На прво место

Благодарение на Зоран Заев во 2019-та граѓаните ја живееја најмрачната година во историјата на државата

2019 година беше година на порази, национално понижување и општ грабеж на парите на граѓаните.

2019 година беше година на криминал, корупција, рекет и непотизам.

2019 година беше година на мафијашки престрелки, запалени автомобили и беззаконие.

2019 година беше година на клиентелистичко Кацарска судство, поданичко Рускоска обвинителство и неправди.

2019 година беше година на пропаѓање на образованието, деградирање на земјоделието и криминализирање на здравството преку општ тендерски грабеж.

2019 година беше година на целосна стагнација на капиталните инвестиции и масовно исселување на младите.

Нашите граѓани во 2019-та ја живееја најмрачната година во историјата на државата благодарение на Зоран Заев. Наместо просперитет и успех, граѓаните живеат во чемер и јад.

Годината која Заев ја најави како економска, впрочем е годината кога македонската економија колабираше. Годинава криминалната власт предводена од аболицираниот Заев не успеа да реализира ни 50 проценти од капиталните инвестиции, а домашните бизнисмени годината „економската“ година на Заев ја оценија како една од најлошите години во независна Македонија. Парите од секојдневното задолжување преку криминални тендери и грантови, непотистички вработувања завршија на сметките на партиски и владини функционери.

Ни во 2019-та година лекарите не ги добија ветените 100 илјади денари плата, а речиси да не минува ден без протест на здравствените работници. Повеќе од 400 лекари си заминаа од државата само годинава, а пациентите се оставени на милост и немилост. Студентите по медицина „задолжително“ учат и еден странски јазик паралелно со студирањето и размислуваат каде ќе избегаат по завршувањето на студиите.

“Најкултурен” настан организиран од власта годинава беше дивеењето на шверцери во МНТ. Состојбата во културата е  катастрофална. Не минува доделување на грантови или државна помош без крупен скандал. Културните работници наместо во театрите и институциите во кои што работа се на улица.

Македонија нема ниту еден универзитет на Шангајската листа.

За време на владеењето на Зоран Заев се случи и најголемата криминална афера во историјата на независна Македонија, аферата „Рекет“ во која се вмешани високи функционери на власта. Од сведоците дознавме кој се го посетувал домот на Бојан Јовановски, сите ги видовме неговите фотографии лично со Зоран Заев. Нема веќе дилеми во јавноста дека 2 пати аболицираниот криминалец Заев е на чело на криминално-рекетарска банда сместена на Илинденска бб.

Повеќе од 500 илјади граѓани денот го поминуваат со само еден оброк, бидејќи повеќе и не можат да си дозволат. Овие наши сограѓани не планираат каде ќе ги поминат новогодишните празници туку како ќе го преживеат месецот. Наместо 500 евра плата, 500 километри автопат, живот како што ветуваше СДСМ македонските граѓани добија едно големо „мало сутра“ од Зоран Заев.

Казната за лагите, поразите и понижувањата кои Зоран Заев им ги сервираше на македонските граѓани доаѓа на 12 април. Граѓаните на Република Македонија ќе ги поразат црнилата и ќе ја одберат обновата. Гласот за ВМРО-ДПМНЕ ќе е глас за обнова на Македонија. Доаѓаат подобри времиња за Македонија и нејзините граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top