На прво место

МВР преку Интерпол треба да распише меѓународна потрага по Јани Макрадули

За СДСМ поприоритетно е да се набават покер апарати отколку тие 6,5 милиони евра да се вложат за намалување на загадувањето на воздухот

МВР преку Интерпол треба да распише меѓународна потрага по Јани Макрадули. Постои сериозен сомнеж дека заменик министерот за животна средина на СДСМ ја напуштил земјава и заминал на локација каде што ќе може да ги наполни белите дробови со воздух без канцерогени честички.

Тоа што го прави Јани Макрадули и најголемиот дел од функционерите на СДСМ е луксуз кој што не може да си го дозволат огромното мнозинство на граѓани на Република Македонија. Тие секојдневно ги полнат болниците како последица на лагите и неодговорниот однос на Заев, Макрадули и СДСМ кон проблемот со загадувањето.

Според податоците на Светската здравствена организација повеќе од 3 илјади граѓани на Република Македонија годишно умираат поради аерозагадувањето. Наместо реално мерки за Малрадули и СДСМ виновни се мерните инструменти. Макрадули и СДСМ се пбидуваат да ги излжат граѓаните дека мерните инструменти се виновни што Скопје и Њу Делхи се меѓу најзагадените градови во светот, а Калкута дека би била помалку загадена од Виена или Цирих ало инструментите би биле во ред.

Болниците се преполни со оние кои ја плаќаат цената за неспособноста на власта граѓаните, хронично болните, старите и изнемоштени лица, деца кои поради загадувањето на воздухот имаат проблеми со здравјето.

Изминаа три години во кои од година во година се зголемуваше државниот буџет, години во кои Владата на Зоран Заев не понуди никакво решение за проблемот со загадениот воздух, напротив од година во година квалитетот на воздухот е се полош и полош.

Годинава СДСМ процени дека е поприоритетно да се набавуваат покер апарати отколку тие 6,5 милиони евра да се вложат во еколошки проекти.

Скопје редовно се наоѓа на листата на најзагадени градови во светот, а на листата се приклучија и повеќе поголеми градови ширум државата.

Граѓаните се гневни на власта, а казната за нејзината неспосбност и дрскост следува на 12 април. На граѓаните на Република Македонија повеќе не им се потребни изговори, туку работа и посветеност, решение за нивните проблеми меѓу кои еден од најгорливите е токму проблемот со аерозагадувањето. Она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ, она што го нуди „Обновата за Македонија“ е токму она кое што граѓаните го бараат.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top