На прво место

Мизрахи: Ќе го обелодениме криминалното самоволие на поранешната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска

На денешната прес конференција ќе го обелодениме криминалното самоволие на поранешната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска и нејзините лицемерни политики за грижа во социјалната политика.

Во оваа прес конференција ќе ја информираме јавноста а воедно и истражните органи на Република Македонија за работата на Економскo социјалниот совет со кој претседаваше тогашната министерка Мила Царовска. Станува збор за грубо прекршување на Деловникот за работа на ЕСС во неколку одржани седници на Економско социјалниот совет.

На 35-та седница на Екомско социјалниот совет одржана 30.06.2017 година, Мила Царовска  побарала да биде донесена дополнителна точка на дневниот ред за измена на Деловникот за работа на ЕСС на што се спротиставија членовите на репрезентативните синдикати и истите се изјасниле дека не биле известени за промените во дневниот ред и со тоа ја напуштиле седницата на Советот.

Согласно членот 8 од Деловникот за работа на Советот, седница се одржува доколку присуствуваат најмалку три претставници на Владата на Република Македонија и најмалку три претставници од социјалните партнери, а согласно членот 3 од истиот Деловник седниците на Советот се свикуваат со предлог дневен ред најмалку 8 дена пред одржувањето на седницата.

За самоволието и криминалното рабпотење на Мила Царовска како претседател на ЕСС, говори и тоа дека неколку наредни седници поточно на 36-та, 37-та и 38-та седница на Советот каде било дискутирано за низа на популистички мерки истите биле усвоени без потребниот кворум за работа на Економско социјалниот совет што е спротивно на Деловникот за работа на Советот како и Спогодбата за основање на Економско социјалниот совет а за истото грубо прекршување на Деловникот за работа беше посочено и од членовите на репрезентативните синдикати на 40 седница на ЕСС одржана 26.12.2017 година. Воедно известуваме дека за сите овие против правно одржани седници на Економско социјалниот совет кои се водени без потребниот кворум, повторно е извршено грубо прекршување на Деловникот согласно член 12 став 4 и 5 во кој Записникот се усвојува на наредната седница на Советот, а спротивно на тоа претходно споменатите седници Мила Царовска ги усвојува и потпишува на 05.01.2018 година.

Оттаму го повикуваме Јавното обвинителство да отвори предмет по допрен глас и да го преиспита овој случај и незаконското работење на тогашниот претседател на Економско социјалниот совет Мила Царовска и по истото да постапи согласно одредбите од Кривичниот законик на Република Македонија.

Криминалното работење на СДС и Царовска мора да престанат и за истите да сносат одговорност пред граѓаните на Република Македонија и пред лицето на правдата

https://media24.mk/

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top