На прво место

АКО Е ЗАБАЕНО, ДА НЕ Е ЗАБОРАЕНО

ivanov 1

ivanov 1АКО Е ЗАБАЕНО,  ДА НЕ Е ЗАБОРАЕНО

По двенеделната посета на поранешниот претседател на Република Македонија проф. д-р Ѓорѓе Иванов на Австралија, каде претстојуваше со својата сопруга Маја и син Иван, ги посети градовите Мелбурн, Сиднеј и Волонгонг.

Неговата посета се состоеше во хуманитарен карактер за собирање на парични средства за купување на минибус за превоз на пензионерите во Мелбурн.

ivanov 2Во чест на Иванов беа организирани три свечени балови во Мелбурн, Сиднеј и Волонгонг, направени посети на основното училиште во Лалор Норт и во болницата Сент Џорџ во Когра и беа организирани две коктел средби во ФК „Илинден“ Рогдаел, спонзорирана од сопственикот на компанијата за прехранбени производи БЕНИНО, Крсте Трајчески и во општината Бејсајд, во Рогдаел, која ја организира поранешниот градоначалник Бил Сарафиновски.

ivanov 3Најтопло добредојде му приредија младите групи од фолклорните друштва „Вардар“ од Бенкстеон и „Илинден – Западен Сиднеј“, кои со развиорени знаменца и фолклорни потскоци му кажаа дека и надвор од Македонија тие се Македончиња кои ја чуваат и афирмираат македонската култура и во оваа многу далечна земја. Иванов беше топло поздравуван и од стотици Македонци кои не го заборавија неговото претседателствување во најтешките моменти во македонската историја.

На повеќето собири д-р Иванов имаше свои излагања кои претежно се состоеја за историјата на македонскиот народ , за нејзините поделби и робства и за бројното иселеништво кое живее низ целиот свет. Нормално, многу малку се задржаваше во своите беседи за моменталната состојба на својот народ во Република Македонија. Во интервјуто за СБС радиото на македонски јазик, остро ги отфрли оптужбите дека не го прифаќал предлогот на полтичката партија „Македонски манифест“, за да и го врати уставното име на Република Македонија во Обединетите нации, кое и беше променато со благослов на Преспанскиот договор, а во согласност со надворешните и домашни фактори.

Сите државни одлуки не сум ги правел сам, туку сум ги правел со сите мои советници. Повеќе од тие одлуки се чуваат во строга доверливост (Топ сикрет), кои еден ден, со овластени лица ќе бидат отворени и тогаш јавноста ќе дознае за нашите одлуки и ќе оцени дали сме биле во право ние или не! Од овој човек, по предлог на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, во 2016 година, јас добив медал за заслуги за Македонија, па како реванш, во име на споменатото друштво и потпишана од претседателот на друштвото Душан Ристевски,  со поетесата Марија Александрова, на Средселото во Џенсен Овал, му доделивме благодарница на проф. д-р Ѓорѓе Иванов за доследноста на неговата заклетва која како Претседател на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили на Македонија – смело ја изговори  дека – Достојно ќе ги бранам суверенитетот, територијалниот интегритет и независност на Република Македонија од внатрешните и надворешни предизвици, закани и ризици, како и Уставниот поредок на Република Македонија…!

Ете, тоа е вистинската одлика на еден македонски политичар, а не „политичар“ кој за пари и фотеља ја продаде Македонија.

Иван Трпоски  

Најново од: На прво место

Радичевски: Од Брвеница до Челопек, општината им припаѓа на сите граѓани

„Една Брвеница за сите“ е визија за рамномерен развој, еднакви можности и почит кон секој човек, порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник, Стојанчо Радичевски, на завршниот митинг пред вториот круг од локалните избори. Обраќајќи им се на присутните, Радичевски истакна дека нивната сплотеност е порака оти Брвеница сака развој, напредок и подобри услови за живот, […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Најнови вести

To top