На прво место

Заев како на нокширче

Не знам дали се уште се сеќавате или го паметите вицот за малото дете, кое седело среде соба на нокширче, а неговите најблиски претскажувале што ќе биде во иднина, кога ќе порасне. На него ми текна кога синоќа го гледав дуелот меѓу екс-премиерот и претендент за нов мандат Зоран Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Во времето на комунизмот или социјализмот, со човечки лик, нели, немаше услови како денес. Па, сите, цели семејства се собираа во една соба. Еден ден на малото му се прикакало. Било на возраст од година ипол-две. И брзо, брзо на нокширче. Додека тоа си вршело нужда, сите околу почнале да дофрлуваат.

Убав тој на мајка, кога ќе порасне, сигурно ќе биде инженер.

Не, не, вели таткото, сигурно ќе биде правник, на мене.

Баба како баба, пак, загрижена за своето здравје дофрла-ма каков инженер, каков правник, златен тој на баба, сигурно ќе биде лекар. Ќе се грижи он за баба.

А, дедо, пак, стар лисец, сите ги негира. Ништо од сето тоа. Ќе биде политичар и готово.

Е, од каде на каде, пак, сега политичар, како знаеш, прашува мајката.

Сигурно. Дури и повеќе од тоа, возвраќа дедото. Па, зарем не забележувате. Сите не гледа во врв очи, а одзади прави бербат. Лом.

Така и синоќа. Зоран Заев преку малите екрани сите не гледаше во врв очи, или, подобро речено, ние го гледавме, а он одзади си правеше бербат. Не во буквална смисла на зборот, нели, туку фигуративно.

Како прав политичар, ќе рече некој. А, отвори уста, а почнуваат да течат лаги. Веќе ни бројот не им се знае. Човекот си има сериозни проблеми со вистината. Проверено и докажано.

Кој сегмент од дуелот човек да го спомене? Правдата, неправдата, владеењето на правото и функционирањето на правната држава, самостојното обвинителство и судство, пријавувањето на „Рекет“, папагалското или гебелсовото повторување на Груевски, контактите со него, тајните од мобилниот телефон, системот на вредности, економските успеси, изградените 750 километри патишта, странските инвестиции, најавената економска револуција со предизборната програма, едно општество за сите, македонска или мултиетничка партија, значката со НАТО и нашето знаме, „Луј витон“ паричникот…

Кој сакате одберете го, ќе дојдете до наједноставниот заклучок дека се што кажа е светлосни години далеку од реалноста. А, за вистината, пак, и да не говориме. Зашто, тој самиот е одлепен. И од реалноста и од вистината.

Внимавајте, сето ова без да се спомене ни збор за тоа што го зборувал и правел и во текот на кампањата за парламентарните избори во 2016 година и во текот на неговиот мандат како премиер. Тоа е башка приказна. Од името на државата, жичката македонска, воздухот, дишењето, па до платите, вработувањата, прогресивниот и рамниот данок, стандардот на граѓаните, социјалната правда… Тука не помагаат ни виршли, ни лажна скромност, ни гебелсови пропаганди, ни… Ама апсолутно ништо не помага. Едноставно и чисто,  „жива превара“, што би рекле нашите соседи од север.

И кога Заев ќе рече-„Јас сум чесен“, тоа има сосема друго значење. Замислете го само како мало дете ставено на нокширче. Доволно е. Се ќе ви биде јасно.

А, оние кои и натаму имаат доверба во него, само нека продолжат така. Нивно право. Демократски е. Можат и песна да му испеат. Од типот „…Ние ти се колнеме…“. Зашто, како велат, додека има овци, ќе има и волна.

Предраг Димитровски

https://republika.mk/kolumni/zaev-kako-na-nokshirche/

Најново од: На прво место

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Радичевски: Од Брвеница до Челопек, општината им припаѓа на сите граѓани

„Една Брвеница за сите“ е визија за рамномерен развој, еднакви можности и почит кон секој човек, порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник, Стојанчо Радичевски, на завршниот митинг пред вториот круг од локалните избори. Обраќајќи им се на присутните, Радичевски истакна дека нивната сплотеност е порака оти Брвеница сака развој, напредок и подобри услови за живот, […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Најнови вести

To top