На прво место

30-те прашања на кои што Никола Димитров нема одговор

Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

30-те прашања на кои што Никола Димитров нема одговор, како што немаше ниту датум кога се фотографираше во авионот!

Заминавте како амбасадор на 29 години, а предлагате закон да нема амбасадор до 45 годишна возраст, признавате сопствена недораснатост за улогата?

Почитувани,

  1. Никола Димитров, кое име повеќе ве опишува Скандалмен или Никиликс?
  2. Чувствувате ли промена во раката со која што ги потпишавте Преспа, Оставката и писмото до Атина со кое придавката „macedonian“ не се однесува за етничка или национална припадност?
  3. Лаже ли Заев кога вели дека Владата била излажана од европските партнери дека промената на името ќе отвори  преговори со ЕУ?
  4. Заминавте како амбасадор на 29 години, а предлагате закон да нема амбасадор до 45 годишна возраст, признавате сопствена недораснатост за улогата?
  5. Додека сме кај законот – со термин темелна реформа, сокривате партизација и пресметка со неподобните со вас?
  6. Уште еднаш, знаевте за „Рекет“, а не знаевте дека Обвинителство е зад Вашата канцеларија во МНР, или друга беше причината што криевте?
  7. Колкави внатрепартиски кавги беа причината за фијаското и поништувањето на конкурсот за 26 млади дипломати и вработувањето на само шестмина однапред договорени?
  8. Димитров зошто ги криете критиките за криминалот и корупцијата што ги добивавте од дипломатите, па за нив јавноста треба да дознае од странските амбасади?
  9. Вие ли му ги сместивте на Заев пранкерот  Порошенко, и пранкерот  Столтенберг, па и лажниот црногорски Принц, по протокол, или пак не сте знаеле?
  10. Му кажавте на Заев дека цел свет му се смее за пријателството со лажниот Порошенко, и што значи неговата понуда за поткуп, макар и за признавање на црковната независност, или и за тоа немате спремни несоодветни цитати?
  11. Димитров се договоривте ли со Дане Талески во неговото досие за амбасадор да стои отворена закана кон Иран?
  12. Остана ли некој незгрижен од комисијата за стипендирање која што работеше вонредно и прекувремено за ќерка ви навреме да стигне до вашиот дом во Холандија?
  13. А, дали пак тоа е причината за упорноста за сериозно кршење на закон и испраќање амбасадор со двојно државјанство, инаку член на комисијата за доделување стипендија за студии на ќерка ви во странство?
  14. Дали ќерката на Софка Пејовска Дојчиновска од Антикорупциска комисија, без конкурс ја испративте во Брисел за да се подмачка стипендијата за вашата ќерка?
  15. Никола Димитров се уште ли сте тема на холандската политика и јавност со корупцискиот скандал и трошењето на државни субвенции од Холандија од 20 милиони евра?
  16. Уште ли ви се допаѓа ставот на фејсбук „Србија ќе гори во пеколот“?
  17. На толку скандали, што ли ве советуваат Габер за 1.200 евра, Спасов и Чупеска за по 1.000 евра месечно?
  18. Зошто извисивте за Нобеловата награда за мир, и љубомора ли е причината за бојкотот на Хандке? Во меѓувреме , прочитавте ли нешто од него?
  19. Што се сторија доматите што ги ветувавте со гајби за почеток на преговорите?
  20. Вие ли го учевте Заев да вели „имаме датум, Европа никогаш повеќе нема да се навраќа на Македонија“ и други лаги, му враќавте ли што не бевте кандидат за претседател на државата?
  21. Кога изјавивте дека без датум не знаете како би се вратиле дома, на што точно мислевте?
  22. Објаснете: Што е тоа мултиетничка македонска нација, кој јазик го зборува таа, и кој јазик го зборуваат вашите роднини во Грција?
  23. Гоце Делчев е Македонец, господине министер, па ќе имате ли доволно цврст ‘рбет  еднаш тоа јасно и јавно да го кажете пред Захариева?
  24. Никола Димитров каква тоа држава градеше СЈО – рекетарска, хонорарна или некаква трета?
  25. Постоел ли т.н. „одред на смртта” во МНР кој што ги чешлал сите лични досиеја на „неподобните” за тие да бидат отпуштени од работа, а главниот чешел да замине амбасадор во Стразбур, во Прага, кај и да е?
  26. Како рековте, кој јазик го зборат Македонците во Грција?
  27. Ќе им се надомести ли конечно штетата на тројцата дипломати во МНР- избркани, па судски вратени на работа?
  28. Знаете за Опасни врски – тајното име на вашиот кабинет?
  29. Го подготви ли Дипломатска академија Дане Талески да избега и да не се појави на закажаната одбрана на амбасадорски тези за да замине во НАТО?
  30. И на крај, како гласеше познатата клетва на Вашиот татко, Димитар Димитров напишана во колумната „Уште еден акт на велепредавство“?

Јас ќе го прочитам, знам нема да одговорите. Вели: „Валканата работа ја врши еден недоветен министер“, – па завршува – „Раката да му се исуши, кој ќе стави потпис на најавената спогодба!“

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top