На прво место

Кате кој за кого, јас за тебе

pandov1

pandov1Александар Пандов

Кате кој за кого, јас за тебе. Се возам денес со велосипед низ Градски парк, преубав есенски ден. Срамежливо листопадните растенија се бојат во есенски бои, почнувајќи од жолта, портокалова до ферари црвена и сето тоа облеано со зраците на Македонското сонце. Млади парови фатени за раце ги изнеле своите кутренца на прошетка, а џагор од дечиња растрчани низ паркот од сите страни, идила. Разни птици чрчорат и го играат последниот танц на Македонското небо, пред нивното заминување во јужните краишта. Убавина и позитивна енергија од сите страни и искрено да ти кажам стварно глупо беше човек на ваков ден да не излезе надвор и да прошета!

Кате, така раздраган лаганица тргнат накај дома, поминувам покрај тениско и викам ај ќе влезам да пијам кафица, додека уште има вакво убаво сонце надвор да го зграпчам денот до крај. Не знам што ми требаше. Влегувам и што да видам, шок. На самиот влез, од лева страна, ставиле витрина со Рекети и не треба да ти пишувам дека моментално ми текна на тебе. Седнувам веќе со тешко срце, кога од сите страни ми се размафтуваат со Рекети. Ми носат кратко еспресо, во тацната наместо обично пластично лажиче за шеќер, тие па ми ставиле Рекетче. Да ти кажам ми преседна и кафе и се.

Во секој момент кога пред очи ми се појавуваше Рекет, во глава ја имав оваа слика од тебе, каде скршена, понижена, со поглед од кои се гледа дека сите битки во животот ги имаш изгубено, со наведната глава и лисици на рацете те спроведуваат кај Рускоска на испрашување. Точно е, зборот Рекет и на Ден Дончев потсеќа, но ти Кате за мене секогаш ќе останеш Рекет број еден, а Ден Рекет број 2.

Кога сме веќе кај Рекетите, морам да ти признам, другар ти Боки Тредичи, ваков бил, та педер бил, што би рекол Заев, али ете баш таков никаков, некако многу поженствено се држи од тебе, барем пред камера. Фризура, цвик, се. А и со изборот на Сашо Дуковски за адвокат, ми стои многу поспремен и решен за борба, од тебе со Фрчковска. Ти види се на што личиш, како однапред да се имаш предадено и кренато раце од сама себе. Никако, ама никако немој да дозволиш на крајот да остане дека кај вас двајца завршуваат сите пари, кога сите знаат дека половината ја земал Боки со кои те подмирувал тебе и ,,бардовите” во 1ТВ, а другата половина од пленот ја давал на Заев и СДС. Катице да не биде не ти било кажано

П.С. Си направив ФБ пејџ (Александар Пандов на кирилица) и писмава меѓудругото на нејзе ќе ти ги пишувам. Немој да заборавиш ???? да ставиш на страната

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top