На прво место

Русковска и Лукаревска освен фризури прават нешто друго?

lukareski

lukareskiАвтор: Виктор Грозданов

Оваа колумна мора да се започне со еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ почитуваниот Манојил Мане Јаковлески од две причини:

  • Неговата љубов кон Македонија
  • Неговата борба за Македонија

Не треба многу да се бара одговорот , туку само да се цитира авторот на неговата „МАКЕДОНИЈА, МОЈ КОПНЕЖ“, г-динот Киро Кипроски:

„Кога ќе се погледне животниот пат на Манојил Мане Јаковслески, неизбежен е впечатокот дека тој и Македонија се нераздвоен дел. За Манајоил таа е икона пред која се крсти и секој ден се бори за нејзината иднина. И, ако случајно по неговата смрт, се распара неговото срце, таму ќе ја најдете насликана Македонија, цела и единствена, со сите распарчени делови”.

И додека Мане крварел трчајки по цела Европа за Македонија како што впрочем е и поклонот рачно изработена чашка со посвета од Брат Љубе за време на неговиот тотално непотребен престој во Шевенинген, Хаг, во нашата мила Македонија ни се случува комедија од минатиот век во режија на нашите браќа од Црна Гора, која треба да се гледа, а не да се прераскажува.

Дефиниција за Германски Јазик по култната серија (со краткиот наслов) „Ѓекна још није умрла, а кад че незнамо“ , на тема германски јазик:

– Нема полесен јазик од Германскиот, само тешко е да го разбереш.

– Верувам тато. Е сега гледам дека е многу лесен.

– Нема што ти мене да ми веруваш, кога е тоа така.

Еве линк за уживање: https://www.youtube.com/watch?v=sPX8DlgMtyg

Во овој момент нашава држава функционира баш вака. Ама оригинал, а посебно односот на институциите кон аферите со медиумите. Апсолутно ништо не се случува. Завршува со прес конфернција на директорката на УЈП на која се гледа дека се чуствува крајно непријатно и со скандалозно учество на дебата на една ТВ станица од страна на главниот обвинител за организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Почитуваните дами,

дигресија: за дами не се коментира, за вкусови не се разговара, треба да ми одговорат како човек, кој и зошто пробува да ми навреди интелегенција после 17 години работа со медиумите. Ќе им посочам по 25% од две афери од вкупно многу, каде можат да дадат сериозен одговор на државата по однос на сознанија за девијантно однесување на формално правниот систем.

Првата Афера 1 ТВ

За да добиеш дозвола се обраќаш во АВМУ, а таму ти бараат соодветна документација, како на пример Бизнис план и финансиска гаранција.

Тоа значи се поставува првото логично прашање: Од каде пари?

И почнуваш да размислуваш кон можниот одговор: СДСМ и Зоран Заев. А, вистината која ни ја сервираат наводно била поинаква. Демек некогашниот нивни градоначалник Циле од Битола и зетот на нивниот коалиционен партнер Фијат Цаноски на приватни лица им префрлиле вкупно 1 милион евра и згора на тоа наводно се измамени и оштетени. Па, двајцата се чучулиги на мирот. Аууу број 1.

Велелепната новинарска тројка Чом, Боко и Сашо Ордановски демек од новинарски порив за да направат уште една успешна приказна (после Велија Рамковски треба ли уште еден газда да иде у затвор, мољам ти се) во која никој од СДСМ наводно не им ветил пари и никој од СДСМ не им гарантирал сигурна плата. Аууу бр 2.

Но, има една работа од која неможе да се бега. А, тоа е заклучниот сметководствен лист за работењето на две фирми:

  • БМЈ груп која ненадејно добила 15 милиони денари во 2018
  • Комплетното работење на 1ТВ за 2018 и дел од 2019

Кога Русковска ќе нареди, а Лукаревска ќе објави тогаш ќе ги знаеме одговорите на следниве прашања:

  • Колку плата земале и како новинарската тројка
  • Кои маркетинг и Пи-Ар агенции дале пари за да ја видиме наредбата
  • И како јас пиев негазирана „Пелистерка“ на моите две гостувања

Афера Емил Стојменов и Канал 5

Мојот драг поранешен пријател Емил Стојменов звани Емчо го мислев за многу интелегентен човек посебно во делот за сметководство. Тоа што Бугарите од Македонија ми збореле за мислењето на Алекса Стојменов по однос на неговиот татко Борис го имам отфрлено на страна. Го доживував како конфликт кај Бугарите, оние наменските за пари од УДБА, кои му се лути на големиот и искрен патриот Македонец, Борис Стојменов.

Но, кога сме кај сметководствените работи, Канал 5 важеше за фирма со сигурност, ако си директор. Нема шанси да ти наштетат. Ама не било баш така.

Најголемата мана на Емчо наш е што најверојатно дома мајка му и татко му не го научиле на една голема доблест: Човечност. Ај што најгрубо го тргна Роберт Поповски после интервјуто со Никола Груевски, туку зошто не го праша како и е здравјето на столбот на куќата. За разлика од Роберт Поповски кој најверојатно има голема скала на простување,  јас немам намера да заборавам.

За целата медиумска јавност да знае на кој начин функционира Емчо. Бидејќи немав никаква намера да му ги прераскажам разговорите помеѓу Срѓан Керим и Зоран Димитровски-Жоро во врска со можниот договор на Канал 5 со МПМ ги искажа следниве зборови:

АКО НЕ МИ КАЖЕШ, ДЕТЕТО АИР ДА НЕ ТИ ВИДИ!!!

Мисли на моето второ дете Викторија Грозданов, тогаш штотуку родена. Е, вака одзвонуваат зборовите на Емчо 10 години. Чекав трпеливо и затоа треба да научи три работи:

  • Ние од Карпош 1 сме стари чекалици и живееме со филозофијата: Инаетот е посладок од медот, заради инает
  • Зоран Димитровски-Жоро многу го почитувам и неговата сопруга и син
  • На крај сам каменот у глава си го удри.

За да биде се’ јасно за медиумската јавност еве момент кога велиш пусти нека очи говоре. 

lukar 2

lukar 3

Само да прашам нешто. Нели им е жал на Стојменови за Вања Гавриловски? Одговорот е…

За драгите Русковска и Лукаревска, да запамтат нешто. Вања Гавриловски е само еден обичен дечко од Скопје. И прашајте дали пари има да купи сопственички удел, да плати данок за телевизија која во тој момент чини 10 милиони евра, дали имал право да му одземе ингеренции на директорот, дали наплатил дивиденда, дали има милион евра како поранешен сопственик на Канал 5 и зошто не му опнал сопственички шамар на Иван Мирчевски, онака од ќејф?

Почнете да работите нешто за да не мислам за Вас обете дека главите ги чувате на своите рамена само за фризури.

Лично до почитуваните дами да им објаснам, Стевчо Јакимовски за нас од Карпош 1 вели дека сме со дефект од 10-25% од нормалните луѓе. Тоа е научно докажан и општо прифатен факт.

Ама, со едно големо АМА – имаме сите до последен 100% доза на: ЧОВЕЧНОСТ.

Ако двете дами не постапат по законот дефинитивно со големиот Македонец патриот Манојил Мане Јаковлески ќе нема потреба да дискутираме дали е Џубре Комунистичко или Ѓубре Комунистичко.

Исто е.

П.С. На оние што некои работи не им се целосно јасни од колумнава, ќе им ги разјаснам вечерва во 20.20 на ТВ „Алфа“.

https://netpress.com.mk/ruskovska-i-lukarevska-osven-frizuri-pravat-neshto-drugo/?

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top