На прво место

Како Анте Павелиќ пред 92 години ги бранел македонските студенти

Ante-Pavelik

Ante-Pavelik

Како Анте Павелиќ пред 92 години ги бранел македонските студенти: Македонците робувале 500 години и нивниот народ постојано копнеел за ослободување

Без никакви претензии да се става некаков знак на еднаквост, уште помалку да се алудира на некакви национални или идеолошки примеси, веројатно малкумина, а кај младите ретко кој знае или може да се присетат дека токму во овој период од годината, во декември, пред точно 92 години, во Скопје заврши со пресуди судскиот процес против уапсените македонски студенти, членови на Македонската младинска тајна револуционерна организација.  И овој судски процес има белези на македонско-хрватска поврзаност. Прво, зашто првата група студенти била уапсена во Загреб и второ, зашто како адвокат на обвинетите се јавува д-р Анте Павелиќ, подоцна лидер на Независна држава Хрватска, контроверзна личност околу која и ден денес се водат полемики за неговата улога во хрватската историја, а шпанските власти настојуваат неговите мошти од Шпанија да бидат префрлени во Хрватска. Ова особено по пренесувањето на моштите на генералисимусот Франциско Франко од мавзолејот во семејна гробница.

Завршните зборови на д-р Анте Павелиќ на судскиот процес во Скопје ги пренеле голем дел тогашни медиуми, но особено впечатлив наслов имал весникот „Хрват“ од 9 декември 1927 година-„Голем одбранбен говор на д-р Анте Павелиќ“. Дел од написите, пак, се наоѓаат и во изданието на Државниот архив, „Македонија во странскиот печат“.

Но, еве како известувал „Хрват“ за настапот на адвокатот д-р Павелиќ:

„Денеска беше завршена расправата против македонските студенти. По другите бранители, народниот претставник д-р Анте Павелиќ рече дека на послушност спрема државата не се тера со сила, ниту со велепредавнички процеси, туку на друг начин.

Во овој процес судот не може да суди врз основа на признанија пред полицијата, зашто тие признанија се изнудени. Македонците робувале 500 години и нивниот народ постојано копнеел за ослободување. По војната, Македонија е поделена на четири државни сфери, па според тоа никнуваат друштва и здруженија коишто би сакале да ги спојат сите тие делови заедно. Разбирливо е што кога на тие луѓе не им било дозволено јавно да го кажат своето мислење се создале тајни друштва. Смешно е да им се префрла на овие момчиња дека нивната организација се обидела насила да ја отргне Македонија од државната територија. На народот и на татковината ќе им бидат потребни и нивните умствени способности.

Говорот на д-р Павелиќ беше сослушан со големо внимание. Пресудата ќе падне во сабота во 10 часот претпладне“.

ММТРО била создадена во март 1922 година во Загреб од петмина Македонци од Вардарска Македонија, студенти на Универзитетот во Загреб, на чело со Иван Бојаџиев од Велес. Нејзиниот устав бил одобрен и потпишан од тогашниот водач на ВМРО, Тодор Александров.

Во мај 1927 година доаѓа до голема провала. Според Иван Катарџиев, таа била извршена по наредба на Иван Ванчо Михајлов. Прв, на 29 мај, бил уапсен Димитар Ѓузелов. Судењето започнало на 15 ноември, а пресудите биле изречени на 10 декември 1927 година.

Од вкупно уапсените 20 студенти, деветмина биле осудени на затворски казни, а 11-мина биле ослободени.

Димитар Ѓузелов од Дојран и Иван Шопов од Гевгелија на по 20 години строг затвор, Димитар Нацев од Струмица на 15, Димитар Чкатров од Прилеп на 10 години. На петмина од нив – Харалампие Фукаров, студент на Машински факултет во Белград, Тодор Гичев од Штип, Борис Андреев од Велес, Штерјо Баздов од Крушево и Борис Светиев од Битола им е изречена казна од по пет години затвор. Другите единаесетмина: Петар Хаџипанзов, Георги Хаџиманов, двајцата од Велес, Јордан Сапунџиев од Дојран, Кирил Вангелов, Христо Хаџикимов, Благој Манев, Тодор Христов, Страхил Иванов, Кирил Караџов, сите од Штип, биле ослободени.

Сите 20-мина животните врвици ќе ги однесат во различни правци, ќе доживеат различни судбини, но некои имиња и ден денес се предмет на различни историски, национални, политички и идеолошки истражувања.

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top