На прво место

Заев призна дека политиките на СДСМ ја водат Македонија во погрешна насока

Hristijan

Hristijan

Заев призна дека политиките на СДСМ ја водат Македонија во погрешна насока

Да почекаме до утрешниот ден да видиме да не се премисли Заев затоа што знаете таму работите се менуваат преку ден, преку ноќ, преку секој час така што да почекаме до утрешниот ден до лидерската средба да го слушнеме предлогот на Зоран Заев да видиме што мислеше под тоа кога кажа предвремени парламентарни, брзи предвремени парламентарни избори за да можеме потоа да дадеме одговор, да видиме дали продолжува  да манипулира со граѓаните и сака да ги крши законите или ќе дозволи еден фер изборен процес  за да можат граѓаните да го дадат својот суд дали навистина блескаме  или ќе го блесне судот на народот него и СДСМ. Така да ја сум среќен што конечно после овие 22 месеца речиси откако како претседател на ВМРО-ДПМНЕ велам дека  политиката којашто ја предводи Зоран Заев, владата на Македонија, политиките коишто ги предводат СДСМ и ДУИ се погрешни, ја водат Македонија во погрешна насока, денеска и самите тие самокритични беа и признаа дека е време за промени во Македонија, време  да победи обновата и време конечно да им се стави крај на оние политичари кои со лаги и измами, со нереализирани ветувања, со неисполнети очекувања ги користи привилегиите во владата на Македонија. Доаѓа тој ден и сите ве повикувам заедно масовно тој ден да излеземе и да им ја испорачаме казната којашто за нив следува, а тоа е да бидат во опозиција, а потоа одговорност од првиот до последниот.

74581714 545999226174908 3035833170013454336 n

Пред да дојдам во Гостивар бев гостин на едно радио и ми поставуваа прашања за владеење на правото, за корупцијата и криминалот . Во време кога веќе трета година принцот на корупцијата и криминалот Зоран Заев е претседател на владата во Република Македонија ние зборуваме за некои минати завршени времиња, но ако и затоа сум подготвен да зборувам  и еве овде пред гостиварчани  ќе го повторам  тоа што го кажав на емисијата: „Секој оној којшто како политичар ја добил довербата од граѓаните, излегол, ветувал, се обврзувал, а не исполнил, не само што не исполнил  туку почнал да дејствува коруптивно, криминално, секој момент којшто се засрамил пред граѓаните со своето однесување, ќе сноси одговорност без разлика од која политичка партија доаѓа, дали е тоа ВМРО-ДПМНЕ, дали е тоа СДСМ, дали е ДУИ, дали е Алијансата или било кој, доста и е на Македонија и на граѓаните на Македонија од ваков тип на политики“.

Но, ќе отвориме да видиме и не само политичарите  туку и сите останати ќе видиме како е тоа возможно обвинители и судии да располагаат со богатство коешто располагаат . ќе отвориме да видиме како е тоа возможно  обвинители, судии, денеска да имаат неброен број станови, викендици, апартмани, да видиме како бизнисмените во транзицијата го пљачкосуваа народот и луѓето ги оставија на улица и стотици илјади наши сограѓани денеска имаат потежок живот поради таа транзиција, поради тоа што е нечесно и нечестито.

Ќе предложиме уставни измени, економскиот криминал да не застарува, економскиот криминал да нема век на траење, секој којшто го направил да одговара.

Ќе предложиме и ќе побараме во новата влада којашто ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ поддршка  од сите политички партии и тоа ќе биде основа за формирање на идната влада, не ВМРО-ДПМНЕ, не СДСМ, не ДУИ, не Алијанса, не политичките партии, туку народот на избори да си го бира јавниот обвинител, народот д одлучи кој ќе биде јавен обвинител, а тој да биде обврзан пред народот  да гони и прогонува секој којшто сторил криминал.

Доста е компромиси во политиката, доста е со политички памфлети. Овој народ е уморен  од политиканство. На овој народ му треба засукување ракави и многу работа. Доста е филозофии, доста е бесцелни прес конференции, доста е лаги, доста е шарени  измами. На овој народ му требаат честити луѓе, политичари коишто тоа што ќе го ветат  тоа и ќе го исполнат. Затоа апелирам до политичарите  во оваа предизборна кампања нека не ветуваат тоа што не можат да исполнат. Нека не го до разочаруваат народот дополнително  бидејќи народот  и сега ни е разочаран. Ги полнат автобусите, полни се пероните, полни се двата аеродроми  со луѓе коишто трајно ја напуштаат Македонија. И овде во Гостивар и во Тетово и во Струмица и во Штип и во Гевгелија и во Кавадарци  и во Охрид и во Скопје народот си оди затоа што  нема надеж, затоа што преку глава  му е од политичари коишто лажат, а потоа кога ќе добијат доверба крадат. На овој народ  му требаат честити луѓе, луѓе со визија, луѓе коишто знаат и сакаат  да направат од Македонија модерна европска држава каде што ќе се почитува и правото, законите и Уставот. Ако ги почитуваме и правото, законите и Уставот  ќе има повеќе инвестиции, ќе има повеќе пари во буџетот, ќе  има повеќе пари и за образованието, ќе им повеќе пари и за полицијата и за здравството, ќе има поголеми пензии, ќе има повеќе субвенции за земјоделците, но, услов број еден.

Почитувани Гостиварчани, браќа и сестри ВМРО-ДПМНЕ е за почитување на законите и Уставот за да можат инвеститорите да дојдат и да бидат  безбедни во нивните  инвестиции.

Тоа е она што им треба на граѓаните. Доста е адвокатите на премиерот  да даваат инструкции на обвинители, доста е судии да коленичат пред политички моќници. Не ни треба тоа. Сакаме независни обвинители и сакаме независни судии. Јас ви ветувам дека ниту еден човек, ниту еден лик  којшто денеска работи во правосудството ќе нема прием те-а-тет во четири очи во мојот кабинет. Нека обвинуваат и нека судат  според словото на законот, тоа му треба на народот, а сите овие кои што денеска бараат милост, сите оние курири кои што доаѓаат денеска да бараат милост и од овде од Гостивар ќе им препорачам не го губете залудно вашето време. Секој кој што се огрешил пред законите и посрамотил пред граѓаните ќе одговараат. Од прв до последен. Нема компромис со правдата, нема компромис со законите.

А, вас Гостиварчани, драги браќа и сестри, и оние кои што не се од Гостивар, а кои што денеска се дојдени, гледам ногу луѓе од Скопје, гледам и од Тетово овде со нас, сакам да ви порачам немојте да губите надеж, доаѓаат подобри времиња. Доаѓа обновата на Македонија. Немојте да се разочарувате, јас сум апсолутно свесен дека можеби ние како политичари во генерална смисла на зборот сме ја изгубиле довербата помеѓу поширокиот народ.

Но дајте ни шанса, дајте и шанса на програмата која што ќе ја претстави ВМРО-ДПМНЕ. Дајте им шанса на тие луѓе да кажат тоа што имаат ако погрешиле искритикувајте ги, нема да ја веднат главата. Подобро да ја наведнеме главата од срам, ако сме погрешиле отколку да се опираме на тоа што не е вистина.

Критикувајте, сугерирајте, пишувајте ја со нас програмата, затоа се и овие „Разговори за обнова на Македонија“ , да се видиме вака очи во очи, гради во гради, да позборуваме отворено. Не да се криеме во кожните фотелји во нашите кабинети, или да ги газиме оние скапи и луксузни килими во Владата или во другите институции.

Вака ќе биде и кога ќе ја формираме Владата, вака отчетно на плоштадите ќе кажуваме што сме направиле, па вие судете и пресудувајте. Но, ако сме направиле добро и ако сме го исполниле тоа што сме го ветувавме тогаш пофалете не. Тоа ќе ни биде дополнителен  мотив за да запнеме во посилна брзина и да дадеме уште плус некој атом  од нас. Не губете надеж. Сите оние коишто во овој  момент изгубиле надеж   мислат дека сите се исти, не се сите исти. Има различни. Ние сме поразлични од Зоран Заев  и тие околу него неколкумина обожаватели. Немојте да бидете жртва на пропагандата на СДСМ. Немојте да бидете жртва на овие арамии коишто со камиказа политики  сакаат да си купат уште плус некој ден во нивната политичка биографија. Излезете на избори, поддржете ја обновата за Македонија, поддржете ја платформата каде што македонизмот ќе биде прв столб на којшто ќе се темели нашата програма.

Македонизмот но не како ексклузива на македонскиот народ, македонизмот како љубов кон татковината во којашто сите ние, сите вие сме се родиле. Татковината којашто не огледала и ни дала можности да напредуваме  во нашите животи. Таа ни е се и треба да се бориме и се што  можеме и се што е во наша моќ да дадеме за нашата таковина Република Македонија, без разлика дали сте Македонци, без разлика дали сте Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци никој нема ексклузивно право на македонизмот. Сите вие треба да се борите и да се заштитува тој македонизам. Сите вие,без разлика на верската и етничката припадност. Ова е наша заедничка  држава и од првиот до последниот треба ние да се бориме. Тоа е она за кое јас денеска сакам да зборувам. Тоа е она а кое ќе продолжиме да го зборуваме секаде каде што ќе одиме во Македонија.

Нула толеранција за корупцијата, владеење на правото, закони  без разлика на партијата, почитување на државниот суверенитет и интегритет, македонизмот назад кај сите граѓани на Македонија без разлика на етничката припадност.

Силни индивидуи за силно општество .Ве молам поддржете ја оваа наша теренска активност, дајте сугестии, напишете  некој проблем за да можеме ние да бидеме креативни и да понудиме решенија. Тоа е она коешто нас не мотивира денеска да ги полниме плоштадите, да сме присутни во маалата, на улиците  да тропнеме на вратата на нашите соседи. Дојдете со нас. Ајде заедно да ја пишуваме програмата и вие бидете дел од идната предизборна програма на ВМРО-ДПМНЕ. Повелете, придружете ни се. Сите коишто мислат дека ова што денеска го прави Зоран Заев е погрешно, без разлика на партиската припадност, без разлика на етничката припадност, дојдете рамо до рамо со нас, придружете ни е да ги поразиме овие луѓе коишто денеска се во владата на Македонија.

Доаѓа обнова за Македонија, доаѓа нова надеж, доаѓа ново утро, затоа и покрај сите разочарувања глава горе  и да одиме заедно  кон новите победи.

Да сте здрави и живи!

Да ни е вечен и вековит Гостивар!

Заедно обединети еден до друг, рано до рамо да победиме, а јас ви ветувам сигурна и убедлива победа на следните предвремени парламентарни избори.

Обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top