На прво место

Мицкоски со пакет мерки за квалитетно образование и силна култура

Прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Дневните препукувања, префрлањето на вина, креирањето на поделби и конфликти нема да ја однесе Македонија кон посветла иднина. Тоа е стратегијата на власта за да ја зголеми апатијата и да прикаже дека сите се исти, во ситуација кога не сме сите исти.

Токму овие работи надополнети со криминал кој не се казнува, неправди и отсуство на волја за суштински реформи се работите кои не влечат надолу. Препукувањата и кусогледите памфлети надополнети со ниски страсти и повторени лаги не се начинот на кој што една земја може да води политика.

Овие три години доживеавме стагнација во секое поле. Иновативноста, вложувањата во образованието, културата и сегментите кои би требале да се моторот на прогресивноста во една земја се запоставени. Имаме култура која стана предмет на политичка трговија, програми и пари кои се делат, не по квалитет туку по бизнис и политички мотиви, образование кое не е во фокусот на владата, и од кое започнува да се прави политика. А, губат младите и идните генерации, но најважно од се губи државата.

Потребно е вртење на нова страница и воспоставување на концепт на обнова која ќе донесе коренити реформи, квалитет и мотивација во образованието и културата.

Денес ќе промовирам мерки кои ќе ги реализираме во областа на образованието и културата.

Затоа како прво се обврзуваме на обнова која ќе опфати изградба на нови 20 и реконструкција на најмалку 50 училишта во Република Македонија. Повеќе училишта за подобри услови и поквалитетно образование. Новите 20 училишта и реконструкцијата на минимум 50 постојни ширум државата ќе значи пристојни услови за работа и инвестирање во идните генерации. Голем дел од постојните училишта функционираат во супстандардни услови и тоа мора најскоро да се промени веднаш по формирањето на новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Се обврзуваме на обнова која ќе донесе поголеми примања за Универзитескиот наставен кадар. И тоа воспоставување на методологија со која ќе обезбеди и ќе ги зголеми примањата на наставно образовниот кадар на универзитетите. И тоа до 100.000 денари за редовните универзитетски професори, до 80.000 денари за вонредните професори, до 60.000 денари за доцентите и до 45 илјади плата за асисистентите на факултетите. Ова значи 2.5 пати повеќе од тоа што денеска го обезбедува државата.

Ќе повторам, ќе дефинираме методологија според која редовните професори на универзитетите ќе имаат можност да дојдат до месечни примања од 100.000 денари загарантирани од државата. Вонредните 80.000, доцентите 60.000 и асистентите 45.000 денари.

Квалитетното високо образование подразбира инвестирање во подобри услови за работа, средства и други лабораториски ресурси, но и мотивиран кадар. Токму со оваа мерка ќе се стимулира квалитетот и мотивацијата на универзитетскиот наставен кадар. Да не ни се случува асистенти и доценти од универзитетите да напуштаат наставно образовен процес и да бараат подобра иднина поради тоа што примањата се 20-25.000 или нешто помалку од тоа.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи поголеми плати за професорите во основното и средното образование. Тоа подразбира доследно почитување на Колективниот договор. Доследно почитување на Колективниот договор и повисоки плати на наставно образовниот кадар во основното и средното образование.

Се обврзуваме на обнова која ќе опфати средно стручно образование во функција на стопанството, односно дуално средно образование. Ќе пристапиме кон проширување на дуалниот систем на стручното образование по принципот учење преку работа на реално работно место, кој ќе развие и стручни компетенции и вештини за адаптирање во работниот однос. Ваквата реформа ќе овозможи брзо вработување на стручниот кадар во компаниите во Македонија, со соодветно вреднување на трудот на работниците и се разбира ќе го намали иселувањето на млади луѓе од наша земја.

Ова е многу важно затоа што на сите состаноци до сега со стопанските комори без разлика на која Стопанска Комора станува збор ова ни беше еден од основните теми на разговор. А, тоа е како да се обезбеди квалитетен повисок образован но и пониско образован кадар.

Се обврзуваме на обнова која ќе овозможи најмалку еден Универзитет во првите 1.000 според Шангајската листа за квалитет. Денес нема Универзитет од Македонија кој е меѓу 1.000 најдобри во светот.  Македонија не постои на мапата за квалитет во високото образование. Ние тоа ќе го овозможиме со најмалку еден универзитет кој според својот квалитет ќе се рангира на Шангајската листа. Да бидеме извозник на наука, да бидеме извозник на знаење. Да се обидеме во нашата држава, во Македонија, на нашите универзитети да донесеме студенти покрај тие кои што се тука дома, Македонија, да донесеме студенти и од надвор. Луѓе кои што ќе го стекнуваат своето образование овде во Македонија.

Се обврзуваме на обнова која ќе донесе зголемување на инвестициите во образованието од 3.7% на 5% од БДП што ќе значи повеќе пари во образованието. Со оглед дека состојбата на образованието е незадоволителна, неопходно е за оваа област, која е темел и столб на нашата иднина да се одвојат повеќе средства од буџетот. Покачувањата на стапката од 3.7% на 5% ќе овозможи спроведување на неопходните вистински, не само декларативни реформи во образованието.

Се обврзуваме на обнова која ќе донесе намалување на ДДВ од 18 на 5% во културата. Ова ќе значи повеќе заштеда за граѓаните и повеќе достапна култура. Ова ќе се однесува за уметнички дела, за организирање на културни настани – продажба на билети, за изнајмување на простор, за организирање на културни настани во институциите од културата, а ќе придонесе и за стимулација на самоодржливоста на институциите.

Ќе повторам намалување на данокот на додадена вредност во културата од 18 на 5%.

Се обврзуваме на обнова која ќе опфати изградба на нови театри во Прилеп, Охрид и Скопје. Конечно Прилеп и Охрид ќе добијат комплетно нови театарски згради, а Скопје уште една нова современа зграда за театар.

Се обврзуваме на обнова која ќе опфати реконструкција на зградата Музеј на Македонија согласно современите архитектонски стандарди. Повторувам согласно современите архитектонски стандарди.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи капитален проект за Дигитализација на културното и уметничкото наследство, а воедно истото да го сочуваме од заборавот на времето кое ќе стане подостапно за јавноста.

Се обврзуваме на обнова која ќе опфати Инвестиција во македонски брендови и креативни индустрии. Ова значи финасирање и системска поддршка за развојот на креативните индустрии во културата како економски ресурс за креирање нови работни места,  приходи и одржлив развој.

Се обврзуваме на обнова која ќе овозможи Делегиран буџет за културните установи. Ова подразбира сигурност во финансирањето на проекти во културата, но и мотивација за награда за најуспешните.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи Унапредување на македонскиот јазик како наше идентитетско обележје. Ова опфаќа сет мерки како  изработка на Корпус на македонскиот јазик, Академска граматика и Етимолошки речник, поддршка на изданијата за Правописот на македонскиот јазик.

Се обврзуваме на обнова која ќе овозможи стимулирање на бизнис секторот да инвестира во културата. За таа цел ќе направиме измени во постојниот закон со кој ќе се овозможи повеќе инвестиции на стопанството во сферата на културата, олеснувања кои ќе овозможат поттикнување на бизнисот да насочува повеќе средства во развојни проекти во културата.

Почитувани,

Овој сет на мерки од обновата со кои новата влада ќе обезбеди реформирано квалитетно образование и силна култура. Политизирањето на овие две области мора да се заборави, стручноста и професионализмот да доминираат со образовните и културните процеси.

Ние ќе се бориме за обнова која ќе овозможи повеќе образование и култура, повеќе за наставниците, професорите, младите и студентите, повеќе во културата и уметноста. Се обврзуваме на обнова и многу работа, обнова која ќе донесе нова енергија, надеж и достоинство за идните генерации.

Ова е само дел од проектите и политиките кои што ќе бидат дел од Програмата – проект обнова на Македонија.

Најново од: На прво место

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

To top