На прво место

Ова денес што се случува е диктатура

45079378 2182660385131323 1923398496744898560 n

45079378 2182660385131323 1923398496744898560 nОд моментот на соопштување на датумот за избори, СДС стана Биро за вработување.

Секојдневно се објавуваат огласи и конкурси, за прием на партиски послушници во Државната администрација, истата онаа за која велеа дека е превработена и за која ветија дека ќе ја растеретат.
Во паника, пред пораз, решија да вработуваат секаде, во сите институции, со цел на популистички начин, да го добијат нивниот глас.

Така во секторот Образование, како никогаш досега, беа отворени Огласи за вработување во октомври и без никаков критериум беа примани партиски послушници, оставајќи ги без средства за егзистенција луѓето кои мислат поинаку од нив, а уредно поседуваат се што е потребно за работа. Се разбира, истите ќе ја бараат правдата преку судските органи, но се прашуваме, кој ќе сноси одговорност за неправдите направени врз овие луѓе? Кој ќе одговара за претрпениот стрес, на луѓето извадени од соодветните работни места, за да дојде член на владеачката коалиција?

И не само во образование. Оваа еуфорија е присутна секаде, во секоја организација, која е под државна капа.

Така, во Гостивар секојдневно сме сведоци на прераспределување на работни места, на секој оној кој размислува поинаку. Има пример на луѓе пред пензија, без никаква дамка во долгогодишното работење, да се прераспределуваат на работни места километри подалеку од градот. Кој ќе одговара за овие постапки и дали треба сите исто да мислиме, за да бидеме нормално третирани од овој режим?

Срамно и нечесно е ова, господа од сдс. Народот никогаш не заборава. Гневот и револтот секојдневно растат. Луѓето се очајни, и само и единствено тие знаат да казнуваат.

Иако претходниот систем го нарекувате режим, ова денес што се случува е диктатура. Но, времето минува и 12 април ќе дојде. Тогаш ќе ве болат сите овие неправди, тогаш ќе ве мачат сите човечки судбини, со кои си поигрувате.

Ова лудило ќе запре, затоа што народот умее да процени и да спореди кој беше и кој работи за народот!

Лоран Сташески, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гостивар

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top