На прво место

MEMORIAM EXERCETO… ВЕЖБАЈ ЈА МЕМОРИЈАТА…

tomic

tomic

Пишува: Слободан Томиќ

MEMORIAM EXERCETO… ВЕЖБАЈ ЈА МЕМОРИЈАТА…

Се раѓаш како табула раза или празна книга, лист по лист секој ден ја пишуваш. На крајот од животот секој од нас остава еден роман, тоа е твојата Tabula Rasa. Тој животен роман е твое сопствено дело. Во него ти самиот си и автор и сценарист и режисер. Од некои идни, по тој роман ќе те спомнуваат или критикуваат, често може и да те фрлат на буништето на историјата, надвор од меморијата. Тоа е твојот живот со сите доблести и слабости. Но, знаеме ли што е живот? Сме се запрашале ли што е живот? Дали е тоа само раѓање, стареење и премин од другата страна, ти ја гаснат сијалицата и чуварот повикува на разлаз? Секако не!

Секој се раѓа со промисла, по вољата на родителите, животот е траекторија по космичките законитости или Божја воља. Патем, каква е смислата на еден живот, да живееш за нешто или за ништо?

Во текстов преовладуваат логични прашања, но едно е јасно како светлина, а тоа е првото и единственото правило на логиката кое вели има опции две, трето нема! Или ќе бидеш човек или (о)стануваш нечовек.

Како е да се биде денес човек? Во овој контаминиран свет, одговорот е, исто така, контаминиран. Уништувањето е најсилно ако го уништите мозокот на еден човек, поточно мемориската картичка во свеста и потсвеста. Ќе се послужам и со познатата максима Mementum orie set ora, или Во здраво тело здрав дух.

Дали сте се запрашале што содржи сопствениот дух или душа?! Дух на човечност, или нечовечност?! Дали воопшто знаеме што е човечност, ако не сториме нешто со срце и душа во сопствениот живот, или ако само лажеме, крадеме, другите ги навредуваме или предаваме, притоа мислејќи само на својата корист?!

Вежбајте ја меморијата, препорачуваат неуролозите, вежбајте ја меморијата! Каква е вашата мемориоска картичка денес? Што содржи таа? Што се’ во нејзе може да се најде од вашиот живот, живот во кој сите ние како патници патуваме низ временската машина. Или паѓаме на испитот на зрелоста и стануваме слуги на ѓаволот и приземните сласти и страсти?

Се заборават ли лесно злоделата на една личност или народ? Дали ќе одиме со пораката што ја читаме во Чашулевиот роман “Парадоксот на Диоген“, кога вели “Минатото е крадец кој ништо не дава, но идината ја зема?!“ Или пак, ајде зборавете го минатото и свртете се кон иднината, излитена фраза на некои политичари кои своите злодела сакаат да ги пикнат под тепих, заборавајќи дека тие злодела уништиваат цела нација, народ и држава.

Чесно е да си го признаеш гревот или злоделото, со тоа и’ олеснуваш на сопствената душа, не ја оптоваруваш со тежина која ќе те фрли во најмрачниот од деветте круга на Данте. Колку и да фрлаш притоа сидро кое како што вели еден од многуте грешници на овој Македонски народ и државата Македонија, да фрли сидро кое ќе го однесе напред. За каков напред притоа размислувате? Дали и оваа ќе остане во вашата меморија и на закажаните предвремени избори на 12април догодина?

Интересно е да се потсетиме на познатата максима на Свети Јован Златоуст “чесно е да згрешиш, а христијански е да побараш прошка“, но никако немој да побараш прошка оти секојдневно гревовите стануваат лавина, која се’ повеќе ја голта и уништува нацијата во целост. Од друга страна се “побратимите“ на Заев со закана дека нема да не’ биде ако не ја прифатиме Македонија двојазична! Тресна Бујар и остана жив, без влакно од неговата нова фризура да му фали. Ѓоамити тоа било добро за “нивната“ Северна дивоградба!

Дали Основното јавно обвинителство на ова треба да остане глуво, немо и слепо? На заканата од висок функционер во Владата на државата, одговорен за евро-интеграциите на Македонија. Дали со вакви изјави Бујар и Заев мислат дека ќе ја внесат Македонија во европското семејство? Дали Бујар Османи заслужува да биде на оваа функција? Го памети народот кога рече “семакедонското обединување никако не смее да се случи, оти тоа е опасно“. Ама и тоа е дел од меморијата и тоа се наоѓа во мемориската картичка. А, Бујар Османи им даде црвен картон на Германија, Франција, Италија, Шпанија, отфрлајќи го извештајот на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците. Почитувањето на извештаите на Венецијанската комисија е еден од улсвоите за евро-интеграции.

И додека некој им се заканува на Македонија и Македонците, друг се извинува за злоделата сторени од Хитлер. Канцеларката Ангела Меркел, за првпат во својот четиринаесет-годишен мандат на чело на германската Влада, го посети поранешниот концентрационен логор на Третиот рајх во Аушвиц, и истакна дека тоа што се случило во Аушвиц човечкиот ум не може да го разбере. Повикувајќи се на меморијата и вистината, а дел од историјата од времето на фашизмот, таа ќе рече “Важно е злосторниците да ги нарекуваме со вистинските имиња, а тоа сме ние Германците. Потсетувањето на злосторствата е наша одговорност, таа никогаш нема да престане“, нагласи Меркел.

Затоа и нашите соседи од која и да е страна, треба да ги следат чекорите на оваа голема политичарка која остави голема трага во историјата на Германија и Европа, запаметена за секогаш во светската историја. Таа нема да биде фрлена на буништето на историјата, напротив запишана со златни букви, како и Кол пред неа.

Кога сме веќе кај меморијата, не смее да се заборави и фактот дека патриот се раѓаш или не, тоа е биолошки код наследен од твоите претци. Тука ќе се присетиме на Демокрит, грчкиот антички филозоф од 4 век п.н.е. познат по атомската теорија за универзумот. Неговата автентичност се состоела во реторичката употреба на иронијата и потсмевот, и по неговиот весел изглед. Инаку се смета дека Демокрит не бил многу почитуван од Платон, кој подоцна посакал сите негови книги да бидат запалени. Многумина го сметаат за “татко на модерната наука“. Од неговите пишани текстови, за жал сочувани се само фрагменти. Според овој фолозоф “Доброто не значи буквално да не се прават грешки, туку да не се посакува тие да се прават. На добар и мудар човек целата Земја му е татковина!“

Затоа, вежбајте ја меморијата да си ја сакате Татковината, а меморијата е јасна како ден: Ние сме Македонци, зборуваме Македонски, нашата држава се вика Македонија!

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top