На прво место

Лек или злоупотреба, колку е тенка линијата?

Пишува: Гоце Марков, Дипл. здравствен работник и Член на Комисијата за здравство 

Во процесот на европеизација наврат нанос, каде сите, таму и ние?! Подготвени или не, неважно. Меѓу другите стотина  ,, физибилити студии” така и оваа со канабисот заглави пред да тргне. Создавњето една,, теритирија”, ослободена од облигации, право, одговорност каде секој од позиција ќе може да прави и решава што сака, да одгледува, дистрибуира , продава, извезува марихуана  во вид на Сув цвет, денес и сега, а утре којзнае што ќе им текне!? Легализација, стриктно за медицински цели и научни истражувања наспроти декриминализација на употребата во рекреативни цели и продажба со извоз??

Canabis sativa, марихуана или популарната Трева!Тоа е едногодишно растение  што ја содржи псиохо-активната состојка ТХЦ (тетрахидроканабинол) или популарната супстанца, средство  за „хај“
​Легализацијата и декриминализацијата на канабисот во моментов се главните прашања како во светски рамки така и кај нас. Во Македонија, во 2013- та се донесе закон кој е во целосна  согласност со целите , потребите и методите на легализација на  пазарот за медицински цели, додека на почетокот на 2016-тата година беа направени законски измени, со што беше овозможено одредени компании и фирми  да добиваат дозвола за прозиводство на канабис за медициснки цели, т. е. ако си близок до власта ќе добиеш лиценца?Сите сомневања денес се насочени кон власта и полемиката кој и како ги дели тие лиценци за одгледување и кои луѓе ги    добиваат истите, значи оние  блиските со  власта.

Сетете се кој  ги повикуваше сите инвеститори кои имаат можност да инвестираат во оваа дејност „зошто е чист профит” и кој правеше промоција на истата идеја?! Кој се обидува од контролирано здравство да направи мини бизнис плантажа од Македонија?! 

Денес имате ситуација кога сопствениците на оние производители – компании излегуваат пред Влада на штрајк затоа што робата не стои, ним им е кажано едно а на јавноста за жал друго, не трпи поминато време и бараат целосна  декриминализација на марихуаната, цврсто убедени дека некој стои позади нив и се  обезбедени од власта на секаков можен начин, по кој веруваат дека секој момент е важен за нив за да се покријат идните трошоци.(како нивните така и оној кој бил иницијалната каписла за зародиш) 
Истиве групи и групации направија една иницијатива во Собранието за измена на Кривичниот законик со кои ќе се овозможи декриминализација на марихуаната и нејзин извоз во вид на Сув цвет. Сега понатаму како?
Прашање е, кој е овде несовесен?

Оној кој продал мала количина на црно или оној кој е со задни намери скриен позади превезот на политиката и законските регулативи да одгледува количини и ги продава?
Затоа е потребна една точна дефиниција што е легализација наспроти предлозите на власта за декриминизација или целосна либерализација на пазарот. Втората опција отвора сериозни можности (особено во малите земји како нашата) за избегнување на одговорностите и благ премин кон,, легална трговија”.
Не, на дивата продажба и Да на легализацијата за користење во медицински цели и истражувања под покровителство на Министерството за здравство и контрола од МВР. Само така ќе можеме со нашите можности да имаме контрола над состојбите. Се друго е формирање територија за продажба и,, легален пат” на продажбата и дистрибуцијата на опојни дроги.

Одгледувањето на канабис во Македонија според законот е дозволено само за правни субјекти, кои тоа ќе го прават во медицински и научни цели и за истражувања . Тие прво треба да добијат лиценца од Министерството за здравство, по претходна согласност од Владата.
Според Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, секоја една фирма може да добие дозвола за производство доколку има обезбедено некои параметри како одреден  простор, ширина, земјиште за одгледување, магацини и склад за сушење и складирање. Канабис употребен во медицински цели се сите  свежи или суви делови на растението, вклучително и семето.Барем така беше дефиницијата?!

Значи борбата за слободен проток и флуктуација на пари е отидена дотаму да компарацијата ние ја правиме само со Холандија и САД каде владеат либерални закони по ова прашање и има слободна продажба на марихуана како за рекреативна употреба така и за продажба, ако ти е ќеиф ќе си ја чуваш и на балкон во саксија без да даваш некому отчет. 

Законодавецот таму, а по тој копи паст систем и овие  овде (барем досега) предвиделе дека просторот за одгледување канабис треба да биде атмосферски заштитен со фолии и ограден со ограда висока најмалку четири метри, да има обезбедено услови за мониторинг на процесот на одгледување, постојан видео надзор над целиот простор и физичко обезбедување во текот на денот и ноќта.

Овие компании вработуваат агрономи, фармацевти и менаџери кои се грижат за целокупниот процес.

Тоа се параметрите за одгледување, додека оние за продажба допрва ќе бидеме сведоци на нивно јавно промовирање.

Уште еднаш ќе можеме да ја видеме на дело либералноста наспроти конзервативноста во една благо сурова форма на политичка имитација или солидна конзистенција. На крај, секој со неговиот став!?

Пишува: Гоце Марков, Дипл. здравствен работник и Член на Комисијата за здравство

https://bregalnicki.mk/lek-ili-zloupotreba-kolku-e-tenka-lini-ata/

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top