На прво место

„Прости ми“ – обичаи и верувања за Прочка, дали знаете што значи амкање на јајца?

88416934 1238012786398032 4255452149472821248 n

88416934 1238012786398032 4255452149472821248 n

Според многумина, Прочка или народски познат уште како Проштени поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, веднаш по Божиќ и Велигден. Главниот обичај односно проштевањето има христијанска основа, додека другите претставуваат остатоци од претхристијанските пролетни празнувања. Но, тоа не ги прави помалку интересни за луѓето.

На Прочка вообичаено се изведувале богати обичаи кои прераснале во традиции како простувањето, по што празникот го добил и името. Амкањето на јајца е еден од поинтересните обичаи од минатото, како и обредните огнови, гатања односно предвидувања за животот и среќата, обичаите со кои домот се чисти од штетници, болви итн.

Простувањето има христијанска основа за помагање и проштевање. Се верува дека на овој ден и небото и земјата се проштеваат па тоа треба да го сторат и луѓето помеѓу себе. Небото бара прошка од земјата затоа што ѝ приредило громови, мразови, поројни дождови.

Луѓето пак бараат прошка еден од друг за грешките. Правилото е секогаш помладиот да бара прошка од постариот, децата од родителите, крстениот од кумот. Се започнува со најобичната реченица, но изговорена од срце: „Прости ми“ на што другиот одговара: „Простено да ти е од мене и од Господа“.

Во минатото тој што прв барал прошка носел некаков подарок, најчесто портокал, алва, јајце, па во таа смисла портокалот останал како симбол на простувањето.

Празникот Прочка симболизира богата трпеза. Тоа значи дека е дозволено да има и месо, месни производи и свинска маст, бидејќи неделата пред неа се нарекува „месна недела (месни поклади)“. Овој период од 7 дена од месните поклади до Прочка се вика и „сирна недела“ бидејќи е дозволено да се јадат и млечни производи.

Амкањето е мошне интересен обичај кој им причинувал голема радост особено на децата. Се изведувал на тој начин што едно варено бело јајце се прободувало со игла, потоа низ него се провирало конец кој се врзувал за таванот во домот. Најстариот човек во куќата, најчесто домаќинката го држела конецот и сите почнувајќи од постарите амкале, обидувајќи се да го гризнат јајцето, но без да ги употребат рацете.

Само на помалите дечиња им било дозволено да ги употребат и рачињата во процесот. Според народните верувања добро било да се допре јајцето макар со забите, за да му бидат бели и здрави. Доколку некој успеел да го гризне јајцето, му давале да го изеде, а амкањето продолжувало со друго јајце.

Дали вие ќе побарате прошка или ќе простите некому денес

https://www.crnobelo.com/novosti/domasni/74909-prosti-mi-obicai-i-veruvanja-za-procka-dali-znaete-sto-znaci-amkanje-na-jajca

Најново од: На прво место

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Радичевски: Од Брвеница до Челопек, општината им припаѓа на сите граѓани

„Една Брвеница за сите“ е визија за рамномерен развој, еднакви можности и почит кон секој човек, порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник, Стојанчо Радичевски, на завршниот митинг пред вториот круг од локалните избори. Обраќајќи им се на присутните, Радичевски истакна дека нивната сплотеност е порака оти Брвеница сака развој, напредок и подобри услови за живот, […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Најнови вести

To top