качи на возот арно а кој не, уште подобро.
Западот секако ќе ве изеде и Вас и Вашите скриени погледи!
Живееме во постојано брзање и под огромен притисок на дневните обврски наметнати од систем кој не е наш а ќе биде.
Сите сложно и постојано и континуирано, или на рати опстојуваме… Дочекавме време на наместени планети, наместени тендери, наместени абортуси, наместена иднина, сменето минато, разобличен умови а ,,другари” по повик, по крв и по несмасна политичка номенклатура. Се гушиме за 02 а не излегуваме од возило, го бараме хипоксично како милост од жена, како понудена млада доилка во темна уличка, како девица, како силувана држава!

Најново од: На прво место

Музиката гради мостови меѓу Македонија и Кина – ФМУ потпиша Меморандум за соработка со Xiamen Institute of Technology

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка и одржувањето на заедничкиот концерт „Музиката нè поврзува“, се отвораат нови перспективи за академска, уметничка и културна соработка меѓу Македонија и Народна Република Кина. Факултетот за музичка уметност – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и Xiamen Institute of Technology (XIT) од Народна Република Кина потпишаа […]

Промоција на капиталното научно дело „Лексикон на македонскиот фолклор“

Во понеделник, 30 ноември 2026 година, во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, ќе бидат презентирани резултатите од капиталниот научноистражувачки проект „Лексикон на македонскиот фолклор“ – значајно дело за зачувување и афирмација на македонското духовно и материјално културно наследство. ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил […]

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

To top