На прво место

Нема правда, нема владеење на правото, нема консензус, нема доверба, нема…

miko

jason-miko2

Нема правда, нема владеење на правото, нема консензус, нема доверба, нема…

Би можел уште долго да редам, но не сакам да ве издепримирам. Има ли барем надеж за Македонија? Секако да. Мора да верувате во тоа дека има надеж за Македонија. Но само со надеж нема да стигнете далеку. Потребна е и акција и напорна работа. Но, да не избрзувам.

Нема правда: Владата на Македонија, помогната од амбасадата на САД во Скопје и во Стејт Департментот, заедно со нивните соучесници во ЕУ и НАТО, протуркаа илегален закон низ Собранието. Деталите за законот за јавни обвинители ви се познати, но поентата е дека со овој иронично наречен закон нема да добиеме правда во заробената држава Македонија.

Тоа значи дека нема да имаме ни владеење на правото. Во Македонија со години веќе нема владеење на правото. Клучен доказ за тоа е како актуелната Влада на Македонија, повторно помогната од амбасадата на САД и Стејт Департментот и нивните соучесници во ЕУ и НАТО го игнорираа исходот на референдумот на 30 септември 2018 за таканаречената промена на името, при што се служеа со апсења, закани, притисоци и други незаконски средства за да му го натурат ова решение на Собранието и незаконски да го сменат името и идентитетот на Македонија (//medium.com/@Miko_Janos/the-north-macedonians-cf8a692fda4c”>тука можете да најдете список кој покажува како Македонија и се што е македонско постепено стануваат „северномакедонски“)

Со игнорирање на владеењето на правото и при наметнување на овие одлуки низ Собранието, актуелната Влада на Македонија, повторно помогната од амбасадата на САД и Стејт Департментот и нивните соучесници во ЕУ и НАТО не се ни обидоа да постигнат консензус за исклучително важните прашања. Консензусот е одлика на демократијата и не неопходен за нејзиното функционирање, но актуелната Влада на Македонија, повторно помогната од амбасадата на САД и Стејт Департментот и нивните соучесници во ЕУ и НАТО ја игнорираше мислењето на луѓето со кои владее. Во Македонија едноставно нема консензус. А тоа ќе води кон катастрофа, како сега така и во иднината бидејќи без консензус нема доверба.

Не можете да имате верба во Владата на Македонија, ниту во институциите на демократијата, нема верба во САД или во американската Влада, ниту во Европската Унија, повеќето нејзини држави – членки, а секако не можете да имате доверба во НАТО. А тие пак сакаат Македонија, полна со Македонци кои не им веруваат, да стане дел од нивните клубови и нивен партнер? Тоа нема никаква логика. Довербата е лепилото кое го држи секое општество заедно. Изгубете ја довербата и општеството се распаѓа.

Дозволете ми сега да се вратам на надежта, на акциите кои се потребни, и на работата за Македонија. Сакам да верувам дека има надеж бидејќи алтернативата (а секогаш има алтернатива) е премногу страшна за воопшто да размислуваме за неа. Ангажиран сум во и со Македонија веќе четвртина век и имам видено периоди на безнадежност. Видов и периоди на мир, и растечки просперитет во Македонија, како и периоди на релативна стабилност. Низ овие периоди исто така сум видел како Македонците ги тргаат на страна нивните релативно мали несогласувања и работат заедно за доброто на Македонија. Видов Македонци како застануваат исправени и им велат „не“ на западните елити, видов Македонци како велат „верувам во Македонија“ и се борат за Македонија. Сето тоа почнува со надежта, но потребна е и акција и напорна работа.

Се што стори актуелната Влада на Македонија, повторно помогната од амбасадата на САД и Стејт Департментот и нивните соучесници во ЕУ и НАТО ќе им се врати како бумеранг или долго ќе ги прогонува во иднината, ќе избледне и пропадне ако и кога Македонците ќе покажаат дека ја имаат потребната храброст да станат и да се борат за тоа што е нивно. Македонија и Македонците ќе опстојат долг по исчезнувањето на оваа македонска Влада, овие СДСМ и ДУИ, овие дипломати во овој Стејт Департмент, овие претставници на ЕУ и НАТО од сцената. Ако и кога Македонците продолжат да ја сакаат Македонија и да се борат за својата земја, своето име, идентитет, јазик, наследство, традиција, култура и историја. Двапати реков „ако и кога“ бидејќи сум убеден дека Македонците ќе го сторат ова, бидејќи низ вековите Македонците покажале дека можат и ќе го сторат тоа.

Во својата книга „Чудната смрт на Европа“ британскиот писател, новинар и политички коментатор Даглас Мари вели дека „Европа врши самоубиство. Во секој случај изгледа дека нејзините лидери решиле да извршат самоубиство. Дали европскиот народ ќе реши да ги следи во ова, секако, е друго прашање“. Дали Македонците, како и Европејците, ќе ја следат оваа одлука на европските лидери да извршат самоубиство?

https://www.svest.mk/nema-pravda-nema-vladeene-na-pravoto-nema-konsenzus-nema-doverba-nema/

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top