На прво место

КОЛУМНА НА АНГЕЛОВСКИ: Да го исфрлиме производот со фабричка грешка

Страшо АНГЕЛОВСКИ

Сите знаеме дека каков и да е производ со фабричка грешка, со своето функционирање, претставува опасност за неговите корисници, па произведителот штом ќе ја воочи грешката, го повлекува од промет. Сведоци сме дека, на пример, илјадници прескапи автомобили, биле повлекувани од производителот заради фабричка грешка, храна која може да доведе до труење, крема која може да доведе до алергија…

Владата на Зоран Заев, онаа на заминување, формирана насилно, без парламентарно мнозинство, токму заради тој податок, може да се смета за производ со фабричка грешка. Производ на неолибералните политички насилници од таканаречената меѓународна заедница од типот на Јункер, Хан, Могерини… Производ, кој еве, откако произведителот ја увиде грешката, го повлекува од употреба.

И нормално, таа влада, како производ со фабричка грешка, еве веќе три години со своето функционирање секојдневно се заканува дека ќе ни го уништи домот, како, на пример, плинска печка која во секој момент може да ни експлодира. Токму заради фабричката грешка, таа влада веќе три години функционира на принципите на криминалот, рекетот, националните предавства, реваншизмот, антимакедонизмот. Три години Република Македонија и македонскиот народ се жртви на политички и економски рекет, на безмилосен директен грабеж но и преку криминални тендери и фондови за иновации. Три години, сметајќи дека заради потпишаните антимакедонски договори со Атина и Софија и, врз основа на нив, добиениот датум за преговори со ЕУ, ќе владее неколку мандати па ќе има време да ги “покрие“ сите злосторства, оваа влада наликува на благајникот Трпе од една фирма, чие име нема да го споменам, кој, сметајќи дека ќе се покрие, го зема дневниот пазар и во најблиската обложувалница го вложува целиот (што би рекол Заев – all in), надевајќи се дека ќе добие, ќе ги врати парите и никој нема да забележи. Но, претпоставувате, сигурната единица, која му беше “дојавена“ на благајникот Трпе, излезе 2-2, па тој сега, за да куртули, оди кај најблискиот “лихвар“, зема пари со енормна камата за да го врати украденото од фирмата. Така, го започнува пеколниот круг на пропаѓање.

И сега, Зоран Заев, откако заедно со неговата Влада, како производ со фабричка грешка, а заради опасност во функционирањето, е повлечен од производителот, исто како и благајникот Трпе, го започнува својот пеколен круг на пропаѓање. И,што ќе прави за да се спаси, за да не биде казнет после изгубениот влог во комарот all in ?

Свесен дека регуларно не може да освои ниту глас повеќе од оние што ги има и дека дури ќе изгуби голем дел од нив, неговиот план за спас ќе оди во три насоки. Прво, со парите од буџетот кој сите го полниме, да се купуваат гласови, посебно од ранливите категории граѓани, преку социјални помошти, краткорочно покачени пензии и плати, со што ќе создаде дупка од која новата Влада ќе треба да ја извлекува државата; второ, медиумски и финансиски да се форсираат партии кои со видливо пренагласен “патриотизам“ ќе треба да украдат некој глас од коалицијата, сега веќе “За обнова на Македонија“ и трето, со многу пари и лажни “бојкотирачи“ да ја турка тезата за “Курто и Мурто системот“ за да одврати од гласање дел од гласачите кои инаку би гласале за коалицијата “За обнова на Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Од друга страна,ја имаме коалицијата “За обнова на Македонија“ која и покрај обидите преку монтирани судски процеси да биде разнебитена,не само што опстојува,туку и од ден на ден станува се помоќна организирана политичка сила, која е единствената што може да му застане на патот на ова тригодишно уништување на Република Македонија.

Имено, Република Македонија денес наликува на Германија во 1945 –та. Германија тогаш, беше земја разрушена до темел, земја поразена и понижена, земја поделена заради надворешни интереси. Македонија денес е земја која можеби надворешно, за разлика од тогашната Германија, нема видливи урнатини, но Македонија со договорите со Атина и Софија, преку бришењето на илинденските идеали и АСНОМ–ските одлуки, е земја со целосно поткопани темели и, прашање на ден е кога може да се најдеме во урнатините на се она што со векови наназад го граделе генерации и генерации Македонци. Македонија денес живее во економски урнатини, после сите грабежи и рекети, после изграденото големо ништо во изминативе три години. Македонија денес, исто како и Германија тогаш, е поразена и понижена, земја со избришано име, историја и идентитет, заради надворешни интереси.

На милионите Германци тогаш, срцето им се кинеше заради урнатините, заради жртвите, заради сиромаштијата, но најмногу заради поделеноста. И сите, сите до еден, посакуваа веднаш да тргнат во битка за обединување. За нивна среќа, оние мудрите, оние кои знаеја дека надворешните сили кои им ја поделија земјата се толку моќни што тогашен обид за обединување ќе значи дефинитивно уништување на Германија и неможност обединувањето да се случи кога и да е, трпеливо и вредно започнаа со обнова на татковината. Свесни дека еден ден, откако ќе ја обноват и ќе ја застанат на нозе, во едни нови геополитички односи, имаат шанса да го доживеат обединувањето. Како што рече големиот Вили Брант во 1966, кога го прашале дали верува во обединувањето на Германија – оставете ме да го сонувам својот сон. Сонот на Вили Брант и на милионите Германци стана јаве.

Токму затоа, нам денес, исто како на Германија во 1945-та, иако ни горат срцата сега и веднаш да ја исправиме неправдата што ни е нанесена и да го вратиме уставното име на државава, двојно повеќе ни треба мудрост за да сфатиме дека заради моќта на надворешните сили, таков обид може да значи дефинитивно уништување на државата. Ни треба трпеливо и вредно да започнеме со обнова на татковината која ни е во урнатини. Ни треба да ја обновиме и да ја застанеме на нозе, свесни дека во едни нови геополитички односи имаме шанса да си го вратиме името, идентитетот, историјата и достоинството. Ни треба, како и на Вили Брант, да си го сонуваме својот сон. Сон, кој доколку бидеме мудри и посветени, ќе стане јаве.

Токму затоа деновиве го започнавме процесот на окрупнување и обединување на македонската десница, процес кој ќе продолжи и понатаму, процес кој ќе ја избистри заматената вода во десниот политички простор во државава и ќе ги исфрли ситните политички профитери кои громогласно викајќи “одма ќе го вратиме името“ се борат само за некој глас повеќе. Процес кој, после прочистувањето, ќе и овозможи на македонската десница преку коалицијата “За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ, да ја започне вистинската обнова на Македонија. За да, во скора иднина, обновената и на нозе застаната Македонија, сонот го претвори во јаве – за да си го врати вековното име, вековниот идентитет, вековната историја и вековното достоинство.

Затоа, да го стивнеме силниот татнеж на срцата,да го послушаме тивкиот глас на разумот. И, да работиме, да работиме посветено на обновата на татковината. Таа го очекува тоа од нас, од нејзините искрени чеда.

(авторот е претседател на МААК)

https://denesen.mk/kolumna-na-angelovski-da-go-isfrlime-proizvodot-so-fabrichka-greshka/

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top