На прво место

Латас-Конечно, почеток на крајот

Готово е. Заврши власт од која Македонија ќе се срами, пере и која ќе ја злопамти со децении од денес па со генерации. Власт која почна со насилие, газење на устав, гласање влада без мнозинство гласови и без записник за гласањето, парламент кој почна надвор од закон и заврши – надвор од закон со наводно носење Закон за Јавно обвинителство без потребните 80 гласови. Во меѓувреме, без потребна поддршка на референдум и со апсење на пратеници, го смени уставното име на државата во Северна. 

Собрание, власт која е незаконски избрана и силата ја црпеше од нелегално стекнати телефонски разговори на опозицијата и неограничената моќ на СЈО кое опозицијата ја држеше три години во заложништво, по притвори, понижувања во јавноста, местење предмети кај подобни обвинители и судии.  Власт која почна со незаконско ослободување на идниот премиер Заев од обвинение за барање поткуп. Власт потоната во непотизам и корупција каква Европа до сега нема видено, дури ни во најтемните зони на континентот. Власт од која јавно се срамат и најрадикалните јуришници на нивната Шарена револуција.

Заминува парламентот и власта зад која не остана ниту една отворена фабрика или болница, театар или стадион, ниту еден изграден булевар или автопат како нивни проект, не остана ниту еден проект за потреби на граѓаните но, останаа недоизградени автопатишта, универзитети и болници почнати од претходната власт, а потоа запрени додека не се стокми зголемена цена и провизии. Зад неа остануваат затворени медиуми, апсења луѓе, незаконска двојачиност која и Европа ја оспори. Остануваат стотици селфија со дилери, криминалци, измамници со кои власта соработува и врз кои власта во заминување градеше свој имиџ и слика во јавноста. Во кои гледаше на себе слични.

Имал СДСМ и власт под Црвенковски, и тоа повеќе од деценија во сите негови мандати, но ниту еден мандат Црвенковски не го заврши со ваков дебакл, и ваков срам. Никогаш СДСМ, освен сега, не апсел пратеници и ги ослободувал за да гласаат за нивни потреби. Не постои снимка за Црвенковски, после толку години власт, во која бара мито, врши корупција, се слика со дилери, затвара медиуми и гони новинари. Неговата економска политика, сега во пракса – профитни тендери и корупција, не ја спроведуваа пробисвети собрани од улица. Под Заев се сменети три главни уредници на трите најголеми телевизии во државава. Не е злото во СДСМ како таков, злото е во луѓето кои беа и уште малку се власт во партијата, и власт во државата. Колку се радуваат во ВМРО за падот на оваа власт, колку е радоста голема ширум народните маси, најголема е и би требало да биде во СДСМ. Секој нов месец под власт на Заев потоа значи година повеќе во опозиција.

Во овој дел од Европа се чини дека таква масовна радост од пад на некоја власт е видена само при падот на Чаушеску. Кога не се радуваат само неговите опоненти, туку и неговите сопартијци кои немале пристап до милионите и корупцијата која власта ја практикува како рутина, убедена дека за завршеното ќе имаат бескрајна поддршка од дипломатите.

А падот дојде, и беше извесен. Очекуван. Самото инсистирање по секоја цена, па макар и спротивно на закон, да се донесе нов Закон за Јавно обвинителство пред да се распушти собранието е јасен знак дека и власта на Заев знае дека по изборите ги чека опозиција, инаку зошто би им се брзало. Со тој закон Заев забрани снимки како доказ за себе и избра свои обвинители кои нема да го гонат после изборите. Пред падот на собранието запослија дури 40.000 свои партиски припадници во државната администрација, што е речиси 30% од вкупниот број на администрацијата вработуван од 1991 до ден денес. Знаеа дека власта е завршена и затоа брзаа со тендерите за некакви медицински хеликоптери, измислена доплата за градба на болницата во Штип, Закон за продажба на марихуана, непреаботен канабис… Ги ослободија од истраги и пуштија од затвор сите од албанското подземје кои би можеле да им донесат гласови на македонските Албанци.

Зад овој парламент остануваат одлуки и поддршка за владата со кои Македонија се задолжи со над 700 милиони евра. Граѓаните и фирмите беа ограбени со зголемени даноци за да имаме најголем буџет во историјата на државата со најмалку јавни проекти. Буџетот носи многу тендери, а барем за тендерите секој знае кому и како служеа. Овие пратеници под контрола на СДСМ влегоа во собрание на Република Македонија, излегоа од парламент на некаква Северна. Имаа пред себе Устав а следеа Тиранска платформа. Пред нив Гоце беше Македонец, по нив Гоце Делчев стана Бугарин. Чудо е после се и дома да ги примат, независно од тоа колку пари дома однеле.

Опозицијата сега треба да се подготвува за преземање власт. Поминаа три години под тешка пресија, прогон, блокади на партиски имот и сметка, апсења, поттикнување внатрепартиски кавги, купување пратеници, шиканирање пред дипломатите. Од нив се очекуваат три работи:

Прво, во ништо да не бидат ни слични на власта на СДСМ и Зоран Заев. Да не бидат срам и колапс за Македонија. Второ, и покрај руината од држава која треба да ја водат да го сочуваат ентузијазмот, реформскиот капацитет, прозападните стандарди и посветеноста која секоја власт на ВМРО ДПМНЕ ја одликувала. Трето, да најдат начин, како знаат и умеат прво да изградат помирување и почит меѓу себе, а потоа намалување на тензиите и политичката поларизација во општетсвото каде луѓето почнаа да се мразат и тепаат заради политика. Животот, сепак, е нешто повеќе од политички избор.

Има ли луѓе во ВМРО ДПМНЕ за тие големи задачи. Секогаш имале. Погледнете ги само последните настани. Настаните исфрлаат ликови на кои им се верува, а не доделените звања и функции, како што претседателските избори ја исфрлија во политичка височина Гордана Сиљановска Давкова која освои 377.000 гласови што е голем политички капитал.

Рашела Мизрахи, Еврејката што е горда на себе и Македонија, стана национален херој. Покажа дека во Македонија има луѓе, и има надеж дека може да биде подобро. Покажа и дека ВМРО денес е партија на толеранција во која настаните исфрлаат борци и дејци без оглед на нивната нација. Како своја ја прифаќаат Рашела Мизрахи со нејзиниот еврејски татко, со нејзиното партизанско потекло затоа што е Македонка горда на Македонија и способна да се бори и избори за таа Македонија, без оглед на се. Како што денес во ВМРО ДПМНЕ веруваат и соработуваат Срби, Турци, Власи, Роми… со секој што мисли на себе и семејството, и не е цицач на тендери.

На Рашела Мизрахи и светат очите, како на секој што длабоко верува во тоа што го прави и зборува, и таквите народ ги следи. Господ е еден, Бибилијата е таа но, поповите се посветени и кои веруваат, на кои им светат очите, имаат верници во селото а другите ги немаат. Како што со тој сјај во собрание ги гледавме и Антонио Милошоски, Илија Димовски, Ане Лешоска или Дафина Стојановска, Никола Мицевски, Жаклина Пешевска… и не само нив. Како што верувањето и спремноста излегуваат од блесокот на очите на Игор Дурловски но, и на некои други како Димитар Апасиев или професорката Виолета Ачкоска. Барајте го тој сјај, и следете ги луѓето кои го имаат. На тој сјај во очите се темели историјата на цела современа Европа, и не само во политиката туку и во уметноста, науката. Во очите на Заев, и неговите, се гледа само банкомат.

Одиме напред, ова не е крајот. Ова е само почеток на крајот.

https://vesnik.com/node/73791

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top