На прво место

ВМРО-ДПМНЕ со предлог за кандидати за министри и заменици министри во техничката вла

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предложи следниве кандидати за министри и заменици министри во техничката влада која треба да ги спроведе предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април 2020 години.

За технички министер за труд и социјална политика ќе биде д-р Рашела Мизрахи

Рашела Мизрахи има  докторирано на Универзитетот Бар Илан во Израел, каде станува доктор на науки по биохемија. Има остварено научно истражувачки дејности од повеќе области на Универзитети во Израел, Канада и Македонија, како што се: биохемија и молекуларна биологија на репродуктивни клетки, на катедра на проф. Хаим Браитбарт, Универзитет Бар Илан, Израел. Менаџмент на генетскиот потенцијал во Онтарио, Канада.

Своето работно искуство го стекнува на институтот за истражување во кардиологија – Нјуфелд, Медицински Центар – Шива, Израел, како и на Физиологија на репродукција, лабораторија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј и повеќе други обуки.

Мизрахи работела како консултант на Глобален Фонд во рамки на програмата за Туберкулоза во Република Македонија, на мониторинг на лабораторија во Израел, како и Асистент на катедрата за Физиологија при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје.

-Цветан Трипуновски ќе биде предложен за нов заменик министер за земјоделие.

Цветан Трипуновски има работено во  Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како државен советник, а претходно од 2015та до 2017та година ја извршуваше и функцијата директор на Државниот земјоделски инспекторат, а во  периодот од 2006та до 2008та година е прв човек на државната фитосанитарна лабораторија.

Трипуновски од 2008та година до 2012та година беше пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија. Цветан Трипуновски од 2017 година е и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. По струка е дипломиран земјоделски инженер, а моментално е и пост дипломец на Земјоделскиот Институт во Скопје.

– За нов заменик министер за финансии ќе биде предложена Гордана Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска е магистер по економски науки на Универзитетот Св Кирил и Методиј.

Вработена е во приватна компанија како финансиски консултант во областа на контролинг и финансии. Претходно има работено во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а воедно во одреден период е и директор за финансии во ЕЛЕМ, во времето кога со оваа компанија управуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Гордана Димитриеска Кочоска поседува обуки, професионални надградби и меѓународни сертификати од повеќе области како што е анализа на финансиски извештаи, сметководствена аналитика, менаџирање, контрола и управување, завршила и Академија за контрола, во Менаџмент центар Белград,  а лиценцирана од CA Akademie AG.

– За нов заменик министер за информатичко општество и администрација ќе биде предложена актуелната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска Стојковски.

Претходно работела во секретаријатот за европски прашања и во Агенцијата за странски инвестиции каде што била координатор на економските промотори, и работела на привлекување странски инвестиции.

Таа е магистер по Европско право и право на Европска Унија. Има знаење и пракса од повеќе меѓународни обуки како што е работа на прашања поврзани со ООН, организирана од секторот за мултилатерала на МНР. Била ангажирана на националната програма за усвојување на правото на ЕУ, координација на ЕУ фондови и други обуки.

Најново од: На прво место

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

Професор Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмат Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ со водителот Илија Влков, Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун […]

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

To top