На прво место

Здравјето на граѓаните на Република Македонија е прв и најголем приоритет

ВМРО-ДПМНЕ е подготвена со тим од најврвни стручни лица и доктори да помогне на граѓаните и на државата. Станува збор за најдобри човечки потенцијали од областа на медицијата, но и психолози, социолози, и луѓе кои знаат менаџмент.

ВМРО-ДПМНЕ е на став дека во вакви времиња, кога е загрозено здравјето на секој граѓанин во Македонија, секој треба и мора да се однесува одговорно, особено политичките субјекти, иако државата е во предизборие. Затоа ВМРО-ДПМНЕ смета дека не треба да има политизација на состојбата во која се наоѓа државата и целиот свет.

Здравството е сектор, каде што мораме да се однесуваме надполитички, особено во ваков амбиент. ВМРО-ДПМНЕ ја подаде раката и смета дека сите политички субјекти, треба да се вклучат во борбата против вирусот за кој Светската здравствена организација прогласи пандемија.

Членовите на Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ се во постојано заседавање и сметаат дека е неопходно прогласување на кризна состојба на целата територија на Република Македонија.

Исто така Комисијата предлага и други чекори:

Затворање на сите граници за патници, освен за итните случаи и оние чиј карактер на движење тоа го налага. Мора да се затворат границите со цел ставање под контрола на состојбите.

ВМРО-ДПМНЕ бара да се спроведе „специјален режим за работа“ на продавници и пазари. Односно, вшалтерски систем на продажба или  да се овозможи наизменично влегување само на неколкумина потрошувачи низ продавниците и тоа да биде низ соодветна процедура.

Трето, да се подготви „Бел план“ за болниците во земјата, што значи зголемување на капацитетите и целосен скенинг и разработено сценарио при влошување на состојбата. И доколку треба да се побара и меѓународна помош која ќе биде експертска и советодавна.

Комисијата бара и да се вреднува трудот на огромен број професионалци и колеги доктори и здравствен персонал кои даваат надчовечки напори во третман и превенција со корона вирусот со што го изложуваат своето и здравјето на најблиските под ризик. Ова важи и за полицајците, цариниците и сите служби кои се во првата линија на судир со епидемијата. И затоа бараат владата да донесе одлука за парична награда на докторите и медицинскиот персонал, полицајците, царниците и сите служби кои директно вклучени во справувањето со последиците од вирусот.

ВМРО-ДПМНЕ очекува сериозност од владата и министерството и прифаќање на понудените мерки. Секој живот е од непроценлива вредност. Сите сме граѓани на Република Македонија и сите сме засегнати за актуелната ситуација. Партиите не треба да се борат за политички поени и треба да си помогнеме едни на други. Сега не е време за политичка борба, туку е време за хуманост, делување и подадена рака.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Радичевски: Од Брвеница до Челопек, општината им припаѓа на сите граѓани

„Една Брвеница за сите“ е визија за рамномерен развој, еднакви можности и почит кон секој човек, порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник, Стојанчо Радичевски, на завршниот митинг пред вториот круг од локалните избори. Обраќајќи им се на присутните, Радичевски истакна дека нивната сплотеност е порака оти Брвеница сака развој, напредок и подобри услови за живот, […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Најнови вести

To top