На прво место

ДЕМОКРАТИЈА ВО МАКЕДОНСКИ СТИЛ!

Пишува: презвитер Ивица Тодоров

Како и каде понатаму како Македонија и Македонци?

Почитувани мои пријатели и сонародници
со крајна сигурност ВЕ УВЕРУВАМ дека и без НАТО и ЕУ и со НАТО и ЕУ се ќе остане исто во Македонија ако и понатаму продолжиме да го негуваме уништувачкиот, корумпиран (расипан), себичен, завидлив, користољубив, површен, мрзелив, поданички, предавнички, БЕСКАРАКТЕРЕН, БЕСРАМЕН, БЕСДОСТОИНСТВЕН крајно неморален МАКЕДОНСКИ МЕНТАЛЕН СКЛОП!

Па со горенаведениот БОЛЕН мантален склоп, со горенаведениот начин на мислење и живеење и во РАЈОТ да влеземе истиот ќе го претвориме во ПЕКОЛ зашто нашиот ПЕКОЛ, нашата македонска трагедија и неуспех ние си ја носиме во нашето БЕЗУМИЕ, во нашите отровни мисли и дела, во нашата ОЗЛОБЕНОСТ, во нашиот внатрешен процес на САМОУНИШТУВАЊЕ!

БЕЗ ПРОМЕНА
на нашиот самоуништувачки ментален склоп ние како поединци, како народ, како држава
НЕ МОЖЕМЕ да се надеваме на напредок, просперитет, почит, уважување, победа, вистински ИЗБОР!

За да исчекориме од песимизмот на нашата реалност јас ја предлагам доленапишаната визија за ДЕМОКРАТИЈА ВО МАКЕДОНСКИ СТИЛ!
Тоа е модел за организирање на македонското општеството што ќе го искорени сегашниот уништувачки македонски ментален склоп. Еве, оваа визија нека поттикне, нека мотивира здрави македонски умови и срца да поработат на процесот за излекување на нашиот болен македонски организам за да се формира основа за вистински ИЗБОР и НАПРЕДОК.

ДЕМОКРАТИЈА ВО МАКЕДОНСКИ СТИЛ!

1. Демократијата, односно автентичниот општествен ангажман во македонски стил и за македонско добро НЕ Е за глупави, мрзливи, површни, незинтересирани, изманипулирани, купени, криминални, корумпирани, себични, завидливи и бескарактерни луѓе!

2. Демократијата во македонски стил е политички модел во кој АКО НЕ СЕ БОРИШ за ДОБРОТО и НОРМАЛНОТО ќе победи ЗЛОТО и НЕНОРМАЛНОТО! Зошто? Затоа што додека добрите и нормалните се занимаваат со себе или со ништо, оние другите се занимаваат со политика и стекнуваат организирана моќ!

Во светот нема празен простор,
нема непроменлива состојба! Или ќе управуваат ДОБРИТЕ во име на ДОБРОТО или ќе управуваат ЗЛИТЕ во име на ЗЛОТО!
РЕАЛНОСТА ни сведочи дека овој свет не е рајска градина, но, исто така, сознанитето за РЕАЛНОСТА може да ни помогне овој свет да не стане ПЕКОЛ туку пристојно место за живеење каде што ќе ја развиваме нашата ВЕРТИКАЛА (Богоподобност, духовност и етичност) и ХОРИЗОНТАЛА (разумен прогрес, организација, безбедност, просперитет).

3. Демократијата во македонски стил се темели на правилниот ИЗБОР на секој од нас!
Погрешен ИЗБОР води кон лоши резултати! Вистински ИЗБОР води кон полезни резултати!

ДЕМОКРАТИЈАТА во македонски стил ќе се препознава и по тоа што своите граѓани ќе ги просветува и созрева за слободен, зрел и одговорен ИЗБОР!
Лажната демократија се препознава по тоа што своите граѓани ги збунува и манипулира со митологизиран/ лажен популизам, нерационалност, извртени/ спин информации, непринципиелност, двојни стандарди, корупција и ЗЛОУПОТРЕБА!

4. Најдобар пријател на демократијата во македонски стил е КОНЗЕРВАТИВНОСТА разбрана како дефинирање на стандарди на квалитет и здрави модели на живеење кои се мерка за да не се пропаѓа надоле, туку да се напредува НАГОРЕ!
Духот и движечката сила на демократијата во македонски стил е ХРИСТИЈАНСТВОТО зашто тоа и дава смисла, вредност, мерка и насока и за ВЕРТИКАЛАТА (духовно – моралното и културно зреење) и за ХОРИЗОНТАЛАТА (општествено – образовно – здраствено – економското – технолошко – еколошко напредување)!

5. ЗРЕЛА, организирана и одговорна демократија води кон човечна ЕКОНОМИЈА и одговорна ЕКОЛОГИЈА!

Демократијата во македонски стил е вистински ПРОГРЕСИВНА затоа што е втемелена на СЛОБОДА, ПРАВДА, ПОЧИТ, БОГОЉУБИЕ и ЧОВЕКОЉУБИЕ!
ДЕМОКРАТИЈА која е одговорна затоа што е конзервативна и христијанска!
Демократија МАКЕДОНСКА која интегрира без да асимилира!
Демократија СУВЕРЕНА која соработува со сојузници кои ПОЧИТУВААТ, а не УЦЕНУВААТ!
Демократија што БЕСКОМПРОМИСНО ќе се штити од сите кои ќе сакаат да ја ЗАТЕМНАТ, и од надвор и од внатре!

https://netpress.com.mk/kako-i-kade-ponatamu-kako-makedoni-a-i-makedonci/

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top