На прво место

Зошто власта протестира против себе? Звучи лудо, нели?

Зошто власта протестира против себе? Звучи лудо, нели?

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

Токму таму кај што е најслаб, го советувале да покаже дека е силен противник, за да створи забуна и да намали штета по себе и по рејтингот на СДСМ. Оваа патека на СДСМ оди по логиката која, за жал, еднаш му успеа, која е: држете го крадецот.

Но нашиот мудар народ низ вековите рекол дека: најсилно вика држете го крадецот, оној кој е најголем крадец. Наместо правна држава, тој и неговата Влада, предизвикаа комплетен распад на правната држава. Распад на СЈО, партизација на ЈО и бламажа на судството. Факт констатиран од целокупната јавност. А министерката стооо…

Зошто е тоа така? Што се случуваше во минатите три години?

Затоа што СЈО, ЈО и судството, посебно судовите низ Скопје, се претворија во локални штабчиња на СДСМ, каде што не само политички, туку се тераа и огромни стопански предмети (тие секогаш беа скриени зад прашината што се креваше од некои медиуми за политичките предмети)…

Политичките предмети служеа за уцени, „вразумување”, притисок и остварување на политичка корист. На пример, последното гласање ЗА на Законот за ЈО во Собрание беше со најмалку 13 пратеници (3 од ДУИ, 3 од СДСМ… и од скоро сите пратенички групи) под директен притисок од отворени, затворени или сеуште „тајни” постапки за нив лично или за нивни блиски луѓе.

Значи, за опозицијата бламажа пред јавност, а за своите непослушни и за коалициски партнери притисок и уцени со предистражни и истражни постапки подготвени од локалните штабчиња на СДСМ.

Стопанските предмети (Те-То, Поштенска Банка, Империја, Фени…) станаа тема на јавен интерес како последица на интересот на странските дипломати. Тие се дури и поопасни. Со нив или се лажираше стечај, или се рекетираа бизнисмени, или се правеа чудни продажби на сомнителни компании. Станува збор за суми во десетици и стотици милиони евра.

Во овој систем учествуваа и други државни институции, поединци и за жал и медиуми. А многу функционери на власта (министри, пратеници…) лично ги знаеа состојбите и не се обидоа да променат што било.

Целта беше преку судството да се соберат пари за богатење, но и за да се потплатува опозицијата, а тој дел што нема да се потплати, да се уништи со нарачани обвиненија, пресуди и медиумски линч, координирано.

Кога сето ова станува видливо и за обичниот човек, мора да се фрли вината на друга страна, како демек во овие три години да владееја сите други освен СДСМ. А докази на сите страни, од една до друга страна на Скопје.

Затоа некои предмети се закажуваат пречесто, а некои се држат во лер. Затоа некои истраги се отворија, а не се затворија. Затоа некои се повластени, а некои прогонети. Затоа за некои ќе важат бомбите, а за некои не.

Оваа хистерија со барање правда, закани и притисок до сега не е видена во ниту една нормална држава. Власт протестира против состојбите кои не само што не ги променила и подобрила, туку и ги влошила многукратно. Лудило – ќе речат сите, но тоа е единствен излез за сеење магла барем пред своите гласачи.

Цела кампања ќе им биде ова. Сабајле ќе координираат судски и обвинителски постапки, а вечер на митинзи и телевизија ќе врескаат против тоа.

Видете вака:

1. Јавниот обвинител на РМ е избран по предлог на Владата на СДСМ од страна на Собранието каде СДСМ има мнозинство со своите уценети коалициски партнери;

2. СЈО се формираше по барање на СДСМ, а Катица Јанева им беше ударна тупаница;

3. Судскиот совет на РМ е под директна контрола и работи по нарачки од страна на Владата на СДСМ;

4. Претседателите на судовите се избрани од страна на овој Судски совет кој е под целосна контрола на Владата на СДСМ.

5. СДСМ (преку Талат Џафери и мнозинство од 80 пратеници) раководеа со Собранието на РМ каде менува и можеа да менуваат кои било закони во оваа област.

Кој тоа бара правда и подобар систем? Оној кој управува со него? Оној кој го насочува и контролира? Оној кој бира и разрешува судии? Оној кој ги носи законите? Врв на лудило.

СДСМ сега го фрла жешкиот костен од себе, надевајќи се дека така ќе добие глас повеќе, ќе победи и пак ќе си го прибере назад.

Но на кого го фрла? На своите извршители! Катица и Бојан се само мал дел од оваа приказна, но добар и поучен дел. Добар пример дека сите нивни извршители ќе бидат фрлени да горат и да изгорат, само тие себе си да се спасат.

Оваа состојба не се спасува ниту со марш, ниту со кампања, ниту со датум, ниту со Закон. Видлива е од авион.

Фејсбук статус на Илија Димовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

https://www.mkd.mk/kolumni/zoshto-vlasta-protestira-protiv-sebe-zvuchi-ludo-neli

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top