На прво место

Здравјето на граѓаните е загрозено заради инает на власта да прифати сугестија

Здравјето нема цена. Секој пропуст при преземањето мерки може да чини човечки живот. Граѓаните не смеат да бидат загрозени заради нечиј интерес, нечија неспособност или инает да се прифати добронамерна сугестија.

Власта несериозно се справува со Корона вирусот. Наши сограѓани се испратени во несоодветни услови во Криволак. Простории кои што треба да бидат карантин, наликуваат на подрум.

Несериозноста е најголемата опасност за државата. Апелираме да се прогласи кризна состојба, а ако затреба и вонредна состојба. Во меѓувреме владата да ги имплементира мерките кои ги предложивме:

  1. Целосно затворање на граничните премини освен за лица кои имаат итни и неодложни патувања, воведување на специјален режим за работа на маркети и продавници.
  2. Итно замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодавателите за месец март, чија што работа е погодена од корона вирусот.
  3. Државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од корона вирусот во висина од 50-тина проценти.
  4. Итно враќање на сето заостанато ДДВ кон компаниите кое што државата им го должи на компаниите.
  5. Субвенции за транспортните компании туристичките компании туристичките центри во Македонија, угостителските објекти, шпедициите, и извозните компании во тек на целата година затоа што последиците кои што ќе ги имаат во овие месеци ќе им се одразат во текот на целата година.
  6. Формирање на посебно државно контролно тело чија единствена задача ќе биде надзор и контрола на примената на превентивните мерки.
  7. Национална набавка на антисептични средства, маски и ракавици и нивно поставување на јавни прометни места како и овозможување на бесплатна употреба и располагање од граѓаните.
  8. Обезбедување на бесплатни средства за заштита на работниците под висок ризик од корона вирус, и тука освен здравствените работници, под ризик се и работниците на градилиштата, работниците во јавниот сообраќај, шалтерските работници и редица други професии чија што работа подразбира контакт со лица.
  9. Редуцирање на работата на државната администрација, половина од администрацијата да се ослободи од работа и да се направи цикличен распоред во работата на државните органи, со тоа ќе се намали и ризикот од брзо ширење на вирусот.
  10. Зголемување, т.е. удвојување на човечките капацитети на работа во здравствените установи непосредно задолжени за справување со последиците од корона вирусот.
  11. Овозможување на отворена 24 часа линија за консултации и прашања поврзани со вирусот.
  12. Формирање на посебно државно контролно тело чија единствена задача ќе биде надзор и контрола на примената на превентивните мерки
  13. Еднократна парична помош и целосно бесплатно лекување за заболените од вирусот.

Ова се сет на економско здравствени мерки, кои мора да се применат. Потребна е грижа за граѓаните. Одговорно однесување е наша обврска.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Радичевски: Од Брвеница до Челопек, општината им припаѓа на сите граѓани

„Една Брвеница за сите“ е визија за рамномерен развој, еднакви можности и почит кон секој човек, порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник, Стојанчо Радичевски, на завршниот митинг пред вториот круг од локалните избори. Обраќајќи им се на присутните, Радичевски истакна дека нивната сплотеност е порака оти Брвеница сака развој, напредок и подобри услови за живот, […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Најнови вести

To top