На прво место

“МАЛО СУТРА“ СТИГНА ДЕНЕС

slob

slobodan tomic 1Пишува Слободан ТОМИЌ

Конечно и овојпат како Нострaдамус, Заев ја предвиде ситуацијата во Македонија: Неговите опоненти нема да дојдат така лесно на власт, тоа ќе биде “Мало сутра!“ како што само тој знае на јавна сцена со лактот.

За жал, “Мало сутра“ стигна Денес. Триото Пендаровски, Џафери и Спасовски, експресно го кажаа судбоносното “Избори нема!“ Кога? Само Господ знае…

Ќе згреши секој ако го нападне престедателот на СДСМ, кој со искрен детски поглед и десна рака на левото срце, ќе каже дека вондрена состојба мора да има поради вирусот Корона, дека е време за вондредна состојба, не смее да се шверцува со ништо, ниту со житото и житните култури, не смее да се претерува со цените за производите што значат живот.

Демек, ќе се форсираат домашните производи од македонските фабрики. Дали со ова Заев јавно ги предложи своите прехранбени производи од семејните фабрики, со џоинт муабет и шмрк од медицинскиот канабис ќе покаже времето.

Само така, за Заев и неговата “северна“ тајфа, ние ќе бидеме среќна и здрава нација која нема да биде опфатена од смртоносната Корона, која како казна или искушение пристигна и влезе во нашата куќа Македонија.

Но, и покрај Короната, иако пред нас ги имаме грозоморни слики од хорор сцените и смртоносните крикови на семејставта што ги изгубија своите најмили во колосалната Кина, па во распеаната Италија, ние со сите четири сме во вис! Не, тоа не може нам да ни се случува, далеку сме од се’ ние. Смртта на другите им се случува, не нам во фамилијата…

Се разбира, и опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер, дадоа поддршка за национална стратегија, со сите капацитети од двете страни, за надминување на проблемите и можните опасности кои би биле погубни за државата.

Белким сеуште не е доцна за трезнење на заспаните центри во нивната глава за најтрезно да размислат и заедно да се здружат. Ама, и покрај се’ и после се’, се’ е по старо, од тоа што треба да биде – мало сутра.

Ко целата ујдурма со короната да беше мораториум врз изборите, да се одржат кога ќе се создадат услови.

Најдебелиот крај секако е за народот: нема маски, нема ракавици, нема дизинфекциски срества, нема скафандери за лекарите и другиот медицински персонал кои директно се справуваат со ваа пандемија. Со еден збор: трагикомедија, со позната колатерала.

Алкалоид која се претставува како најреферентна европска фармацеутска компанија, ниту една маска не пушта во аптеките, ги нема ни кај харизматичниот Зегин.

При мака се познаваат јунаците.

Сега на сите ќе им ги видите роговоите. Најбројни се лешинарите кои на маката на нацијата цените на производите на рафтовите ги зголемија фантастични десетици пати над нормалните цени. И повторно никој не реагира од власта на оваа агонија на нацијата крај да и’ стави…

Не зборуваме со дефетизам, туку напротив со аларм и љубов, тоа “мало сутра“ да биде сега и веднаш заедно да се сочува здравјето и пред се’ здравиот разум кај народот, и одговорноста кај власта заради мигот во кој е нацијата и државата. Никој не смее да ќари на народната мака во ова време невреме на светска пандемија!

Ова е општа алармантна состојба за сите во Македонија и од оваа состојба треба да се извадат итно, ама најитно, заклучоците: Да не се лекуваат и натаму суети и да се тргне настрана егото од црпките на раме, сите заедно и сплотено да се справиме со најголемиот монструм кој веројатно е решен да го проголта светот, зааедно со Македонија како точка на географскиот атлас и глобус.

Вондредната состојба треба да биде откровение на умот и ослободување на заробениот дух за единствена и благословена Македонија како што и самиот Господ Бог ја запиша во светата книга во 16 глава 9 стих.

Акција и одговорност од сите веднаш, затоа што “Мало сутра“ стигна денес!

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top