На прво место

Прашања кои што заслужуваат одговор

Прашања кои што заслужуваат одговор: Неколку прашања кои што Коста Петров треба да им ги постави на министрите од неговата влада…
Изминатиов период македонската јавност беше сведок на едно добро осмислено сценарио од холиудски карактер (односно плагијат) од страна на СДСМ и власта, а во режија на нивниот потпретседател Коста Петров.
Имено, функционерот на СДСМ Петров во неколку прилики, односно во наликик на некоја си успешна влада и напредна земја ги промовираше неговите министри, притоа поставувајќи им смешни и однапред провидни кратки прашања за тоа колку биле „ИН“ истите и за тоа што сработиле во изминатиот период…

Нормално, одговорите на секој му се јасни, сигурно самите тие нема да одговорат негативно за нивниот неуспех и на секој можен начин и прку маркентишки трикови се обидуваат да ја изманипулират македонската јавност.

Она што треба да го направи потпретседателот на СДСМ, Коста Петров а ќе биде од интерес на сите граѓани на Македонија е да им ги постави следните прашања на сите негови партиски челници кои што во моментов се на високи државни функции, а во изминатиот период од три години речиси и ништо не сработиле.

Не се 30 но се неколку кратки прачања кои што Петров треба да им ги постави на неговите функционери од власта:

1.Дали ја направивте минималната плата 30.000 денари?

2.Дали приходите за двајца вработени во едно семејство изнесуваат 1.000 евра како што ветувавте во 2016 година за време на изборната кампања?

3.Дали го сопревте иселувањето на младите откако дојдовте власт?

4.Колку млади успеавте да вратите од оние иселените и што ги мотивирало истите да се вратат?

5.Дали во овие неколку години откако сте на власт сте излегле пред влада и сте оставиле кондури, во знак на револт што младите се иселуваат од Македонија?

6.Дали се колневте дека нема да го промените името на Република Македонија, па делувавте спротивно?

7.Дали вашиот лидер треба да си понеси одговорност за она што му го направи на Македонија?

8.Дали после насилната промена на името добивте датум за преговори со ЕУ?

9.Дали свесно ги лажевте граѓаните за време на референдумската кампања дека со прифаќањето на договорот од Преспа ние веќе сме дел од ЕУ и НАТО?

10.Дали донесовте алпски воздух и живот за сите во Македонија?

Постојат мал милион неодговорени кратки прашања кои што Коста Петров (само да не бидат од холиудски стил) треба да им ги постави на неговите соопартијци од власта кои што за жал изминатиот период освен корупцијата и скандалите ништо друго не направија.

Ова не се 30 туку 10 кратки и клучни прашања кои што заслужуват одговор од страна на власта а кои што треба Коста да им ги постави, се разбира доколку не важи онаа нивната „НЕКОИ ПРАШАЊА НЕ ЗАСЛУЖУВАТ ОДГОВОР“

https://kurir.mk/makedonija/vesti/prashanja-koi-shto-zasluzuvaat-odgovor-nekolku-prashanja-koi-shto-kosta-petrov-treba-da-im-gi-postavi-na-ministrite-od-negovata-vlada/

Најново од: На прво место

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Најнови вести

To top