Србов: Кој ја стави Македонија во група со Албанија? Жртва ќе биде само нашата држава која скапо ќе ги плаќа погрешните политики и договори
-За потсетување, ВМРО ДПМНЕ со време алармираше за овој катастрофален чекор на македонските власти, но тогаш бевме обвинети дека зборуваме за научна фантастика и дека со таа реакција некого “дискриминираме”. Што би се рекло, нашата желба за интеграција во ЕУ за некој била дискриминаторска и… да не употребам потежог збор кој ни беше упатен, вели Србов и додава:
„Кој го кочи сега прогресот на Република Македонија кон Европската Унија, дали е тоа ВМРО ДПМНЕ која алармираше со време за последиците од вештачкото групирање со Албанија или власта која, од само нејзе познати причини, го става на коцка напредокот на еден цел народ?
Во оваа борба за своите стратешки позиции и пријатели жртва ќе биде само Македонија која скапо ќе ги плаќа погрешните политики и договори“.