На прво место

Во дијаспората живеат горди и достоинствени Македонци

mickoski 1

mickoski 1

Христијан Мицкоски

Во дијаспората живеат горди и достоинствени Македонци коишто никогаш не заборавија на своето огниште, не заборавија на корените и така ќе биде и во иднина.

Денеска ние се наоѓаме пред историски предизвик којшто е многу значаен не само за Македонија, не само за македонската нација, туку и за сите граѓани во оваа држава. Зошто? Затоа што на овие избори за прв пат ќе имаме една македонска политичка партија, неколку албански и една партија која што е, не знам како да ја наречам. Бидејќи вчера лидерот на таа политичка партија јавно кажа дека се одрекува од родот свој. Јас барем така го сфаќам тоа дека изјавата на Зоран Заев гласи дека веќе СДСМ не била македонска политичка партија, туку била мултинационална со доминантно македонско гласачко тело.

Еве јас денес ја поставувам оваа дилема пред вас, дали можеби треба македонското гласачко тело овој пат да му ја исполни желбата на Зоран Заев и овој пат да не биде доминантно гласачко тело кое што ќе излезе на тие избори и ќе гласа за СДСМ. Но, тоа е до македонското гласачко тело, до Македонците не само во Македонија, туку и надвор од Македонија. И јас ја користам оваа прилика да апелирам до сите Македонци каде и да се наоѓаат, дали во овие 25 илјади километри квадратни или насекаде на светот, во Америка, Европа, Азија било каде. Ајде да му ја исполниме желбата на Зоран Заев овој пат.

Народот ќе ги казни и затоа сега е денот кога народот треба да зборува гласно позади гласачката кутија и да ги казни за сите неправди кои ги донесоа во овие 30-тина месеци. Ќе се изнаслушаме се во овие неколку недели до изборите, можеби ќе ветат и бесмртност за да ги задржат фотелјите. Тоа ќе го прават затоа што знаат дека се грешни. Знаат дека после 12 април и сите оние гласноговорници кои што ми ги праќаат да договориме се враќаат со лоша вест, нема договор со овој и знаат дека после 12 парил ќе одговорааат.

Најново од: На прво место

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

Професор Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмат Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ со водителот Илија Влков, Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун […]

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

To top