На прво место

Мицкоски: Денес завршува владеењето со свиткана кичма

Прес конференција – Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Денес завршува владеењето со свиткана кичма, одиме кон заедничка победа која ќе донесе обнова

Денес има две вести важни за Македонија. Првата е лоша, но и очекувана, власта како почна-така завршува. Со газење на процедурите, силување на законите, непочитување на Уставот. Денот го завршуваат со закон за спас на криминалот на Заев, за спас на неговите соработници и слуги, и тоа донесен на незаконски начин, противправен и криминален.

Втората е добра вест. А тоа е дека Заев е готов. Владеењето со свиткана кичма завршува. Денес завршува најсрамната и најкриминалната епизода во поновата македонска историја. Завршува Заев.

Ова е денот за кој се обврзав пред моите соработници, пред партијата кон која три години тие истите водат прогон. Пред народот кон кој сакаат да го избришат. Пред граѓаните кон кои удираа и ги осиромашуваа овие три години, дека оваа власт мора да падне, Заев и неговата анти народна и анти македонска влада да си замине и никогаш повеќе да не се повтори. Денес дојде овој ден.

Е за ова се боревме, и дотука дојдовме низ жестоки 25 месеци мое раководење со ВМРО-ДПМНЕ, со многу удари, паѓања кои преминаа во победи, неверувања кои се претворија во верба за победа. И ќе бидам отворен и искрен како и секогаш, имаше моменти кога ми велеа да се водам според емоцијата, тогаш јас се водев според разумот, и се што правев досега правевме за да дојде овој ден, тоа беше мојата стратегија. Да дојдеме до избори, да дојдеме до шансата народот да одлучува на избори на кој нашата победа е извесна. Да биде исправена една историска грешка, денот кога во собранието на Македонија беше избран  Зоран Заев.

Зошто? Затоа што народот најдобро знае што се помина низ овие три години власт на СДСМ и Зоран Заев.

Ова се три години на свиткана кичма, сменето име, избришан идентитет. На пазарење со најсветото, со историјата и одземање на иднината, трговци!

Ова се три години на неправда, брутален криминал и врзани очи на министрите и владата. Очите им се врзани пред сето ова затоа што тие се првите кои прават криминал. Не може државава да е прогласена за најкриминална во Европа, а ниту еден од власта да не одговара. Ова е време на Рекет, милионски провизии, бизнисмени кои сведочат за рекет, притисоци, кеш за обвинители, корумпирано и распаднато здравство, време кога летаат Луј Витон ташните.

Ова е време кога Заев се ослободува од поткуп, гледаме како премиер се фали дека спонзорирал и знаел за рекет машинеријата на Јовановски, кога осудени криминалци се пуштаат на слобода. Кој одговараше овие три години додека Заев е премиер? Криминалците направија сојуз со власта, слугите на Заев си ги заштитија бизнисите преку тоа партнерство.

Ова е време кога на површина излегуваат сите лаги на кои Заев правеше кариера. Ова е време кога го пуштија Игор Спасов. Нема правда ниту мир. Додека на родителите на децата од монструм Заев им ветуваше вистина, ги пушташе нивните убијци на слобода.

Ова се три години без иднина. Вратите на Европската Унија не само што не ги отворија, туку со неправдите не оддалечија. Секој ден сме се подалеку зошто немаат ниту една вредност која е европска. Планови како 3-6-9 и слични бројки остануваат само како срамни бројки кои сведочат за неуспехот на Заев. Повеќе од 200 илјади луѓе си заминаа за три години, затоа што овде животот на Заев не го најдоа и си заминаа, се отселија.

Ова се три години на лаги и неисполнети ветувања. Се сеќавате, 500 евра плата, 500 км автопатишта, 100 илјади денари плата за докторите, нов Студентски дом и нов Клинички кои ги нема. Чист алпски воздух кој исто го нема. Нема да редам повеќе, сите нив ги знаете, и нема да им биде тешко повторно да лажат, но сега веќе имате искуство и знаете дека од овие ветувања нема апсолутно ништо. Сега вие одлучувате и знаете што треба да направите. Да ги поразиме заедно.

Денес го  слушам Заев вели ќе правел марш за правдата, каква хипокризија и лицемиерие. Предводникот на неправдата овие три години ќе прави марш за правдата или во реалност марш за спас на милионите на Вицето, марш за спас на плантажите од марихуана на неговите роднини, марш за спас на Заев од Рекет, марш за спас на убијците кои ги пуштија на слобода овие три години.

Патеката по која утре ќе чекорат е истата по која ќе си заминат после 12-ти април. Но, има една работа со која ќе се согласам, а тоа е она кога вели Заев дека одговорност мора да има. Одговорност ќе има и ти Зоран Заев ќе одговараш. Ќе одговараш, запамети ги овие зборови. Мора да има одговорност.

За мене лично и за мојата партија ова е битка на принципи. И мојата визија за Македонија почива на три фундаменти. Прво, чесност и честитост по која работам. Второ, работа која мора да донесе резултати. И трето, одговорност, запамтете го ова добро, одговорност, зошто мора правда, правда за секого без оглед на политичката припадноста или политичка неприпадност, без оглед на името,без оглед кој со кого е близок.

Мора Македонија да сврти нов лист. Нов почеток преку кој ќе ги поразиме оние кои ни носат порази.

Сакам да се обратам до чесниот и напатен народ, до граѓаните чии срца се стегнати поради неправдите, сиромаштијата, проблемите, доаѓаат подобри времиња. Доаѓаат времиња кога ќе има повеќе за секого, ќе има стабилност и сигурно чекорење кон нашите стратешки цели. Повеќе за земјоделците, повеќе за работниците, повеќе за стопанството, повеќе за просветните и здравствените работници, повеќе за пензионерите. Повеќе за секого. Обнова базирана на чесност, принципи и правда. Обновата денес е неопходност, зошто руинирана ни е државата, зошто мора да завладеат вредностите. Обнова која ќе донесе силна економија и силна држава, победи во секое поле. Исправена кичма, чист образ и среќни лица.

Ве гледам исправено пред вас и ви велам, ова е финалето на една битка за Македонија, битка за принципите и вредностите, и ова е мојата, мојата битка за мојата татковина во која што пораснав, создадов семејство и се борам за заедничката иднина.

Обновата доаѓа, обновата која ќе решава проблеми. Одиме кон извесна, голема, неопходна и заедничка победа.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top