На прво место

НА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ИМ СУДАТ ,,СЕВЕРЏАНСКИ,, СУДИИ

Мирка Велиновска со прашање до интелектуалците

НА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ИМ СУДАТ ,,СЕВЕРЏАНСКИ,, СУДИИ

По инсистирање  на Дарко Јаневски ја одгледав  секвенцата од читањето на пресудата за ,,Кичеец,, која ми остави длабок впечаток по една единствена ,,ствар,,. Судијката или попрецизно кажано, божемната судијка која би требало да има завршено право (најмалку) и да е државјанин на Република Македонија со посед на сите лични документи издадени од институциите на таа држава, мртва ладна, рамнодушно ем незаинтересирано, без трошка срам објави дека судот на ,,република северна македонија,, донел пресуда !?

Бидејќи секакви тутурутки од ,,елитното,, севреџанско политичко подземје наизменично ме тужат за повреда на нивните ,,углед и чест,, овој ,,детал,, ме исправи пред загатката кој суд ќе ме суди овој петок 13-ти  и ќе ми стегне пресуда, согласно сверџанската рамковно-пржино-муртинска-преспанско-тиранско-бугарска пракса, а одобрена од подземјето во Вашингтон и Брисел?

Колку што мене ми е познато, а откако ги консултирав моите лични документи, јас, Мирка Велиновска, сум се родила во Скопје, во Република Македонија. По националност сум Македонка. Така сум се попишувала и изјаснувала. Така е запишано во Матичниот лист кој за разни потреби сум морала висејќи по шалтери да го обновувам на пола година. Гледам, читам, јас сум си државјанин на Република Македонија, статус потврден и во 1974 и по прогласувањето на независноста во 1990 година. Согласно сите документи, јас сум сто насто жителка  на Република Македонија и како таква, сум регистрирана во гласачкиот список. По таа логика јас можам да одговарам само и единствено пред судовите на мојата држава, Република Македонија. Да ме повикува и суди суд на друга  гангстерски инсталирана парадржава е таква перверзија што ме тера јавно да ги анкетирам носителите на дипломи на ,,Јустинјан Први,, самопрогласените ем напувани еминентни др-мр правници, професори, теоретичари, експерти. Сакам да знам како е можно државјанин на една држава со свое законодавство и институции во кои се вработени државјани на таа земја, да биде суден од суд на друга, паралелна квази државна, терористичко геноцидна  инсталација. Да имаше Република Македонија уставен суд, честити судии, саглам правници, нормални и скурдепсани политичари,  ова немаше да биде тема за дискусија. Вака, овој  постмодерен соросоидно- цијашки хип-хоп пандан на гордиевиот јазол, ќе мора сами да го отпетламе, да не кажам отфикариме. Оти, како што баткиве по судовите кои се самоидентификуваат како судии, адвокати, обвинители ,судејќи според судијката на ,,Кичеец,, се субјекти и живеат во друга паралелна или подземна терористичка вукоебина а која е инсталирана на македонска државна територија, такви ќе се и оние кои потпишуваат сведителства во школите, запишуваат студенти, штанцаат дипломи, делат државни награди, издаваат лични карти и патни исправи, возачки дозволи, собираат даноци…

Кој е иљачот за оваа монструозно-геноцидна операција? Просто е. Под итно потпишете го текстот кој пред две години го составивме тимски со умни и компетентни луѓе Миленко и јас и испратете го со доставница во Собранието на РМ кое сега е окупирано од гангстери – квислинзи  и геноцидни терористи што  лажно се претставуваат. Да потсетам. Во тој документ стои дека потпосникот не прифаќа деиства (долгови)  направени, противуставно и спротивни на волјата на подносителот и на мнозинството жители. Тоа пусучле ќе ви биде материјален доказ дека под принуда сте морале да примите лажни сведителства на своите чеда, да извадите лажни матични листови, да примите лажни пасоши со лажно државјанство, да ви судат лажни судии во квазисудови на квазидржава. Не заборавајте, по оваа пиздарија инсталирана од злосторници против човештвото, нужно ќе следи длабоко чистење што подразбира и одговорност пред вистински народни судови, а не пред кенгурскиве на Џес Бејли, па сите ние ќе бидеме нагрбачени да си ги враќаме оригиналните идентитети со оригинални документи. Некој ќе мора да плати за таа операција. Да не биде пак сиромавиот плаќа трипати! Значи, во очекување на толкувањето на надалеку познатите ем самопризнати правни авторитети од Република Македонија за ваквите состојанија, јас ќе го цитирам препаметниот Александар Огњановски, историчар, кој на 6-ти декември во Коложег им одговори на ,,дилемата,, на глупаците во политиката: ,,Како се ништат предавнички договори? Со нивно непочитување!,,

Молам убаво! Кратко, јасно, и логички прецизно, исторски докажано. Па вака наоружана, во петок ќе одам на суд и прво ќе го прашам судијата, кој суд ме суди за да утврадам фактичка ситуација дали сум во Република Македонија или без да знам и без некој да ме праша, сум влетала во туѓа држава чии жители ме тужат и бараат да ги обештетам материјално за нанесени тешки душевни повреди на угледот и честа им додека ја напаѓаа јужната граница на мојата матична држава.

М.Велиновска

http://www.dudinka.org/

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top