На прво место

АНГЕЛОВСКИ: Нова студена војна, нови геополитички сојузи – незамисливото станува реалност!

 Страшо АНГЕЛОВСКИ

АНГЕЛОВСКИ: Нова студена војна, нови геополитички сојузи – незамисливото станува реалност!

Две работи во светската политика стануваат се поизвесни – вториот мандат на Доналд Трамп како претседател на САД и соработката меѓу Москва и Вашингтон. Обете, до скоро незамисливи за американската “длабока држава“, за креаторите на политика на омраза со која посеаја толку несреќи на земјинава топка. Омраза која, за среќа, ја виде целиот свет, кога во знак на немоќ, “шарената“ Ненси Пелоси, претседателка на претставничкиот дом на Конгресот, ја искина копијата од говорот на претседателот на САД. Нешто веќе видено кај нас, кога со умови заматени од омраза (а можеби и од нешто “бело“ што пред секој протест се делело во паркот спроти зградата на Собранието), шарените “револуционери“ ја палеа канцеларијата напретседателот на Република Македонија.

И, доколку после вчерашниот неуспешен и смешен обид за отповикување на Трамп, после неговото триумфално обраќање на нацијата и после сите постигнати резултати во изминативе три години, неговиот втор мандат е речиси сигурен, останува да се објасни тезата за идната блиска соработка на Москва и Вашингтон.

Имено, светот веќе подолго време се наоѓа во фаза на студена војна, нешто слично на онаа од втората половина на минатиот век. Во нејзиниот досегашен тек, се разместуваа фигурите на таблата за да започне вистинската игра. Па така, дојде до соработката на Руската Федерација и Кина и создавањето на БРИКС, до средбата на американскиот и севернокорејскиот лидер, до “коалицирањата“ во војната во Сирија, до признавањето од страна на САД на Ерусалим за главен град на Израел и новиот предлог за решавање на израелско-палестинскиот спор, до руско-турското пријателство, до последниот обид за американско-ирански судир, до…

Зошто ќе следи затоплување на односите и соработка меѓу Москва и Вашингтон?

Очигледно дека администрацијата на САД како свој непријател,во моментов, ја таргетира Кина со нејзината брзорастечка економија и со нејзиното распоредување на виталните точки во светот, со што станува главен конкурент на американската економија. Ако е тоа така, а така е, станува очигледно дека Трамп ги прифаќа поуките од американската дипломатија од крајот на 20 век, кога со тајната посета на Пекинг на тогашниот државен секретар Хенри Кисинџер се постави новиот темел на американско-кинеските односи, што беше клучниот момент на тогашната студена војна – раскол меѓу Кина и Советскиот Сојуз и сојуз на Вашингтон и Пекинг против Москва. Многу скоро после тоа, следуваше распадот на Советскиот Сојуз и американската доминација во монополарниот свет.

Сега, кога Кина е прифатена како непријател, следува дипломатска активност за раздвојување на Пекинг и Москва и привлекување на Русија кон западната конфигурација, како чин на слабеење на Пекинг, но и како единствен спас за Русија од скорешното “гушење“ од се поразвиената Кина. За да го постигне ова, Трамп, за почеток, на Москва ќе и “понуди“:

  1. Признавање на Крим за руска територија
  2. Враќање на Русија во Г8,што е само симболичен,но сепак,чин на добра волја
  3. Завршување на процесот на ширење на НАТО,што ќе значи еден вид “финландизација“ на Украина со неутрален статус и отфрлање на разместувањето на украинска војска во Донбас.
  4. Целосно укинување на санкциите кон Руската Федерација.

Со ова,Вашингтон ќе покаже дека со болка се простува од илузијата за својата семоќност и ја признава нужноста од отстапки, наместо ултиматуми. Можеби на почетокот депресивно, но на крајот како нова геополитичка реалност со која ќе мора да се соочи.

Како поткрепа на наведеново, може да ја искористиме “Стратегијата за надворешни работи на САД“, објавена од Советот за меѓународни односи (Council of Foreign Relations), скратено CFR. Приватна организација, секако една од највлијателните американски аналитички организации и,една од петте највлијателни организации во светот, заедно со попознатите “Билдерберзи“ и Трилатерали“, чие издание е часописот “Foreign Affairs“, а за која работат над 4.900 луѓе, меѓу кои дипломати, научници, бизнисмени, новинари… Организација која понекогаш е обвинувана за завери заради формирање светска Влада, а претставува дел од американската длабока држава.

Тоа е стратегија која треба да обезбеди победа на САД во новата студена војна со Кина и доминација на Вашингтон на геополитичкото поле во 21-от век. Во оваа стратегија на CFR веќе нема илузија дека САД може да го победи целиот свет, дури ни само Кина (нешто што Трамп го прифати како реалност уште при својот прв избор за претседател). Во нејзе се вели дека САД треба да престане да се троши во други геополитички насоки и да се сконцентрира на Кина и на радикални внатрешни реформи (нешто што исто така,веќе три години е приоритет на Доналд Трамп). Ова претставува признание за Трамп и за неговите политики од неговиот најголем непријател – длабоката држава,за чиј дел се смета CFR.

Во Стратегијата уште се вели дека не требало да се воведат санкции кон Русија после анексијата на Крим во 2014-та и, што е уште поинтересно,дека не требало да се дава јавна американска поддршка на “мајданската револуција“. И, конечно, дека САД и сојузниците мора да се обидат да отворат широк дијалог со Путин за светскиот поредок и безбедноста на Европа и Азија.

Со ова,стануваат јасни четири работи:

  1. Американските елити полека стануваат свесни дека досегашните обиди за “гушење и давење“ на Русија со економски санкции, а во идеална варијанта “смена на режимот“ се минато и, несомнено отстапуваат од идејата дека на Москва може и мора само да и се заканува и, се навикнуваат на идејата дека со Москва е можно, дури и нужно, да се водат сериозни преговори.
  2. Надворешната политика на САД ќе биде сконцентрирана на Кина и економскиот ривалитет со таа брзорастечка економија и САД престанува да се “троши“ во други геополитички насоки, вклучувајќи го и Балканот, што е за нас од посебна важност, бидејќи Балканот најверојатно ќе и биде оставен на Европската Унија по теркот на Макрон, додека после непромислените изјави на Ердоган во Киев, Турција ја губи можноста за свое влијание во регионот.
  3. Завршува процесот на проширување на НАТО, со што неутралноста ќе стане посакувана категорија. Она за што МААК се залага веќе триесет години – неутрална македонска држава, со што иако мала, ќе беше држава фактор за мирот на Балканот. За жал, со насилниот влез во НАТО, таа можност е неповратно изгубена, а, најверојатно, со својата воена неутралност, нашиот северен сосед ќе добие улога на клучен играч на Балканот.
  4. САД, полека, но, сигурно, се оградуваат од “шарените револуции“ и од нивните изведувачи. Тоа ќе рече дека дури и американската длабока држава ваквите “нашмркани“ револуционери ќе ги исфрли како марамче за една употреба.

Го пишувам сето ова свесен дека со ваквиот развој на нештата, се отвора нова шанса и за Република Македонија. Останува на нас дали сето ова ќе го разбереме, ќе изградиме вистинска национална и државна стратегија и ќе ги оствариме вистинските вековни идеали на македонскиот народ. Зашто оној кој не знае да го искористи понуденото, за навек останува во чекалната за подобро утре.

(Авторот е претседател на МААК)

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top