На прво место

Извршниот и Централниот комитет едногласно дадоа доверба на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. Д-р Христијан Мицкоски

Igor Janusev

Igor Janusev

Највисоките партиски тела му ја дадоа поддршката на Мицкоски во разговорите за техничка влада

По одржување на седницата на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ би сакале да ја информираме јавноста за неколку донесени одлуки.

Прво Извршниот и Централниот комитет едногласно дадоа доверба на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. Д-р Христијан Мицкоски да ги води разговорите и да ги даде предлозите во однос на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за идни министри, односно заменици или дополнителни министри во техничката влада.

Целта на овие луѓе ќе биде да се погрижат за фер, демократски и целосно транспарентни избори кои ќе се одржат на 12 април.

Второ, Централниот и Извршниот комитет даде целосна едногласна поддршка на Претседателот на партијата Христијан Мицкоски да биде новиот мандатар односно кандидат за мандатар по завршување на изборите на 12 април, на кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува убедлива победа. 

И трето, Централниот и Извршниот комитет на партијата едногласно го усвоија годишниот извештај за работа на Претседателот Мицкоски и исто така на негов предлог, од Кабинетот на претседателот Мицкоски беше разрешен соработникот Томислав Димитровски кој што е познат на јавноста по еден немил настан кој што се случи во изминатиот период.

За крај би сакал да напоменам дека Република Македонија се наоѓа во една исклучително тешка состојба. Потребно е да се стават интересите на народот пред партиските и лични интереси.

Народот на Македонија очекува надеж. На народот на Македонија им е потребна шанса за подобар живот.

Нашата борба е за напредок, принципи, вредности и за Обнова на Македонија.

И сосема на крај, дозволете во однос на предлогот на Заев за трампа на кандидат за мандатар за неговиот предлог за изборен модел, треба сега и секогаш да знае дека оваа пазарџиска политика ВМРО-ДПМНЕ не ја прифаќа. 

Македонија е многу повеќе од тоа што ја замислува Заев. Пратеничкиот имунитет на кој што се надева нема да го амнестира од никаква одговорност. Ова се сериозни теми кои што мораме да ги водиме врз основа на принципи и аргументи. 

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top