На прво место

Никола Груевски- Нека е вечен празникот и нека е вечна Македонија!

10154138 10152287897462716 1487046294 n

nikola 1Никола Груевски

Нека е честит и вечен празникот 11 Октомври, денот од далечната 1941 година, кој симболично го означува почетокот на отпорот против фашизмот и Народноослободителната борба во Македонија, која резултираше со триумф на 2-ри август 1944 година со втемелувањето на државноста во форма на Република, во рамките на Југословенската федерација.

Периодот на партизанската епопеја по кој Македонија и Македонците го реализираа својот вековен стремеж и сон на многу претходни генерации борци и жртви за слободата на Македонија.

Во ова време на брутално и бескомпромисно негирање и прогласување за фалсификат на постоењето на македонскиот јазик, нација и особено посебноста како народ различен од бугарскиот пред 1944 година, денешниот наш празник од нашиот источен сосед за жал не само што се интерпретира поинаку, туку во духот на договорот за пријателство, се бара 11 Октомври да го означува почетокот на граѓанската војна помеѓу двете идеолошко спротиставени страни на бугарското население во Македонија, а кои по војната со сила и терор биле помакедончени.

Да се надеваме дека овој период на опседнатост со нас Македонците и со нашата историја ќе заврши што побрзо и двете држави заеднички, а не само Македонија, ќе се свртиме кон иднината и соработката, без меѓусебни негирања и навреди. Во контекст на таа посебност на Македонците токму од нашиот источен сосед и пред 1944 година, во продолжение прочитајте една кратка статија.

Статијата е издадена во еден од четирите најголеми весници во Франција во тоа време ,,Л Матан” на 11 јуни 1923 година, два дена по воениот удар во Бугарија на кој се приклучила и ВМРО на Тодор Александров.
Тоа е три дена пред свирепата ликвидација на дотогашниот бугарски премиер Стамболиски од страна на скопскиот војвода Величко Вељанов Чичето и неговата чета. На местото на Стамболиски кого го сметале како нивни осведочен непријател и премиер чија влада отворено работела на уништување на ВМРО и нормализирање на односите на Бугарија со Југославија, доаѓа новиот премиер Цанков.

Погледнете само колку пати во само една страна македонците се наречени “Македонци”, Тодор Александров е наречен водачот на Македонците, а ВМРО на Тодор Александров е наречена ,,македонска партија” и погледнете против кого и за што и како ги нарекуваат кога бунтувале во Софија (,,…Македонците кои што навлегле во Софија пукале на полициската станица…”) и.т.н.

Контраст на придавките во статијата ,,Македонци и македонско” употребени за едните во овој краток текст каде доволно јасно е нагласена македонската посебност, се зборовите на пример на новиот премиер Цанков за бугарскиот народ, кој негира “бугарска мобилизација….”, или фразите во текстот “бугарски традиции”, ,,асоцијаца на бугарски интелектуалци” итн.

Се вели и дека ,,во струмичката котлина оваа организација оформила еден вид мала независна држава” а во друг дел и дека ,,…кон средината на март македонците ги завзеле Ќустендил и едно српско село….”.

Статијата објавена во овој угледен француски дневен весник е дел од вториот том на проектот на владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а спроведен преку Државниот Архив на Македонија, чии втор од четири планирани томови по долго одлагање излезе од печат неодамна, редактиран од Др. Теон Џинго.

Нелогично е во 1923 година, 18 години пред 11 Октомври 1941 година, во Франција македонците во Бугарија да ги разграничуваат од Бугарите како посебни, а Македонците во Вардарска Македонија под српска власт, сите или најголем дел да биле Бугари на 11 Октомври 1941 година, како што тврди денешната политика на нашиот источен сосед.

Нека е вечен празникот и нека е вечна Македонија!

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top