На прво место

Најголемиот финансиер на СДСМ бара да извезува и цвет од канабис!

Marihuana

Marihuana

Владата на Заев за само една година доделиле 31 лиценца за одгледување марихуана, од кои во само месец декември 2019-та година кога Заев е премиер доделиле 10 лиценци, а уште 20-тина се на разгледување.

Како што рековме и вчера, според информациите кои дојдоа до нас, сомневањата говорат дека владата на Заев манипулирајќи ги потенцијалните и заинтересирани производители на канабис, создадоа нова рекет машина преку која се собираат пари од бизнисмени кои се заинтересирани и сакаат да одгледуваат канабис. Практично дел од лиценците ги добија блиски луѓе до СДСМ и Заев.

Денес ќе обелодениме една фирма која има добиено лиценца за канабис, инаку блиска до СДСМ и Заев.

Една од лиценците за одгледување канабис ја има добиено фирмата ГРИН МЕДИКАЛС МКД Кочани, каде што еден од сопствениците е синот на поранешниот пратеник на СДСМ, Ванчо Ѓорѓиев познат во јавноста како Ванчо Деликатес.

Сопственикот Ѓорѓи Ѓорѓиевски, син на Ванчо Деликатес, заедно со татко му се едни од најголемите финансиери наназад во годините во СДСМ со огромни суми на пари.

Прашањето е многу едноставно, како е можно, токму една од лиценците од оваа хипер продукција на лиценци за канабис, да ја добие токму синот на еден од најголемите финансиери на СДСМ?

Дали овие луѓе кои многу често се во друштво на Заев можеби си ја купиле лиценцата за одгледување  канабис од фамилијата Заеви?

Фирмата на еден од најголемите финансиери на СДСМ чека закон за да може да извезува и цвет од канабис, а не само масло како што е законски регулирано.

Потенцирам, ова не е единствен случај на доделена лиценца на бизнисмен близок до СДСМ, деновиве ќе обелодениме уште неколку. Низ кулоарите кружи информација дека добивањето лиценца чини од 300.000 до 500.000 евра.

Уште еднаш прашуваме, дали е точно дека Заеви доделувале лиценци на нивни блиски фирми без истите да поседуваат соодветен елаборат, па практично сега лиценците им се незаконски?

Дали после ова, конечно институциите ќе се охрабрат да реагираат и истражат ваков сериозен случај за кој доколку се утврди дека на незаконски начин се издавани лиценци ќе треба некој да сноси кривична одговорност?

Обновата на Македонија доаѓа на 12-ти април, а Заев и СДСМ ќе понесат одговорност, и никогаш повеќе нема да и се случат на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top