На прво место

Го погрешивте човекот, не ме познавате, не ви се плашам ни вас ни никому!

Nikolovski

Nikolovski

Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ до Заев: Го погрешивте човекот, не ме познавате, не ви се плашам ни вас ни никому!

Кога власта престанува  да има аргументи, и е фатена во криминал продолжува со притисоци и закани, заплашување и прогон. Кога има недостаток на кредибилитет сака да го изгради со сила, кога губи и уште само 16 дена е премиер и никогаш повеќе, Зоран Заев се заканува со неговото судство, со тужби и притисоци кон опозицијата.

Сакам да ја информирам јавноста дека премиерот Зоран Заев поднесе тужба за клевета против мене за политичка изјава во која што кажувам дека се изрекетирани преку 20 милиони евра и дека тој е на врвот на пирамидата.

Изјавата поради која што ме тужи е цитирам:

„Некаде пред две недели споменав дека вкупната сума на побарани изрекетирани средства надминува 20 милиони евра. Досега никој ова не го демантираше што значи дека е рекетиран повеќе од еден бизнисмен, рекетирани се многу бизнисмени и побарани се многу пари. Тоа е операција која не можат да ја завршат еден или двајца луѓе. Тоа е операција која е добро осмислена од врвот на СДСМ, координирана  лично од Зоран Заев и понатака управувана од целата држава затоа што е потребна и кривична и политичка одговорност“

За иронијата да биде поголема барањето за тужба е испратено од неговиот  скап адвокат Филип Медарски кој е познат по непотизмот во судството и во обвинителството. Целта на власта е сега  јас сега јавно да се извинам, да се уплашам и да се повлечам. Бара да му исплатам 60.000 денари оштета, како и да му го платам скапиот адвокат. Бара 60.000 денари оштета затоа  што брат му Вице е исто така во тужба за клевета, не успеа да добие од мене 30.000 денари оштета, па сега веројатно по принципот евро за евро бара 60.000 денари оштета за да можат со брат му да поделат по 30.000 денари.

Зоран кој што го советуваше јавно Вице да не ме тужи за клевета, сега тој истиот тој Зоран ме тужи. Тоа е тој тажен премиер во заминување кој што едно кажува, а друго прави. На сето ова јас едноставно ќе кажам го погрешивте човекот, не ме познавате, не ви се плашам и ќе одиме до крај, ни вас, ни никому особено кога ја говорам вистината.

Ниту планирам да се извинам, ниту планирам да се повлечам, ниту да ја свиткам кичмата затоа што тоа не е дел од мојот карактер. Особено не кога ја говорам вистината. Ќе одиме на суд. Зоран Заев со најскапиот адвокат во државата, може да покани и некој друг да го застапува, јас сам. Тој со најскапиот адвокат во државата и против вистината  јас ќе се бранам сам и со вистината и ќе победам затоа што ќе победи вистината.

Јас уште еднаш јавно ќе го повторам и ќе го посочам она што го кажав, сумата на рекетирани средства надминува 20 милиони евра, рекетирани се повеќе од  1 бизнисмен и тоа е операција која што е добро обмислена од врвот на  СДСМ и координирано лично од Зоран Заев за што треба да има политичка и кривична одговорност. Јас стојам позади ова.

Дека сето  ова што е кажано пред 4 месеци е вистинито и точно не мора да ми потврди Зоран Заев, тоа го потврдува времето. Да одиме по ред.

Прво факт е дека сумата за рекетирани средства надминува 20 милиони евра и не е во прашање само еден бизнисмен. Ќе посочам дека главниот сведок во Рекет 1, во прашања во судот, под полна материјална и кривична одговорност  посочи дека и други лица биле рекетирани односно други бизнисмени. Тоа никој од посочените не го демантираше што значи не е само еден. Тоа што обвинителството молчи  и не ги повикува овие лица и не го проширува предметот  е друго прашање за кое што сум убеден Зоран Заев има подобри сознанија зошто е тоа така.

Втора причина дека сум во право е да ја потсетам јавноста дека постои и случај Рекет 2 во кој што бизнисмен сведочи за изнуда која што е вмешан посредник присутен и во случајот Рекет 1, а се однесува на министерот за здравство и на директорот на фондот на здравство.

Значи не е еден, повеќе се бизнисмени. Се случи и аферата „Вирус“, се случи и аферата во која што бизнисмен обвинува дека тандемот Вице и Зоран Заев го притискале за да му земат земјиште. И се случуваат афери секој ден, што само потврдува дека се многу пари и дека се многу бизнисмени.

Трето, никој во оваа држава не верува дека е можен милионски рекет без знаење на врвот на власта. Па дали верувате дека било кој на Боки 13 денар би му дал, евро би му дал, доколку самиот врв на власта не стои на пирамидата.

Всушност и самиот тој кажал дека бил предупреден од страна на врвот на власта дека случајот е пријавен во обвинителството што само говори за тесната врска помеѓу нив.

Четврто, она што Заев преку неговиот адвокат не го пишува во тужбата, е вториот дел од мојата изјава. Која што е оптужена, во која што велам дека кривична одговорност не може да остане само на овие тројца кои што сега се опфатени, туку треба да се прошири на многу повеќе.

Ова е дел кој што не сакаат да го цитираат затоа што не им одговара. Четири месеци подоцна никој не е чепнат од врвот на СДСМ и дополнително половина раководство на партијата која што се споменуваше гледаме дека останува нечепнато. Што само зборува за каква спрега помеѓу власта и обвинителството стои.

Ќе кажам збор два и за самата суштина на тужбата. Оваа тужба не е за докажување на вистината. Оваа тужба не е за да се докаже вистината. Туку е за прогон врз главната опозициска политичка партија и врвно и лично. Но и за нешто што народот го нарекува ишкање на мувата од капата. На Заев тие околу него му велат – „Уживај шефе, ќе го тужиме и преку нашите инсталации во судството ќе го добиеме. И на тој начин ти ќе докажеш дека немаш ништо со Рекет“.

Тоа е целта на оваа тужба, но тоа е можно само во бајките, а не во реалниот живот. Затоа што во реалноста прават од грешка на грешка и одат од грешка во грешка. Па така ќе видите во документите кои што ви ги доставив самиот негов адвокат навел во тужбата дека се сомнева за одредени идни постапки по однос на премиерот Зоран Заев затоа што вели цитирам дека сум ја нарушил презумцијата на невиност на Зоран Заев. Па ако на ниеден начин не е вмешан и ако нема на ниеден начин истрага или одговорност за него, што ќе му е презумција на невиност.

И последно, ќе потсетам дека оваа тужба доаѓа од премиер и политичка партија која нарачува тепање на граѓани, ослободува убијци на деца, врши брутален прогон врз опозицијата. И кога не го прави сето ова погодува напред пред судот за да докажува дека ете наводно не е крив он.

Очигледно наместо флоксули за ЕУ на Заев повеќе му се допаѓа друштвото Свазиленд и Либија, каде ја сврстува Економист по невработеноста на младите. А, убеден сум дека состојбите во судството и слободата во делувањето нема да сме нешто подобри.

На крај да повлечам уште еднаш тужбата на Зоран Заев не е за докажување на вистината туку за дефокусирање на вистинското прашање во овој случај, а тоа е каде завршија парите на „Рекет“.

Ќе одиме на суд со задоволство секој со својата страна, кажав Заев со најскапиот адвокат, а јас сам и ќе ја докажуваме вистината.

Најново од: На прво место

Музиката гради мостови меѓу Македонија и Кина – ФМУ потпиша Меморандум за соработка со Xiamen Institute of Technology

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка и одржувањето на заедничкиот концерт „Музиката нè поврзува“, се отвораат нови перспективи за академска, уметничка и културна соработка меѓу Македонија и Народна Република Кина. Факултетот за музичка уметност – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и Xiamen Institute of Technology (XIT) од Народна Република Кина потпишаа […]

Промоција на капиталното научно дело „Лексикон на македонскиот фолклор“

Во понеделник, 30 ноември 2026 година, во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, ќе бидат презентирани резултатите од капиталниот научноистражувачки проект „Лексикон на македонскиот фолклор“ – значајно дело за зачувување и афирмација на македонското духовно и материјално културно наследство. ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил […]

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

To top