На прво место

Димовски контра Митрески: Уставот и Законот предвидуваат двојно мнозинство за Законот за Советот на ЈО

317

317

Откако координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, повикувајќи се на Законот за комитетот за односи меѓу заедниците, посочи дека Законот за Советот на јавни обвинители не е меѓу оние што се носат со двојно мнозинство, со реакција се јави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Димовски на својот Фејсбук профил посочува член од Законот за Советот на јавни обвинители со кој се регулира употребата на јазиците, а со тоа вели, согласно Уставот, Бадентеровото мнозинство е задолжително.

„Оној стенограм и гласање што ги споделува се од време кога со Законот за Советот на СЈО не се регулираше употребата на јазиците и следствено на тоа, не се ни гласаше со Бадинтер… Но, во денешниот Закон како прв член ја регулираат употребата на јазиците, а тоа повлекува друга постапка. Тоа што прифатија се што им текна на колегите Албанци за овој Закон, не е проблем за мене, туку покажува колку очајно на СДСМ му требаше овој закон за амнестија на се што сторија минативе години. Уставот на Република Македонија во неговиот Амандман 10 регулира дека со Бадинтер се гласаат закони кои регулираат употреба на јазици. “ – напиша Димовски на Фејсбук. 

Претходно, Димовски потенцираше дека Џафери пред гласањето самиот најавил дека е потребно двојно мнозинство, но не побарал изјаснување на пратениците припадници на немнозинските заедници.

Од кабинетот на Талат Џафери пак, објаснуваат дека тој веднаш се корегирал, па се повикаа на член 11 став 3 од Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците, каде се наведени законите што се гласаат со Бадентер, а меѓу нив го нема Законот за Советот на јавни обвинители.

Опозицијата го повика претседателот на државата да не го потпишува Законот. Од кабинетот на Пендаровски пак, потенцираа дека тоа му е законска обврска како претседател, па ги упатија пратениците своите приговорите да ги достават до Уставниот суд.

Поврзани вести: (ВИДЕО) Собрание: Џафери погрешно најави дека Законот за Советот на ЈО се гласа со Бадентер

https://360stepeni.mk/dimovski-kontra-mitreski-ustavot-i-zakonot-predviduvaat-dvojno-mnozinstvo-za-zakonot-za-sovetot-na-jo/

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top