На прво место

Мицкоски: Повикувам на средба на државниот врв, изборите се логично решение, во меѓувреме потребни се итни реформи

Мицкоски: Повикувам на средба на државниот врв, изборите се логично решение, во меѓувреме потребни се итни реформи

Недобивањето на датум за избори е лоша и непосакувана вест за Македонија. Треба да бидеме свесни дека државата влегува во разочарување и сето ова е последица на погрешните политики водени во последните неколку години, истакна во денешното обраќање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Ќе се согласам дека ваквата одлука за недобивање датум е пораз, но тоа не е пораз на македонскиот народ и граѓаните на Македонија, тоа е пораз на политиките на Зоран Заев и оваа власт. Тоа е политика без концепт, без визија, со многу криминал, корупција, арамилук, неработа и измами. Оправдано се добива чувството кај граѓаните дека таа политика не втурна во бесконечен круг на многу откажувања, многу отстапки, себепорекнувања, подголтнувања, за да на крајот сето ова да заврши со неуспех. Македонија има пријатели во Европа, а Европската Унија продолжува да биде наша стратешка цел, и мора да се биде самокритичен и да се признае дека нема датум за отпочнување на преговори затоа што нема реформи. Затоа што народот живее тешко и нема друга држава каде криминалот царува со системот. Имаме систем во распаѓање и власт која што не испорачува правда туку е заштитник на неправдата, вели Мицкоски.

Тој посочи дека ја разбира разочараноста која се јавува кај голем број од граѓаните на нашата држава, и ова не е последица на само една погрешна одлука на Зоран Заев и оваа влада, туку перманентно погрешни одлуки на кои укажувавме и апелиравме да не се прават, а тие своеглаво продолжија да управуваат кон ѕидот кој се испречува пред нас.

-Тој ѕид не е направен од тули созидани од Европа за нас, туку ѕид составен од погрешни одлуки и политики на оваа Влада предводена од Зоран Заев. Не смееме ова разочарување да го храниме со други штетни одлуки. На народот му е преку глава од политиканство и надмудрување помеѓу партиите. И немам намера да кажувам колку сме биле во право кога викавме да не се прават авантури на власта кои не внесуваат во самооткажувања, штетни процеси, договори и амнестирања на скандали и афери. Кога ги рушеа преговарачките позиции на земјава стекнати со години и генерации политичари, за да можат да се одржат на власт и да си го амнестираат криминалот од минатото. И кога велев да не им веруваме кога не убедуваа дека Заев ќе омекнувал срца на европски политичари и кога тврдеа за референдумот лани дека бил за ЕУ, а не за името, за лажните ветувања и лажните надежи за живот, разно разните рекети, крвави тендери, криминални иновации, сето тоа го испорачува сега цехот, времето покажува дека сме во право тоа што го говоревме, но сите ние немаме ништо од тоа, штетата веќе е направена. Затоа ќе ми дозволите малку да зборувам за иднината. Ќе бидам многу искрен и отворен, јас немам намера понатаму да влегувам во игра на покажување на показалецот и докажувања за тоа кој е крив, а кој бил во право, или да отпочнам некоја си битка за лов на виновници. Исто како што не ни треба маскирање на неуспехот. Не е време за тоа, а на народот му е се јасно и се гледа. Нашиот народ вели секое лошо за добро да е. А, јас безусловно и бесконечно верувам во македонскиот народ и граѓаните на Македонија., нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, во животот секогаш има избор, и ова не е крајот, туку почеток на промените кои мора да се случат. Треба да излеземе посилни и помудри од секој еден неуспех. Македонија е европска земја, а Европската Унија е наша заедничка цел.

-И покрај големата разочарност, сакам да испратам порака дека нема време за губење и Македонија го нема повеќе луксузот да загуби ниту еден ден, ниту еден час повеќе. Нема време ниту за оние помалку чудни анализи за душата, срцето и петата, и други вакви комични испади, ниту пак за некои други дежурни адвокати на Заев кои се мешаат во туѓите дворови. Ова е наша земја, а тука граѓаните се главни. Оваа власт ќе биде заменета и ќе потоне во заборав и тоа е секому му е јасно. Народот бара и посакува предвремени парламентарни избори, исто како и јас, тоа е единствено логично и посакувано решение за да се надмине кризата и оваа повеќе неодржлива ситуација. Колку и да се противи власта избори ќе дојдат, а со тоа доаѓа и политичкиот крај на Зоран Заев. Во тој меѓу период потребни се реформи. Коренети и брзи реформи, кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи план во најкус можен период консултирајќи ги експертите и употребувајќи ги сите свои капацитети кои што ги има на располагање. Овие реформи треба да ги спроведе влада, составена од силни индивидуи, со богато лично, стручно портфолио кој ќе го дадат својот максимум служејќи и на државата. Време е за мудри, логични и одлучни одлуки. Повикувам на средба на државниот врв на која ќе се диксутира за сето ова, а пред се за иднината на Македонија. А, Македонија е пред крупни одлуки кои ќе донесат промени и има иднина за која сите заедно ќе се избориме бидејќи доаѓа обновата. Изборите се важни, но не по секоја цена да се дојде на власт, туку се потребни за да покажеме на светот но и кај разочараните кои ги разбирам совршено дека можеме подобро, можеме поинаку и дека има надеж, Македонија ќе успее, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски го повика македонскиот народ и граѓаните на Македонија да ја кренат главата гордо високо, бидејќи секогаш во тешки времиња се пркосни и мудри.

-Верувајте во себе, верувајте во Македонија. И верувајте во промените кои што ќе дојдат, им порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

https://kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-povikuvam-na-sredba-na-drzavniot-vrv-izborite-se-logichno-reshenie-vo-megjuvreme-potrebni-se-itni-reformi/

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top