На прво место

Ќе поднесеме амандмани на законот за јазици

Христијан Мицкоски: Ќе поднесеме амандмани на законот за јазици за тој да стане уставен, политиканството на Заев се удира од глава, ако се за правда, власта ќе ги поддржи

Немаме политика на принципи од власта, туку „купи ден продај“ политика. Имаме коцкање со државните и национални интереси, и не е само така во надворешните односи, туку и во секој друг поглед. Владата на Зоран Заев практично стана заложник на своите неуспеси, и кусогледа популистичка политика. Без многу голема промисленост, туку само со една цел и интерес, како да се дојде до повеќе пари, и до повеќе лични бизниси, а се останато може да чека.

И затоа ни се случува државава да влезе во слепа улица, со силна поделеност и одбрана каста на функционери кои погрешно мислат дека вечно ќе владеат.

Нивната фасадерска политика на розови очила распукува низ тестот на времето.

Зоран Заев за само десетина дена излезе на чистина дека брани и штити амнестија, дека не сака испитување на потекло на имот, и дека планира по поразот да се крие позади пратеничкиот имунитет.

И ваквата реалност тие сакаат да ја покријат со многу пердуви, неосновани напади, и секојдневни клеветења кои имаат за цел да ја покријат оваа вистина која ја говорам. Да не се дознае во јавноста дека штитат неправда, носат криминал и корупција. А сите нивни лаги паѓаат на тестот на времето, како оној нивен напад дека ВМРО-ДПМНЕ незаконски должело по изборната кампања, а притоа не говорат за нивниот долг кој лесно може да се провери во извештајот од изборите. Па онаа лага за амнестијата и постојаните повици да прифатиме автентично толкување на законот, ама бумерангот се враќа кон фрлачот, па самите тие не го гласаа тоа автентично повикување за кое нас не прозиваа со денови.

Па потоа ќе отидат на трибина во Битола и Заев немајќи аргументи ќе сврти на шеги, кои никој не ги разбира, пред се затоа што личат на трагедија, па ќе порача на тие кои не мислат како него да се сликале „У Буручу” во Струмица“, и ред такви совети кои го тераат човека секој ден се повеќе да се запрепастува и загрижува кои луѓе ни ја водат државата и со каква леснотија преовладува примитивизмот во нивните говори.

Почитувани,

Во изминатиов период дадов неколку предлози, а кои беа во насока на зацврстување на демократските процеси и правната држава. Но од другата страна добивме молк, и одбивање да се направат чекори кон борбата против корупцијата и криминалот. Тој молк не може никако поинаку да се разбере освен како штитење на криминал, корупција и подривање на правната држава.

Заев се докажа дека е главна пречка за правда во државата. И да ги тргнеме на страна оние милијарди спинови и лажни вести кои ги пуштаат, а со кои само си се лажат само себеси, ајде  да зборуваме малку за суштината.

И еве ги тие работи кои Заев и СДСМ ги изнесуваат на чистина.

Прво, го повикав да прифати измени на законот со кои што ќе се забрани секој кој е амнестиран во земјава да се занимава со политика и да биде носител на државна функција.

Не добивме одговор, односно добивме одговор дека практично ќе одговарале сите што сториле криминал и дека тука немало да има амнестија. Но фактот е еден дека единствен активен политичар во државата кој што во минатото е амнестиран за сомнеж за сторен криминал е токму тој, Зоран Заев.

Второ, повикав да донесеме измени со кој ќе забраниме во иднина амнестијата да се донесува за политичари и луѓе кои биле носители на државни функции. И ова е заштитен механизам за тоа носители на државните или јавни функции да ја одбегнуваат правдата поради претходно носење на мерката амнестија. И повторно ќе бидам директен, молкот во СДСМ кажува дека одговорните за денешниот криминал и корупција се надеваат на некаква идна амнестија. А јас ќе им кажам дека компромиси со правдата, сега и за било кога во иднина, нема да има. Како што кажа во Битола, Зоран Заев, дека сите кои што сториле криминал ќе одговараат. Истото тоа ќе го потврдам. За сите кои што се огрешиле пред законите и се осрамотиле пред граѓаните ќе одговараат, и во минатото, ама има да одговараат и тие кои што и денеска прават криминал. Амнестија ќе нема да не се надеваат.

Трето, објавив дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи закон со кој, согласно  Уставот ќе може да се изврши детално испитување на потеклото на имот на политичарите. И ова е со цел да се санкционираат оние кои направија бизнис империи, не затоа што се способни туку затоа што ја користат политиката за нелегално печалење на грбот на граѓаните. Повторно од Заев и СДСМ има молк, затоа што очигледно има страв, и тоа голем страв во најбогатото политичко семејство на Балканот.

Четврто, предложив да се направат измени на изборниот законик, согласно европските искуства, со кои ќе се воведе кандидат мандатар за новата влада, со што граѓаните ќе ги знаат пред изборите, а воедно тие што ќе загубат, односно нема да добијат доверба од граѓаните да си заминат од политиката, а со цел да имаме еден демократски циклус на нови ликови и нова енергија. Молкот на власта кажува две работи, прво Зоран Заев знае дека ќе ги загуби изборите, и второ тој планира да се крие позади имунитетот како пратеник.

Петтата работа која сега прв пат ќе ја споменам, а се однесува на законот за употреба на јазиците. Постојано укажував на тоа дека секој закон е исклучително важно да биде во согласност со Уставот и да е во функција на владеењето со правото.  Наспроти тоа добивме закон кој е правна дивоградба. И тој е таков затоа што пред се Зоран Заев манипулираше со чувствата на граѓаните и сакаше гласови со измама и тоа од Албанците. Значи тој беше спремен на компромис со правдата и правото само за да добие глас повеќе. Ова е тема со која Заев сакаше да ги прелаже Албанците во негов стил, за да ги добие нивните гласови, иако ние укажувавме дека законот освен тоа што е противуставен е и неспроведлив и не помага никому. Само не внесе и не заплетка повторно во нова дебата на стара тема во која има многу емоции и национални чувства, а особено имајќи во предвид со кого имаме работа, за очекување е тие да бидат злоупотребени во текот на изборите.

И никако во ова не помагаат изјавите кои се контрадикторни и политикантски, почнувајќи од оние на премиерот, па потоа целосно спротивните на вицепремиерката, со кои се демантираше Заев, додавајќи дека ќе постигнеле коалициски став, а особено што таков став не ни треба, кога се знае дека нема компромиси со правото и Уставот, и дека единствениот став мора да биде дека сето ова треба да е правно издржано и применливо.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани на законот за употреба на јазиците, кои пред се ќе ги содржат забелешките од Венецијанската комисија, и ќе биде во согласност со Уставот на Македонија. Еден неуставен закон да го направиме уставен, во духот на европските практики содржани во забелешките на Венецијанската комисија. Никој во оваа држава да не се чувствува оштетена страна. И затоа овие амандмани треба да бидат поддржани од власта,  од Заев и неговата коалиција, со што ќе се демонстрира зрелост но и само така да се покаже дека нема да има компромиси со правото. Во спротивно, ќе се одбере популизмот, во надеж за нови измами, без дела.

Иако  Заев и Шекеринска се политичари уште од времето на транзицијата, треба да знаат дека доаѓа ново време, а промените се на прагот и доаѓа нова надеж за нашата држава.

Затоа уште еднаш Заев го повикувам доколку верува во правната држава, доколку е за борба против криминалот и корупцијата, и доколку сака државата да оди напред, без двоумење да прифати измени на законот со кои ќе забраниме амнестија на политичари, а сите оние кои ќе бидат амнестирани да не смее да се занимаваат со политика. Да донесеме закон за испитување на потекло на имот на политичарите и нивните семејства, и сите оние кои се збогатиле неосновано на грбот на народот да бидат санкционирани, да прифатиме измени со кои ќе се знае кој ќе биде кандидат мандатар, а оној кој нема да ја добие довербата да се  збогува со политиката во Македонија политика. Воедно еве прилика да се излезе од голиот популизам и власта нека ги прифати амандманите на законот за употреба на јазиците, со кој ќе се направи законот уставен, применлив и нема да биде дискриминаторски кон останатите етнички заедници во Македонија.

Да ги тргнеме на страна политикантските и заобиколувачки одговори, да не се прават алиби, затоа што се гледа дека секој лицемерен потег на владата завршува со силен тресок на дното.

Време е да се даде нова надеж, да се направат промени и да се донесе обновата во Македонија.

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top