На прво место

Христијан Мицкоски-Честит 11 Октомври

Hristijan

HristijanХристијан Мицкоски

Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честитам државниот празник, Денот на народното востание, 11-ти Октомври.

На овој голем ден македонскиот народ се крена во борба против фашизмот и ја продолжи борбата за македонска држава на илинденците и на цела една плејада нивни претходници. Целта на востаниците кој се кренааа против фашистичкиот окупатор беше остварување на вековниот стремеж за создавање на независна и суверена, Република Македонија. Ова беше голема победа за нашиот народ, но и придонес за слободата во Европа.

Жртвата на оние кои се кренаа против неправдите нека ни биде пример дека борбата за Македонија никогаш не завршува и дека секоја генерација има својата битка.

Денес Македонија е притисната од нови предизвици, тешко секојдневие и несигурност. Сиромаштијата и корупцијата ја загрозуваат иднината, а лошото здравство, уништеното земјоделие, недостиг на реформите, иселувањето го разјадуваат нашето општество. Ова се работите кои сите заедно мораме да ги смениме, да ја донесеме обновата и да градиме иднина, да ги споделуваме европските вредности и да се избориме за европската перспектива на Република Македонија.

И да не заборавиме 11 Откомври е пример за Македонскиот непокор. Аманетот кој овие херои ни го оставија мора да го почитуваме и чуваме, продолжувајќи ја нивната мисла и дело.

Честит 11 Октомври

Најново од: На прво место

Професор Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмат Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ со водителот Илија Влков, Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун […]

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Најнови вести

To top