На прво место

Владиниот кабинет во сенка бил стациониран во станот на Боки 13

Владиниот кабинет во сенка бил стациониран во станот на Боки 13. Од таму се координирала операцијата Рекет. Од таму се бирале жртвите и начинот на кој што блиските соработници на Заев ќе им одземат милиони евра.

Во станот на Боки 13 редовно имала сеанси половина влада на чело со Зоран Заев. Во станот биле редовни Шекеринска, Филипче, Кирацовски и останати високи владини и партиски функционери.

Сите тие го гледале луксузот во кој што живее Боки 13 и милионите со кои се расфрла и знаеле дека тие не се законски и чесно заработени. Затоа Димитров го криел криминалот пријавен од странски дипломати, а Заев не може да се сети и да докаже кога пријавил. Затоа Спасовски комуницирал со рекетарите наместо да ги апси, а Боки 13 бил предупредуван да не контактира со жртвите на рекетот кои се охрабрувале да го пријават криминалот на политичко-медиумско-обвинителскиот октопод. Затоа е јасно дека сите од прв до последен лажат за своите контакти и соработка со Боки 13.

„Илинденска бб“ е адресата на која што завршува содржината на фамозната торба „Луј Витон”, која стана олицетворение за криминалот и корупцијата на Зоран Заев и неговата криминална банда.

На цела држава и е јасно дека 2 пати амнестираниот криминалец не можеше да се воздржи да не биде дел од уште една мулти-милионска криминална измама. Тоа е начинот на кој што функционира Зоран Заев. Тоа е неговиот модус операнди, закани, уцени, притисоци, рекет, мито, поткуп и корупција.

Начинот на кој раководеше со општина Струмица е начинот на кој што тој раководи со Владата на Република Македонија.

За само 3 години криминално рекетарската банда на чело со аболицираниот Заев изрекетира повеќе од 20 милиони евра. Како што бараше 1 евро за Вицето, сега бара милиони евра од политичари и бизнисмени. Цела Влада знаела за рекетот. Сведок во процесот информирал амбасадор за уцените и изнудите тешки 2 милиони евра, а известен бил и Димитров за рекетирањето од страна на партнерите на Заев.

Димитров наместо да застане на страна на правдата тој не го пријави случајот во обвинителството и не ги известил надлежните органи. Димитров треба да е свесен дека самото непријавување е кривично дело, а органите на прогонот треба да ја најдат причината за ваквата постапка.

Дали станува збор за лукративни побуди или на тој начин си ја обезбедувал блискоста со Заев.

Одговорност мора да има, и политичка и кривична за криминалот и корупцијата, тоа ќе се случи само кога правосудниот систем во Македонија ќе се ослободи од стегите на власта. Тогаш ќе одговараат оние кои се огрешиле пред законот како и оние кои се ставиле во заштита на криминалот.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

Професор Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмат Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ со водителот Илија Влков, Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун […]

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

To top